Србија и Косово потпишаа договор за автопат , на Вучиќ не му беше лесно

Претставниците на Србија и на Косово денеска во Минхен потпишаа договор за намера за обнова на железничкиот сообраќај меѓу двете земји и за завршување на автопатот меѓу Белград и Приштина.

На потпишувањето на договорот, што се случи на маргините на Минхенската конференција за безбедност, присуствуваа американскиот специјален претставник за преговорите меѓу Србија и Косово, Ричард Гренел, и српскиот и косовскиот претседател Александар Вучиќ и Хашим Тачи.

Официјални американски извори соопштија во првичните реакции дека двата нови договори од двете страни претставуваат „историски напредок“ во економскиот развој.

„Договоривме начин да се отворат железниците и автопатите“, рече Гренел по потпишувањето на договорот.

„Се обидувам да се фокусирам што е можно повеќе на економскиот развој, создавање работни места и морам да кажам дека и двајцата претседатели се согласуваат дека треба да тоа да биде во фокусот. Благодарен сум што успеавме да стигнеме до оваа точка“, рече Гренел.

Денешните договори се потпишуваат откако на 20 јануари беше потпишан договор за воспоставување воздушен сообраќај меѓу двата најголема града, по 21-годишен прекин, под покровителство на американскиот специјален претставник на претседателот на САД, Доналд Трамп, за преговорите меѓу Србија и Косово.

Српскиот претседател Вучиќ рече дека преговорите со Приштина „не биле лесни“, велејќи дека потпишаниот договор е „од големо значење“. Потпишувањето на договорот покажува чекор напред, рече Вучиќ, изјавувајќи дека „тој смета дека ова ќе обезбеди подобра иднина и мир во наредните децении“. Според него, воспоставувањето железнички врски и автопат ќе биде од голема помош за Србите на Косово, но исто така и голема придобивка за Србија како целина.

Косовскиот претседател Тачи во врска со ова рече дека тоа е уште еден важен чекор, оценувајќи ги договорите како „голем чекор кон конечен мировен договор“.

„Веруваме дека е можно да се постигне конечен мировен договор меѓу Косово и Србија подоцна оваа година“, рече Тачи, оценувајќи го денешниот договор за железници и автопатишта „како најдобра порака дека ќе има мир, економски развој и работни места во регионот, не само во Косово и Србија, туку и во целиот Западен Балкан “.

Двајцата претседатели им се заблагодарија на американската администрација и на американскиот амбасадор Ричард Гренел, за нивното посредување во постигнувањето на овие договори.

Доцнењето на дијалогот меѓу Србија и Косово трае повеќе од една и пол година, а клучна причина беше воведување на 100% повисока царина за стоки од Србија (и БиХ), а тоа беше одмазда на владата во Приштина за кампањата на Србија да го повлече признавањето на независноста на Косово и да го спречи приемот на Косово во Интерпол и УНЕСКО.

Ужас во Аризона: Татко си ги пронашол двете тригодишни близначки удавени во базен

Полицијата ги објави имињата на близначките кои трагично загинаа откако нивниот татко ги извлекол нивните безживотни тела од базенот во дворот.

Тригодишните девојчиња, Валентина и Пеналапи Руиз, починале во четвртокот во болница во Феникс, Аризона, соопштија официјални лица, пишува Daily Mail..

„Прелиминарните информации сугерираат дека дошло до случајно давење“, соопшти вчера полицијата.

„Во овој момент, нема ништо што откриле иследниците што изгледа сомнително“, рече пожарникарот на Феникс, Роб Мекдејд, за таткото на близнаците кој се јавил на 911.

Мекдејд додаде дека децата биле под вода „неодредено време“ пред да пристигне помошта околу 15:30 часот во четвртокот.

Девојчињата биле итно пренесени во блиската болница каде што биле прогласени за мртви, соопштија официјални лица.

Воздушните снимки од домот покажале базен во облик на бубрег што немал ограда околу него.

