Средба на министерката Јаневска со Марјан Ѓуровски, претседател на Одборот за акредитација

На средбата се потенцираше дека е неопходно зајакнување на стандардите и капацитетите на високообразовните институции со посебен фокус на студиските програми и продуктот кои тие го креираат

За состојбите во високото образование, заложбите за интернационализација на македонскиот високообразовен систем и потребата од дигитализација на процесот на акредитација на високообразовните установи, денеска разговараа министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска и претседателот на Одборот за акредитација на високото образование, проф. д-р Марјан Ѓуровски.

На средбата се потенцираше дека е неопходно зајакнување на стандардите и капацитетите на високообразовните институции со посебен фокус на студиските програми и продуктот кои тие го креираат - дипломирани студенти за потребите на општеството и бизнис заедницата. Јаневска и Ѓуровски се согласни дека треба да се изградат и механизми за поддршка на развојот на високото образование во земјата од страна на бизнис заедницата.

Исто така, на средбата беше презентиран Полугодишниот извештај за работа на Одборот за акредитација на високото образование за периодот јануари – јуни 2024 година, а се посочи и дека во иднина ќе се интензивира соработката со институциите на ЕУ за квалитет и акредитација на високото образование.

Министерство за образование и наука

ВМРО-ДПМНЕ: Пајазит Пајазити треба да биде разрешен, тој дозволи Блерим Рамадани да избега

Пајазит Пајазити треба да биде разрешен, тој дозволи Блерим Рамадани да избега, се друго е фолклор за негов спас во режија на СДС и ДУИ.

Ако Пајазити не го ставешр во куќем притвор Рамадани, тој сега уште ќе беше во Шутка.

Пајазит Пајазити е извршител на СДС и ДУИ, историјата на неговите одлуки покажува дека е измеќар на опозицијата.

СДС и ДУИ се што прават е обид за дефокусирање на јавноста од нивниот измеќар Пајазити кој е еден од главните виновници зошто довербата на народот во судството е 2%.

СДС и ДУИ попусто се надеваат дека ќе дефокусираат. Одговорност за сите нивни криминалци, вклучително и Пајазити ќе има, се наведува во партиската реакција на ставовите на Богданка Кузеска од СДСМ.

СДСМ: Никој не се плаши од Тошковски, дури ниту криминалците по улиците

Смешни се Тошковски и Мицкоски кои велат дека министерот бил напаѓан од СДСМ заради тоа што СДСМ се плаши од него.

Од Тошковски не само што не се плаши СДСМ, туку не се плашат ниту криминалците по улиците. Затоа имаме секојдневни грабежи и убиства кои Тошковски не може да ги расчисти. Затоа имаме граница со Косово која е Хотел Промаја за криминалци кои се бараат со меѓународна потерница и се шетаат преку неа со поддршка на кадри поставени од Тошковски.

Тошковски за шест месеци има 8 убиства и обиди за убиства од кои има разрешено само едно. За шест месеци Тошковски ја претвори државата во Див Запад, а граѓаните се плашат за својата безбедност.

Македонија немала полош мнистер за внатрешни работи а тоа го потврдуваат бројките и општата нарушена безбедносна состојба во државата. За прв пат од независноста, МВР и еден министер немаат никаква контрола над северната граница која е препуштена да ја управуваат и злоупотребуваат партиски кадри на коалициските партнери на ВМРО-ДПМНЕ.

Затоа СДСМ го обвинува Тошковски, затоа што тој и неговата неспособност се закана за безбедноста на државата. Да има малку доблест веднаш ќе си поднесе оставка, се наведува во партиската реакција.

Светските цени на пченицата паднаа на најниско ниво од септември 2020 година

Цените на пченицата паднаа на најниско ниво од септември 2020 година, поточно на 5,20 долари за бушел (27,2 килограми) првенствено поради влијанието на можниот штрајк на железничарите во Канада и оптимистичките прогнози за производство во Украина.

Можноста за штрајк на железницата во Канада ги натера земјоделците однапред да ја продаваат својата пченица за да ги избегнат очекуваните проблеми со транспортот, а се очекува земјата да произведе околу 25,3 милиони тони во сезоната 2024/2025 година, пишува порталот „Трејдинг економикс“.

Американското Министерство за земјоделство (USDA) ги зголеми прогнозите за украинското производство на пченица за 10,8 отсто на 21,6 милиони тони, а очекуваниот пораст на понудата дополнително ја намали цената на пченицата.

Ситуацијата во Европа не е толку добра, а според прогнозите се очекува Франција да ја има најлошата жетва во последните повеќе од 40 години.

Француското производство на пченица може да падне на 25,2 милиони тони во сезоната 2024/25, што е за 27 отсто помалку од петгодишниот просек, објави неодамна аналитичката агенција Аргус.

Непрестајните дождови, недостатокот на сонце и ниските температури кои ги фаворизираат болестите влијаеја на приносите и квалитетот на културите во повеќето француски региони каде се одгледува пченица, пренесува Блумберг.

И покрај песимистичките изгледи во Франција и малку помалиот род во Русија, светските цени на пченицата на берзата во Чикаго се одржуваат на ниско ниво веќе долго време, бидејќи пазарот е добро снабден со пченица од Соединетите Американски Држави.

притисни ентер