Европската фудбалска унија објави дека за финалниот меч на Лигата на шампионите на навивачите на двата клуба ќе им бидат достапни само нешто повеќе од половината од капацитетот на стадионот на кој ќе се игра натпреварот на 1 јуни.
Стадионот на Атлетико , Ванда Метрополитано собира 63 000 гледачи , а двајцата финалисти ќе добијат само по 17 000 билети за продажба на своите навивачи .
Тоа значи дека оние ,,за кои се игра фудбалот” , ќе имаат на располагање 34 000 влезници од вкупниот број , 63 000.
Од другите влезници , само 4 000 ќе одат во слободна продажба , додека дури 25 500 ќе бидат поделени за организацискиот одбор на УЕФА, за националните сојузи , спонзорите и носителите на медиумски права.