Според тајните документи на ФБИ вистинскиот Тито исчезнал во 1937 година – Југославија ја водел руски генерал?!

Маријан Џон Маркул, на 20 април 1955 година во седиштето на ФБИ во Лос Анџелес ја раскажал приказната дека човекот кој што се претставувал како Јосип Броз Тито всушност не е Тито, туку руски агент кој што го презел неговиот идентитет, откако вистинскиот Јосип Броз исчезнал во Русија во 1937 година.

Тајните документи на ФБИ од педесеттите од неодамна се достапни за јавноста и се јавно објавени.

Во извештајот на Маријан Маркул стои дека не е сигурно колку овие информации се точни, но се наведува дека тој е социјалист и дека сака да понуди информации кои би биле важни за САД.

Во документот од состанокот на агентите од ФБИ со Маркул стои дека тој ја посетил Југославија во 1953 година и во два наврати се сретнал со Тито.

Првиот состанок траел околу 1 час и во таа прилика забележал дека маршалот Тито има по пет прсти на секоја рака, а Маркул тврдел дека вистинскиот Тито ги загубил показалецот и средниот прст на левата рака.

Според него човекот кој се претставувал како Тито во 1953 година бил образован и одлично свирел клавир, а од друга страна вистинскиот Тито бил необразован и колку што му било познато на Маркул не знаел да свири клавир.

Меѓу останатото, Маркул тврди дека Јосип Броз бил висок околу 180 сантиметри, додека „лажниот“ Тито бил висок само 160 сантиметри.

Според Маркул, човекот кој што се претставувал како Тито зборувал со руски акцент и смирено, додека вистинскиот Тито зборувал остро.
Маркул додал дека Тито често се разболувал и имал туберкулоза и исчезнал во Русија во 1937 година.

Во извештајот додал дека на крајот на дваесеттите години на минатиот век, разговарал со вистинскиот Тито во Југославија, а се сретнал со него и во Париз во 1935 и во 1936 година и додал дека е цврсто убеден во неговиот идентитет.

По приемот кај Маршалот во 1953 година, Маријан ја посетил неговата сестра, која што била мажена во Загреб и со неа разговарале за тоа дали Тито е „вистинскиот“, по што и двајцата се согласиле дека не е.

Неговата сестра изјавила дека таа и нејзиниот маж веруваат оти Тито кој што ја води Југославија е измамник. Нејзиниот сопруг, извесен Борис Гориќ потврдил дека и тој не е сигурен во идентитетот на Тито и оти за тоа се шпекулира низ целата држава.

Во извештајот се наведува дека сестрата на Маркул и нејзиниот сопруг започнале да се сомневаат во неговиот идентитет уште во 1937 година кога на радио забележале дека Тито зборува со друг акцент.

Маркул тврди дека и неговиот татко Иван го познавал вистинскиот Тито и дека и тој не верувал во идентитетот на Маршалот.

Иван Маркул и Јосип Броз заедно работеле во ист град, а Иван бил уверен дека маршалот во Белград не е истиот Тито, кој бил секретар на комунистичката партија во Југославија.

Вториот состанок со Тито во 1953 година, Маркул го имал во Загреб.

Овој пат Маријан и неговата сопруга Ингрид, маршалот во потполност ги игнорирал.

По приемот, Маркул разговарал со Александар Ранковиќ, за кој што тврди дека бил најмоќниот човек во Југославија.

Ранковиќ и Маркул наводно заедно биле во затвор кон крајот на дваесеттите години од минатиот век поради синдикално организирање и во тоа време доста се зближиле.

Поради тоа Маркул на Ранковиќ отворено му рекол дека човекот кој се претставува како Тито во соседната соба е лажен.

Според Маркул, Раноквиќ бил главен човек задолжен за безбедноста во Југославија и во меѓусебниот разговор Ранковиќ му рекол да не се преокупира со такви работи и да ужива во престојот во Југославија.

Маркул на агентите на ФБИ им раскажал дека според неговото мислење, југословенските власти во тајност соработувале со Советскиот сојуз.

Тој изразил и уверување дека доколку советските власти посакувале лесно би можеле да го ликвидираат Јосип Броз и додал оти сите негови изјави може да ги потврди извесен Живко Топаловиќ од Франција.

Живко Топаловиќ, како што изјавил Маркул добро го познавал вистинскиот Тито, а југословенските власти го осудиле на 20 години затвор, па поради тоа избегал во Франција.

Топаловиќ верувал дека личноста која што се претставува како Тито е всушност рускиот генерал Николај Лебедев.

Маркул заклучува дека југословенската влада глумела дека не е во добри односи со Советскиот сојуз за да добие помош од САД и оти никогаш не дошло до разидување помеѓу тие две држави.

Тој ги обвинувал југословенските власти за соработка со Советскиот сојуз и рекол дека во рок од четири или пет месеци тоа на сите ќе им стане јасно.

Маркул додал дека поминал неколку години во Русија и мисли дека има многу руски агенти низ улиците на Југославија.

Во 1930 година отишол во Русија и мислел дека општеството е добро уредено, но бил уапсен бидејќи не ги исполнувал работните обврски, а на американските агенти им раскажал оти избегал три години подоцна преку Сибир.

Крмов: Левица се залага за задолжителни домашни полици во маркети и колонијални продавници

На средбите со граѓаните на Берово, пратеникот од Левица и Носител на листа во ИЕ3, Борислав Крмов, обраќајќи се кон земјоделските произведители, истакна дел од мерките предвидени во изборната програма на Левица.

,,Приоритет ни е укинувањето на забраната за продавање на зелени пазари за сите ,пазарџии' со минимални примања. Секој има право да го продава на пазар она што самиот го произвел со свој труд!", потенцираше Крмов.

,,Левица се залага за воведување на задолжителни домашни полици во сите маркети и колонијални продавници (гранапи), каде што ќе бидат изложени само наши македонски производи, видно одделени од останатата увозна стока", дадава Крмов.

Имајќи ги предвид туристичките капацитети на Берово и природните ресурси за зајакнување на туристичката понуда на недопрената природа во беровскиот регион, Крмов ги потенцираше мерките и проектите од програмата на Левица што на беровчани ќе им донесат поголеми можности за туристичко - економски развој.

,,Во делот на туризмот, Левица се залага за изработка на петгодишна Национална стратегија за поддршка и стратешки развој на македонскиот туризам, со вложување во локална инфраструктура (промоција, пристап, ресторани, сувенирници, организирани посети и тури и сл.). Понатаму - брендирање на името ,Македонија' и промоција на нашата гостопримливост во странски туристички списанија - со организирани роуд-шоуа за големи светски и европски туроператори низ повеќе предели од Македонија, меѓу кои и Берово", вели Крмов.

Според Крмов, Левица има предвидено и стимулации на неколку туристички гранки од национално значење: т.н. зелен, одржлив, т.е. алтернативен еко-туризам (селски / рурален / манастирски), бањски туризам (велнес и спа-центри) и др.

,,Се залагаме за развој на вински и гастрономски туризам преку промоција на традиционалната македонска кујна. Левица се залага и за зголемување на туристичката такса на минимум 1,5 евро, која во моментот е далеку најниска во однос на земјите од регионот (пр. во Македонија таа изнесува само 40 денари; во Србија = 1,53 ЕУР; во Хрватска = 1.59 ЕУР; во Словенија = 3 ЕУР), како наменско користење на средствата од оваа такса исклучиво за развој на туризмот", истакнува пратеникот и Носител на ИЕ3, Борислав Крмов.

Ова се само мал дел од над 1000 мерки и проекти од најважните сфери на општественото живеење предвидени во Изборната програма на Левица.

Нема напредок во разговорите меѓу Хамас и Израел со посредниците во Каиро

„Со договорот мора да се стави крај на војната и Израел да биде протеран од Појасот Газа, но Израел сè уште не се обврза дека ќе биде подготвен да го стори тоа“, рече  палестинскиот претставник.

Водачите на палестинската милитантна група Хамас не успеаја да постигнат напредок на вториот ден од разговорите во Каиро со посредниците од Египет и Катар за примирје со Израел и остануваат на барањето секој договор да вклучува крај на војната во Појасот Газа, соопштија палестинските власти.

Неименуван палестински функционер запознаен со разговорите изјави дека делегација на Хамас пристигнала во Каиро со намера да постигне договор, „но не по секоја цена“.

„Со договорот мора да се стави крај на војната и Израел да биде протеран од Појасот Газа, но Израел сè уште не се обврза дека ќе биде подготвен да го стори тоа“, рече палестинскиот претставник.

Израел сака договор што ќе ослободи барем некои од околу 130-те заложници кои сè уште ги држи Хамас, но израелски официјален претставник вчера истакна дека основната позиција не е променета и дека Израел „под никакви околности“ нема да се согласи на договор за ставање крај на борбите кои ги води со цел да се разоружа и трајно да се уништи Хамас.

Друг палестински функционер потврди дека разговорите се „пред предизвик затоа што Израел одбива да се обврзе на сеопфатно примирје“, но додаде дека делегацијата на Хамас сè уште е во Каиро со надеж дека посредниците би можеле да извршат притисок врз израелската страна да ја промени својата позиција.

Четири деца тешко повредени откако паднале од покрив на спортска сала во Штутгард

Четири деца на возраст од 13 години се тешко повредени кога за време на игра паднале од покрив на спортска сала во германскиот град Штутгарт, соопшти полицијата.

Полицијата навела дека децата паднале од висина од седум метри од покривот на спортската сала во Ремшалден во Штутгарт и дека со спасувачки хеликоптер биле пренесени во болница, пренесе „Шпигел“.

Полицијата истражува зошто и како се искачиле децата на покривот.

Во спасувачката акција биле вклучени три хеликоптери, две полициски патроли, 40 пожарникари на седум возила и 13 возила на Итна помош.

притисни ентер