Спасовски во Љуботенски пат: Само политичари кои се грижат за сите може да и донесат добро на оваа држава, ние носиме развојна економија за сите

Носителот на листа во ИЕ 2, Оливер Спасовски на средбите со жители во Љуботенски пат, општина Бутел, најави дека со новата развојна економија продолжува враќањето на парите кон граѓаните, наспроти намерата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да го вратат режимот

Ние се фокусиравме и на рамномерен регионален развој, за да ни се развиваат селата подеднакво како и градовите, со цел силен локален економски развој.

„Само во општината Бутел реализиравме 25 проекти во патната инфраструктура, 3 проекти за водовод и канализација, 8 проекти во образованието, 3 проекти во градинки: адаптација, изградба, доградба, 3 проекти за рамномерен регионален развој. За изградба и реконструкција на водоводна и канализациона мрежа, само во општините во ИЕ 2 вложивме 814 милиони 441 илјада 489 денари. Се грижиме за сите и можеме уште повеќе и уште подобро", рече Спасовски.

Тој посочи дека ние сме ориентирани кон евроатланските интеграции што носи сигурност и кон капитални инвестиции и вложување во инфраструктурата бидејќи тоа носи повисоки плати и нови работни места за сите, а не мермерот и бронзата за што беа злоупотребени граѓански пари за белите дворци на режимот.

Новата развојна економија што ја најавуваме е реалност и отвора шанси за сите. Една стратешка цел целосно реализиравме - членството во НАТО. Втората стратешка цел е отпочната – одлука за почеток на преговорите со ЕУ. Интеграциите донесоа повеќе пари на државата, 660 милиони евра само странски инвестиции и ќе донесат уште повеќе, кога ќе се отворат за нас европските фондови. Во следните 4 години, до 2024 година, ќе отвориме 80 проценти од поглавјата за интеграција во Европската унија. Тоа ќе значи 2.5 милијарди евра од европските фондови, за нашата држава, за инфраструктура, за земјоделство.

Нашата цел е брза развојна економија и раст на платите во следните 4 години: до 20.000 денари минималната плата, до 34.000 денари просечната плата, повисоки пензии и грантови до 15 илјади евра за младите и за жените, за отворање сопствена фирма.

„Само политичари кои се грижат за сите може да и донесат добро на оваа држава, гласајте за број 3 на изборите на 15 јули", порача Спасовски, се наведува во соопштението на СДСМ.

„Гответе со Дракче“ - Пастрмка со ориз

Во понеделник  (13.05.2024) во емисијата гостин ни беше Александра Пановска Илиевска

Состојки за денешниот рецепт:

1 свежа пастрмка

500 гр. ориз

2 лажици путер

малку лук во гранули

малку оригано

малку сол и зачини по вкус

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Ал-Итихад сака да го ангажира Тер Штеген

 Ал-Итихад е заинтересиран за трансфер на голманот на Барселона, Марк-Андре тер Штеген, пренесува Мундо Депортиво.

Според шпанскиот спортски портал, клубот од Саудиска Арабија има намера да го придобие германскиот голман на крајот од актуелната сезона. Спортскиот директор на Ал-Итихад Рамон Планес, кој претходно работеше во Барселона, верува дека Тер Штеген добро ќе се вклопи во тимот од Џеда.

Во август, 32-годишниот фудбалер потпиша нов договор со Барселона, кој трае до јуни 2028 година.

Тер Штеген игра за „Блауграна“ од 2014 година. Сезонава одигра 32 натпревари за Барселона во сите натпреварувања, прими 36 гола и ја зачува 14 пати мрежата „чиста“.

Во Нова Каледонија аеродромот е затворен поради протести и воведен е полициски час

„Повеќето од инцидентите се во северните делови на градот“, рече Ле Фран и апелираше да се смири ситуацијата.

Властите на Нова Каледонија денеска упатија повик за смирување на тензиите по немирите кои избија во главниот град Нумеа поради дискусијата за уставните измени во Собранието во Париз, кои ги осудуваат сепаратистите на оваа француска прекуморска територија.

Луис Ле Фран, високиот комесар на Париз на територијата на Пацификот, рече дека демонстрантите впериле оружје од голем калибар и ловечки пушки кон жандармите. Тој додаде дека нема жртви.

„Повеќето од инцидентите се во северните делови на градот“, рече Ле Фран и апелираше да се смири ситуацијата.

Властите на Нова Каледонија објавија дека наставата во училиштата е прекината и дека меѓународниот аеродром е затворен. Немири избија вчера за време на демонстрациите против предлогот што го разгледуваат пратениците во Париз, а кој има за цел да го прошири електоратот за локалните избори.

притисни ентер