Србија со остри реакции на најавата дека Косово на Нова Година ги укинува граничните контроли со Албанија

Србија побара денеска од Европската Унија да реагира откако косовскиот премиер Рамуш Харадинај најави отворање на границата меѓу Косово и Албанија. 

,,Што ќе биде ако ние ги отвориме границите кон Република Српска ?” , остро реагираше шефот на канцеларијата за Косово и Метохија , Марко Ѓуриќ. Тој бара итно да реагира шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини , која е посредник во преговорите меѓу Приштина и Белград.

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај во текот на денов изјави дека од Нова Година ќе нема физичка бариера меѓу Косово и Албанија. Харадинај се повикал на договорот постигнат со албанскиот премиер Еди Рама.

Тој рекол дека и во рамките на Европската Унија не постојат физички граници меѓу земјите членки.

Ѓуриќ на овие најави одговори на прес конференцијата дека веќе има 28 изјави на албански функционери било од Косово или од Албанија , кои најавуваат припојување на нивната јужна територија кон Албанија , овој пат пропратени и со закани за војна.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер