Спасовски : Го исполнуваме ветенето во „Планот за живот" трошоците се помали и парите се враќаат кај граѓаните

Потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски се сретна со граѓаните на населеното место Велебрдо.

Потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски, придружуван од градоначалникот на Општина Маврово и Ростуша, Медат Куртовски, претседателот на ОО СДСМ Маврово и Ростуша Самир Ајдини и пратеникот од Гостивар од владеачкото мнозинство Благојче Трпевски беа со граѓаните на населеното место Велебрдо.

Пред присутните, потпретседателот Спасовски зборуваше за повеќе актуелни теми, а имаше можност да се информира и за потребите, проблемите и барањата на граѓаните.

-Како што можете и самите да се уверите, за само 2 години реализиравме повеќе мерки од тоа што беше ветено во Планот за живот во првите 2 години. Постојано спроведуваме рефоми што се битни за државата но и за евроинтеграцијата. Но процесот на реформи нема да е целосен ако изостанат реформите во правата. Затоа е битно да ја зајакнеме правната држава, да обезбедиме неселктивност во правосудството, а тоа ќе го постигнеме со носењето на Законот за Јавно обвинителство кој ќе ги унапреди капацитетите на правната држава. Ветивме правда и правда за сите ќе има, порача Спасовски.

Спасовски истакна дека мерките и политиките што ги спроведува Владата предводена од СДСМ ги намалуваат трошоците на граѓаните, а враќаат се повеќе пари во семејните буџети.

-Во првите 2 години успеавме да ја укинеме радиодифузната такса, да ја вратиме евтината тарифа на струја, да ги намалиме трошоците за извршители и нотари, да ги намалиме енормните казни и да воведеме концепт на опомена. Проектот „Мој ДДВ" дава неверојатни резултати и откако почна со реализација, од една страна ја сузбива сивата економија, од друга страна обезбедува повеќе пари на крајот од годината за секое семејство. Реализиравме и низа мерки во земјоделието со што го вративме достоинството на земјоделците, ги исплативме тековните и заостанатите субвенции и ги намаливме трошоците за производство – рече Спасовски.

Продолжуваме посветено да работиме исклучиво во интерес на граѓаните, тие се наш единствен приоритет – заклучи Спасовски

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер