Спасовски: Наша битка е да се избориме против криминалот и корупцијата

Клучната борба е како да го консолидираме овој наш систем, реформите, пред се неселективната борба против криминалот и корупцијата. 

Македонија треба да го гради системот под надзор на ЕУ, потребно е да ги зајакнеме институциите за граѓаните да имаат верба во нив, за тие да функционираат, рече денеска министерот за внатрешни работи и потпретседател на СДСМ, Оливер Спасовски на трибината на Демократскиот сојуз насловена „Македонија на крстопат".

Според него, за она што ни се случува со младите денес, клучна причина не е економската ситуација.

– Од државата најмногу заминуват реализирани луѓе, луѓе кои можат да имаат перспектива и тука и надвор. Тие препознаават дека системот не ги препознава интересите на граѓаните. Наша битка е да се избориме против криминалот и корупцијата. Сите наши активности мора да бидат насочени кон оваа цел во иднина, што ќе има силен импакт во смисла на интеграциите на државата и кон силна консолидација на системот, рече Спасовски.

Спасовски посочи дека членството во НАТО е се поизвесно и оти тоа ќе ги отвори перспективите за натамошниот развој на државата.

– Еден друг елемент кој не разочара е неносење на одлука за почеток на преговорите со ЕУ. Колку и да е големо разочарувањето едно треба да е јасно и сатисфакција за сите нас – тој почеток на преговорите ќе се случи без разлика на сите трубуленции. Факт е дека земјава ја поддржуваат сите членки на ЕУ, исклучиво Франција беше против во однос на почетокот на преговорите и тоа не само заради нас, туку и односите во ЕУ и тоа ја потврдува тезата на дебатава денес – „Македонија на крстопат".

Како што рече Спасовски, „оваа наша држава" ништо не добила на подарок од смаостојноста до денес, туку за се требала макотрпно да работи, но тоа не ја обесхрабрува Владата да продолжи по патот кој нема алтернатива.

– За нас не постои алтернатива. Едно е да говорите пред јавноста за добивање политички поени друго да говорите надвор. На овој народ му треба искрен пристап. За она што е добро, да се каже дека е направено добро, а за она што е лошо, да се каже дека е лошо, рече Спасовски на трибината, на која говореше и претседателот на ДС, Павле Трајанов.

Ердоган: Споровите околу изворите на вода предизвикуваат конфликти низ светот

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека поради негативните ефекти од климатските промени, изворите на вода и резервоарите стануваат подрачја на конфликти ширум светот.

„Многу конфликти во Азија, Америка, Северна Африка и Блискиот Исток произлегуваат од споровите околу изворите на вода. Поради негативните ефекти од климатските промени, изворите на вода и резервоарите стануваат подрачја на конфликти“, рече Ердоган на собирот посветен на земјоделството организиран од турската државна банка Зират во Истанбул.

За договорот за црноморското жито од 2022 година, со посредство на Турција и ОН меѓу Русија и Украина, Ердоган оцени дека, да не беше договорот во кој посредуваше Турција, „многу подрачја ќе се соочија со глад, особено африканските земји. .

Тој нагласи дека Турција, сред пандемијата „Ковид-19“ и војната во Украина, „го спречи влошувањето на ситуацијата обезбедувајќи минување на 33 милиони тони жито“ низ нејзиниот теснец./МИА

Десетици загинати и ранети во нападот на израелските сили врз Џабалија и Рафа

Израелски војници и тенкови денеска влегоа во северните делови на Појасот Газа кои ги заобиколуваа повеќе од седум месеци, убивајќи и ранувајќи десетици Палестинци, соопштија медицински претставници и жители.

Израелските сили, исто така, зазедоа дел од теренот во Рафа, јужен град во близина на египетската граница, кој е преполн со раселени луѓе.

Израелската војска соопшти дека нејзините сили продолжиле да дејствуваат во областите низ Појасот Газа, вклучително и Џабалија и Рафа, спроведувајќи, како што ИДФ ги нарече, „прецизни операции против терористите и инфраструктурата“.

„ИАФ (Воздухопловните сили) продолжуваат да дејствуваат во Појасот Газа и нападнаа над 70 терористички цели во текот на изминатиот ден, вклучително складишта за оружје, локации во воената инфраструктура, терористи кои претставуваа закана за војниците на ИДФ и воените комплекси“, се наведува во соопштението на израелската армија./МИА

Стара експлозивна направа пронајдена во двор во делчевското село Вирче

Во делчевското село Вирче пронајдена е стара неексплодирана граната. Случајот е пријавен од жител на селото кој експлозивната направа ја пронашол во својот двор. 

-Во Пoлициската станица Делчево, А.М.(60) од с.Вирче, делчевско, на 17.05.2024 во 19.50 часот пријавил дека при извршување градежни работи во неговиот двор пронашол една стара неексплодирана граната, се вели во информацијата од делчевската полиција.

Гранатата по извршениот увид била подигната од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување.

притисни ентер