Спасовски: Се надевам дека ќе преовладува разумот

Претседателот на техничката  Владата  Оливер Спасовски кој денеска беше во посета на индустриската зона „Визбегово“, рече дека очекува оти нема да има одложување на изборите поради Законот за Јавно обвинителство.

Тој очекува да преовладова разумот.

Вчера претседателот на СДСМ Зоран Заев рече дека -Ако не се изгласа Законот за Јавно обвинителство, собранието нема да се распушти. Тој не го доведува во прашање одржувањето на предвремените избори на 12-ти април, но смета дека може да се распишат подоцна. За ВМРО-ДПМНЕ Заев прави нов обид да избега од избори и од одговорност. Лидерот на партија Христијан Мицкоски го повтори партискиот став дека законот треба да го подготват експерти, наместо политичари. Во меѓувреме власта влегува во преговори со помалите партии за да обезбеди мнозинство за гласање на законот.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер