Спасовски изработил 1.750 решенија во декември пред заминувањето од МВР, тврди Чулев

Од почетокот на декември до 25 – ти истиот месец во 2019 година донесени се 1.050 решенија, додека во последната седмица донесени се и изработени 1.198 решенија, некои за распоредување на пониски работни места, други за унапредување. 

Сето тоа се случувало, пред самото заминување на претходниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, без притоа да се почитува Законот за вантрешни работи и утврдениот систем за кариера.

За оваа состојба во МВР денеска на прес-конференција информираше министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, кој потенцира дека со цел да се утврди фактичката состојба формирана е комисија, во која членувале претставници и на репрезентативниот и на независниот полициски синдикат. Комисијата ја разгледувала состојбата во периодот од 1 декември 2019 година заклучно со 3 јануари 2020 година, при што биле прегледани 1.750 решенија. Во изготвениот детален извештај комисијата констатирала дека во повеќе од 100 предмети се забележани отстапувања од доследна примена на Законот за внатрешни работи, колективниот договор и правилникот за начинот на спроведување на селекција при распоредување, како и унапредување и начинот на остварување на системот на кариера на работниците во МВР. Било утврдено и дека постојат поголем број решенија изготвени во периодот кога работниците биле отсутни од своите работни места, биле на боледување, платено или неплатено отсуство.

– Цели четири милиони евра минатата година се одлеале од касата на МВР како резултат на судски постапки кои вработени ги воделе против МВР, најчесто поради неисплатени прекуивремени часови, бонус плати, незкоански прераспоредувања и незаконски откази, изјави Чулев.

Според него, одговорноста за, како што наведе, ваквиот хаос, е во Оливер Спасовски и неговото политичко раководење со МВР.

– Со партиски и политички одлуки мојот претходник се обидел да го прегази достоинството и угледот на полицајците, рече Чулев и апелираше до професионалците и до оние кои работата си ја работат чесно и одговорно, дека заврши времето на притисоци, закани, делење решенија и откази по партски и политички заслуги.

Министерот Чулев најави дека ќе се преземаат активности за отстранување на незаконитостите за секое решение поединечно.

Тој изрази загриженост затоа што бил злоупотребуван и институтот „наредба" за распоредување на работни места, кој може да согласно законските одредби да трае најмногу 30 дена, а во некои случаи било применувано и подолго од една година.

Меѓу другото информира дека се изготвени решенија за распоредување во МВР на 130 лица од претходната УБК, кои не биле преземени од Агенцијата за национална безбедност, а примале плата на работно место во непостоечки правен субјект УБК.

На прашањето за набавката на обрасци за лични документи, министерот Чулев информира дека се води постапка во внатрешна контрола на МВР и посочи дека се соочил и со проблемот со недостаток на обрасци за лични карти за што се чекало од 26 декември до 17 јануари за издавање на личните карти.

Информира дека имало недостаток и на возачки дозволи и се уште не е пристигната новата пратка, а се очекува да пристигне крајот на овој месец. Има недостаток и на образец А за пасоши, подвлече министерот Чулев, за што веднаш бил алармиран за овој проблем, испратил писмо до претседателот на германската компанија што е надлежна за дистрибуција и производство на овие лични документи до МВР.

Обрасци за патни исправи има до средината на февруари, подвлече Чулев, како резултат на лошата анализа што била направена, но обрасците за патните исправи треба да стигнат крајот на март.

– Во анализите не е предвидено дека ќе има во овој период побарувачка на лични документи од неколку причини. Прво имаме избори, второ истекот на 10 години на документите и трето за издавање лекови согласно регулативата не може да добиете лек без идентификација со личен доклумент, појасни министерот Чулев.

Анкета на ИРИ: Западен Балкан го губи трпението поради чекање за влез во ЕУ

Анкетата покажа дека 39 отсто од Босанците, 36 отсто од Црногорците и 31 отсто од Македонците поддржуваат недвосмислено прозападен курс.

Земјите од Западен Балкан се строго поделени меѓу Западот и Русија, а некогаш силната поддршка за пристапување во Европската Унија сега се намалува, покажува неодамнешната анкета на Меѓународниот републикански институт (ИРИ), пренесува Гласот на Америка на македонски јазик.

Резултатите од анкетата февруари-март, која истражувачката група со седиште во Вашингтон ја спроведе во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Македонија и Србија, доаѓаат во време кога регионот се соочува со обновени етнички тензии во услови на забавување на проширувањето на ЕУ и пораст на проруски чувства.

Анкетата покажа дека огромно мнозинство во Албанија и Косово сакаат нивните земји да следат недвосмислено проевропска унија и прозападен курс, додека само 10 отсто од испитаниците во Србија го дале истиот одговор.

Мнозинството од анкетираните Срби посочија дека сакаат Србија или да ги задржи врските со Русија или да води проруска надворешна политика.

Анкетата покажа дека 39 отсто од Босанците, 36 отсто од Црногорците и 31 отсто од Македонците поддржуваат недвосмислено прозападен курс.

„Генерално, прозападниот тренд во регионот е силен, со неколку забележителни исклучоци“, изјави Пол Мекарти, директор на Меѓународниот републикански институт за Европа, за Гласот на Америка.

„Србија оди спротивно од другите пет земји во регионот; таа е повеќе проруска, го обвинува Западот за конфликтот во Украина, има многу низок рејтинг за приклучување кон Европската Унија“.

