Средба Азески-Заев во Стопанската комора на Македонија

За економската клима во земјава, во Стопанската комора на Македонија разговараат лидерот на СДСМ, Зоран Заев и првиот човек на комората Бранко Азески.. 

10 годишна развојна програма очекуваат бизнисмените од новата Влада. Тие денеска на иста маса со претседателот на социјалдемократскиот сојуз Зоран Заев ги претставија своите барања. Првиот човек на Стопанската комора, Бранко Азески вели дека стопанствениците очекуваат да не им бидат наметнати нови давачки се додека не станеме членка на ЕУ.

„Она што ќе му го соопштиме на средбата ќе биде во два дела. Првиот е дека очекуваме донесување национална развојна програма за 2020 – 2030 година во кој ќе бидат конципирани сите барања на бизнисот, а вториот, дека сакаме да видиме ситуација во која приближувањето кон ЕУ нема да носи нови обврски за компаниите додека не станеме членки “

Заев со својот тим од финансискиот и енергетскиот сектор ги слушнаа барањата на стопанството. Тој посочи дека нивните предлози ќе ги вметне во партиската предизборна економска кампања.

Со оваа средба Заев вели дека и официјално ги почнува разговорите со бизнис секторот. Во претстојниот период - вакви средби ќе има и со останатите комори.

Ер Франс, КЛМ, Луфтханза и Брисел Ерлајнс се меѓу 20-те авиокомпании под истрага од ЕУ

Авиокомпаниите мора да разјаснат до кој степен тврдењата дека емисиите на јаглерод диоксид предизвикани од летовите може да се надоместат со „зелени“ проекти или употребата на одржливи горива се засновани на цврсти научни докази.

Европските авиокомпании „Ер Франс“, „КЛМ“, „Луфтханза“ и „Брисел ерлајнс“ се меѓу 20-те авиокомпании што се под истрага од страна на Европската унија за потенцијално погрешни практики дека нивната активност е ориентирана кон заштита на животната средина.

Ова го соопштија дел од компаниите, потврдувајќи ја информацијата на белгиската телевизија РТБФ.

Авиокомпаниите мора да разјаснат до кој степен тврдењата дека емисиите на јаглерод диоксид предизвикани од летовите може да се надоместат со „зелени“ проекти или употребата на одржливи горива се засновани на цврсти научни докази.

„Ер Франс“ потврди дека добиле писмо од Европската комисија. Компанијата во моментов ја прегледува нејзината содржина и ќе ги испита дејствијата што треба да се преземат, изјави портпаролот на француската авиокомпанија.

Луфтханза во соопштението наведе дека и таа внимателно го разгледува случајот.

Портпаролот на КЛМ рече дека холандската компанија, дел од групацијата Ер Франс, исто така добила писмо од ЕК. /МИА

Приведени 14 државјани на Србија кои измамиле германски државјани за милион евра

Четиринаесет лица во Србија се приведени поради меѓународна измама преку „кол-центри“ во кои се оштетени неколку германски државјани за сума од околу еден милион евра, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи на Србија.

Како што се наведува во соопштението на МВР, на барање на Германија, припадници на полицијата и на Службата за борба против високотехнолошки криминал при Техничката управа учествувале во меѓународна полициска акција, а се однесува на измама извршена од меѓународно организирана криминална група.

При претрес на станови и други простории на 22 локации, од кои две се на територијата на Ниш и девет на територијата на Нови Пазар, пронајдени се доказни предмети./МИА

Црн лебед во грчката река Еврос

 Единицата за управување со Националните паркови во областа Еврос во североисточниот дел на Грција, додека спроведувала научно набљудување на делтата на реката Еврос наишла на ретка и невообичаена појава – црн лебед, јави дописничката на МИА

Црниот лебед воопшто не е својствен за Грција и затоа е непознато како воопшто се нашол во реката.

Најзастапен е во Австралија и Нов Зеланд, а живее во реки, големи езера, лагуни, а понекогаш и по должината на бреговите.

-Вработените во единицата за управување ги пречка пријатно изненадување бидејќи при научно набљудување на делтата на Еврос забележаа црн лебед, напишаа на Фејсбук од надлежните за Националниот парк објавувајќи фотографии од ретката појава.

притисни ентер