Расте бројот на жртвите во поплавите во Бразил- најмалку 57 загинати, 67 исчезнати (ВИДЕО)

Бројот на загинати од поројниот дожд во јужната бразилска држава Рио Гранде до Сул се искачи на 57, соопштија локалните власти, додека десетици се уште не се пронајдени, пренесува Ројтерс.

Цивилната заштита на Рио Гранде до Сул соопшти дека 67 лица се уште се водат како исчезнати, додека повеќе од 32.000 луѓе се раселени поради невремето, кое зафати речиси две третини од 497-те градови во државата, која граничи со Уругвај и Аргентина.

Поплавите уништија патишта и мостови во повеќе региони во земјата. Невремето предизвика и лизгање на земјиштето и делумно уривање на брана во мала хидроцентрала. Друга брана во градот Бенто Гонкалвес исто така е во опасност од уривање, соопштија властите.

Во Порто Алегре, главниот град на Рио Гранде до Сул, езерото Гуаиба се излеа, поплавувајќи ги улиците. Меѓународниот аеродром во Порто Алегре ги укина сите летови на неодредено време.

Во следните 36 часа се очекуваат врнежи од дожд во северните и североисточните предели на државата, но количината на врнежи се намалува и би требало да биде далеку под врвот забележан претходно оваа недела, соопшти државната метеоролошка служба.

Сепак, „нивото на водата во реките треба да остане високо неколку дена“, изјави денеска гувернерот Едуардо Леите во видеото на неговите социјални мрежи, додавајќи дека е тешко да се каже колку долго.

Рио Гранде до Сул се наоѓа на географската точка меѓу тропската и поларната атмосфера, што создава метеоролошка шема со периоди на интензивен дожд и други со суша.

Локалните научници веруваат дека оваа шема се интензивира поради климатските промени.

Обилните дождови веќе го погодија Рио Гранде до Сул во септември минатата година, кога екстратропски циклон предизвика поплави во кои загинаа повеќе од 50 луѓе. Ова се случи по повеќе од две години постојана суша поради феноменот Ла Ниња, со само слаби дождови.

Најбогатата актерка на светот има 3 милијарди долари, но ретко кој ја знае (ВИДЕО)

Кога ќе помислите на најбогатите актерки во светот, веројатно ви паѓаат на ум познати имиња како Џулија Робертс, Сандра Булок, Анџелина Џоли или Џенифер Анистон, но големи се шансите никогаш да не сте го чуле името на најбогатата актерка на светот.

Имено, оваа титула ѝ припаѓа на американската актерка Џејми Герц, чие богатство се проценува на 3,2 милијарди долари. Ако се прашувате која е, не сте единствените затоа што изгледа дека луѓето не можат да се сетат на неа.

58-годишната ѕвезда ја започнала својата кариера во 1981 година со улога во „Бескрајна љубов“ и оттогаш се појавила во голем број филмови, вклучувајќи ги „Изгубените момчиња“, „Твистер“, „Крстопат“, „Помалку од нула“, „Квиксилвер“ и „Шеснаесет свеќи“.

Покрај тоа, таа се појави во хит сериите Seinfeld, The Neighbors, Modern Family и This is Us, а неодамна глумеше во филмот „I Want You Back“ од 2022 година, но таа ретко се појавува на екранот.

Сепак, нејзиното богатство не се должи само на нејзината актерска кариера. Актерката е во брак со милијардерот и инвеститор Тони Реслер, со кого е косопственик на НБА тимот Атланта Хокс. Имаат четири деца, а интересно, кога се венчале во 80-тите, Џејми била хранителка бидејќи компанијата на нејзиниот сопруг пропаднала, но тој подоцна се опоравил и заработил милијарди.

Инаку, официјално најбогатата актерка на светот е холивудската ѕвезда Дина Мерил, чие богатство се проценува на 5 милијарди долари. Мерил починала во 2017 година, со што Џејми сега стана најбогатата жива актерка на светот.

притисни ентер