Мекарти рече дека прозападните тенденции се омекнати и во Црна Гора и Македонија, и покрај тоа што станаа членки на НАТО, како и во Босна, каде Турција ги замени САД како клучен сојузник на босанските муслимани.

И Србите се против членството во НАТО: само 3 отсто од испитаниците во Србија рекоа дека го поддржуваат.

„Луѓето го губат трпението со чекањето за влез во Европската Унија. Дел од ова се објаснува и со фактот дека Украина е поканета и други земји, додека во повеќето случаи земјите од Западен Балкан чекаат повеќе од две децении во редот за влез во Европската Унија“, рече Мекарти.

„Поддршката за пристапувањето во ЕУ почнува да омекнува во оние земји каде што беше многу, многу силна“.

Сепак, анкетата на ИРИ покажа дека, со исклучок на Србија, големо мнозинство во петте балкански земји сепак ќе гласаат за пристапување во ЕУ.

Во Србија, 40 отсто од испитаниците во анкетата рекле дека ќе гласаат за членство во ЕУ, додека 34 отсто би гласале против, а 17 отсто нема да гласаат.

Мекарти рече дека анти-ЕУ ставот во Србија ја поттикнува нејзината влада, која ги користи медиумите за да ги охрабри луѓето да ги напуштат надежите за членство во ЕУ и „да ги нагласи односите со странските авторитарни актери како Русија и Кина“.

Геополитичките поделби на Западен Балкан беа очигледни и во анкетата за ставовите на испитаниците кон руската инвазија на Украина.

Анкетата покажа дека 43 отсто од Србите, 27 отсто од Македонците и 25 отсто од Црногорците го обвинуваат Западот за војната меѓу Русија и Украина.

Мнозинството од испитаниците во Албанија, Косово, Црна Гора и Македонија рекоа дека акциите на Русија во Украина се „донекаде“ или „целосно“ неоправдани, став што го делат 37 отсто од испитаниците во Србија.

Кој се смета за сојузник, а кој за непријател?

Долгогодишните несогласувања и етнички спорови продолжуваат да фрлаат сенка врз Западен Балкан повеќе од три децении откако распадот на Југославија доведе до крвави војни.

Осумдесет и три отсто од Косовците ја гледаат Србија, која ја отфрла независноста на Косово, како закана, додека 68 отсто од Албанците во Албанија ги сметаат Србија и Русија како главна опасност за нивната земја.

Мнозинството во Косово и Албанија ги гледаат САД, кои се заслужни за водењето на 78-дневната интервенција на НАТО во 1998-1999 година за да се запре етничкото чистење на Србија на албанското мнозинство во Косово, како клучен сојузник на нивните земји.

Во Босна, Турција се смета за најголем сојузник, а Србија како најголема закана, додека 34 отсто од Македонците ја гледаат Србија како свој главен сојузник, додека Бугарија, која го блокираше пристапот на Македонија во ЕУ, ја гледаат како нивен главен непријател.

Во Црна Гора, 32 отсто од испитаниците во анкетата на ИРИ ја навеле Србија како најважен сојузник на нивната земја, додека 19 отсто ги навеле САД како најголема закана.

Во Србија, 36 отсто од испитаниците ги навеле САД како главна закана на земјата и Русија како нејзин клучен сојузник. /МИА

Се помалку украински бегалци сакаат да се вратат во земјата

 26,2 отсто од украинските бегалци се убедени дека ќе се вратат дома, а уште 26,3 отсто веројатно планираат да го сторат тоа.

Повеќе од половина од украинските бегалци во странство и натаму планираат да се вратат во Украина, иако нивниот удел е намален за повеќе од 20 отсто во споредба со минатата година, покажа истражувањето на агенцијата за истражување на јавното мислење „Инфо Сапиенс“.

Така, 26,2 отсто од украинските бегалци се убедени дека ќе се вратат дома, а уште 26,3 отсто веројатно планираат да го сторат тоа, објави Униан. Меѓу нив, 61 отсто планираат да се преселат во Украина по завршувањето на војната.

За споредба, во ноември 2022 година, истражувањето покажа дека 49,7 отсто од украинските бегалци дефинитивно планираат да се вратат дома. Од нив 24,3 отсто се изјасниле дека планираат да го сторат тоа. Уделот на возрасните кои планираат да се вратат дома е поголем.

Кај децата овој процент е помал, 22 отсто од нив дефинитивно сакаат да се вратат, а 25 отсто веројатно сакаат. Повеќето од оние кои сакаат да се вратат се деца на возраст од 6 до 14 години и оние кои учат во украински училишта. Во исто време, расте бројот на Украинци кои претпочитаат да живеат во странство отколку во Украина.

Очекувано, подолгиот престој во странство е проследен со високо ниво на адаптација кон новиот живот. /MИА

Работно време на паркиралиштата на ЈП ПОЦ за Велигденските празници

Паркирањето во Општина Центар за време на Велигденските празници ќе биде без наплата за сите граѓани. 

Утре, во недела и понеделник, граѓаните ќе можат да паркираат без надомест на сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар.

Од ЈП ПОЦ појаснуваат дека согласно програмата за неработни денови за 2024 година на Министерството за труд и социјална политика, сабота е работен ден и следствено на тоа паркиралиштата со кои стопанисува ќе работат со вообичаено работно време.

Депото на „Пајак“ службата на ЈП ПОЦ ќе работи 24/7 за време на празниците.

Посочуваат дека редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата на ЈП ПОЦ ќе продолжи во вторник со вообичаено работно време. /МИА

притисни ентер