Спасовски: Да се постигне компромис за законите и консензус на дело за ЕУ и НАТО

Ќе разговараме и ќе работиме постојано за да го постигне потребниот консензус и да имаме парламентарно мнозинство што ќе ги донесе законските решенија.

Тоа го изјави денеска премиерот Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање однос на тоа што се случува со работните групи за законот за Јавно обвинителство.

Спасовски порача дека треба да се вложат максимални напори во дијалогот, да се постигне компромис во делот на носењето на законските решенија и со тоа да не ја загрозиме иднината и перспективата на државата. Важно е, потенцира, не само декларативно, туку и на дело да покажаме дека имаме минимум национален консензус во однос на членството во ЕУ и во НАТО.

Според Спасовски, изјавата на претседателот на СДСМ Зоран Заев дека ако не се донесат клучните закони ќе нема распуштање на Собранието е став.

-Политичката одговорност на политичките субјекти, на пратениците во Собранието треба да биде на нивото на одговорноста за иднината на оваа држава. Затоа јас сметам дека треба да се вложат максимални напори во дијалогот, да се постигне компромис во делот на носењето на законските решенија и со тоа да не ја загрозиме иднината и перспективата на државата. За нас е многу важно до крај да го доведеме процесот и да станеме 30. земја членка на НАТО и тоа ќе се случи многу скоро, изјави Спасовски при посетата на индустриската зона Визбегово во општина Бутел.

За нас, укажа, исто така е многу важен временскиот термин на почнување на преговорите со Европската унија.

-Иако сите знаеме дека законот за јавно обвинителство не е услов за отпочнување на преговорите, меѓутоа би било една добра позитивна препорака или позитивен пример како напредуваат работите во однос на реформите во Република Македонија. Тогаш сите политички субјекти тоа треба да го имаат на ум. Најважно е интересите на државата да преовладаат над личните, партиските, бизнис или некакви други интереси. Потребен е минимум национален консензус во делот на остварување на нашите аспирации за членството во НАТО и ЕУ, изјави Спасовски.

Минимум консензус, појасни, се однесува токму на прашањата кои се од витален интерес за државата.

– Ако сите декларативно од осамостојувањето на државата, од 1991 годинина до денеска, само зборуваме дека Македонија треба да биде дел од НАТО, треба да биде дел од ЕУ, тоа треба да го покажеме и на дело. И тоа треба да го покажеме во моменти кога е најмногу потребно и затоа јас сметам на сите политички субјекти. На крајот, и Уставот и законите се многу јасни, се знае точно со какво мнозинство се носат законите. И тоа мнозинство ако се добие во Собранието, секако дека тие закони ќе бидат донесени, рече Спасовски.

Тој не очекува да дојде до одложување на изборите. -Јас очекувам дека нема да се случи одложување на изборите заради тоа што ќе надвладее разумот, дека националните интереси се многу поважни од какви било лични интереси и дека на крајот на краиштата секој од нас како политичари, пратеници итн., ќе сфатат дека носењето на законските решенија е влог во нашата иднина, потенцира Спасовски.

Прашан дали е можно ВМРО-ДПМНЕ да блокира со амандамни, премиерот Спасовски одговори дека се е можно заради тоа што смета дека таму не надвладуваат националните над партиските и личните интереси.

– Посакувам тоа да не е така, да не демантираат сите нас и да покажат дека иднината на оваа држава и на граѓаните се поважни од кој било партиски интерес или каков било друг интерес, рече Спасовски.

Она што го бара ВМРО-ДПМНЕ, наведе, е сите предистраги кои се почнати, да бидат стопирани со решение.

– Тоа е прашање за кое не може да се преговара и не може да има компромис. Секој кој правел криминал и за кого се водат и предистраги, и има докази, ќе мора да одговара во оваа држава. И тука не може тој интерес- задоволување на правдата да биде посилен од интересот на кој било поединец или која било политичка партија. Сите забелешки што се разумни, кои се во насока на концептот на законот, а тоа е да обезбеди правда за секого, да обезбеди сигурност дека секој еден кој напрваил било какво злодело ќе одговара. Односно, да обезбедиме систем кој ќе биде далеку од политиката и јакнењето на јавно обвинителската служба, тоа е концептот кој мора да биде усвоен и концепт кој треба да продолжи понатаму, рече Спасовски./МИА

Грција во шок: Кум со години силувал момче, ги злоставувал и неговите две сестри

На 50-годишниот кум, кој е обвинет за сексуално вознемирување и силување на момче (18), од деветгодишна возраст, со согласност на истражителот и обвинителот на Ираклион, Крит, одредена му е мерка притвор.

Осомничениот маж признал дел од своите дејствија и сега се очекува да биде префрлен во затвор во Триполи.

Тој признал дека се случиле два од 10-те инциденти за кои неговото кумче, сега полнолетен, кажал дека се случиле.

Како што пренесува neakriti.gr, 50-годишникот тврдел дека тоа го предизвикал младиот човек и изјавил дека е „уништен и болен“.

Мажот е обвинет и за злоставување на уште две девојчиња, меѓу кои и сестрата на момчето што наводно ја силувал.

Информациите укажуваат дека има и порнографски материјал кој го покажува неговиот грозоморен чин. Поточно, видеото наводно го снимил 50-годишниот маж, за да докаже дека детето, кое тогаш имало 15 години, го провоцирало. Како што рече, на видеото се чини дека сексуалната иницијатива дошла од младиот човек. Тој исто така тврдел дека инцидентот се случил во неговата канцеларија и дека го снимал во случај во одреден момент да биде кривично гонет.

Во исто време, тој останал на ставот дека никогаш не ги малтретирал девојките.

Тој е уапсен вечерта на Велика среда, додека против него е поведена постапка за злоупотреба на малолетник кој не наполнил 14 години и на малолетник над 14 години.

Тој е обвинет и за детска порнографија во форма на производство и поседување видеа во кои има малолетник кој не наполнил 15 години.

Случајот бил откриен на Божиќ, кога кумот дошол да го посети семејството, но момчето одбило да седне на иста маса со него.

Кога родителите побарале од детето да го објасни своето однесување, тоа се скршило и открило што се случило и дека било жртва на малтретирање од страна на кумот.

Истовремено, има информации и за сестрата на младиот човек, која моментално има 24 години, како и за малолетната сестра, која моментално има 17 години. Според нивните пријави, делата ги извршил кога девојчињата имале 6 и 5 години.

Според податоците на полицијата, несоодветните дејствија првично се одвивале од 2006 до 2019 година.

Ибрахимовиќ искрено: Сега живеам поинаку, ми беше тешко поради моето его

Поминаа осум месеци откако Златан Ибрахимовиќ ги закачи копачките, а во неодамнешна изјава Златан се потсети колку му било тешко.

Како што вели, егото му правело проблем...

- Добро сум, имам добар живот. Престанав да играм пред осум месеци, сега имам поинаков живот. Прифатив да престанам што беше тешко поради моето его, начинот на кој размислувам за себе. Мислам дека сум најдобар, сепак најдобар, можев да продолжам, но избрав да престанам. Зошто? Затоа што сакам добар живот за моето семејство. Да имам време за моите синови, последица е што немаше да можам да го направам тоа бидејќи имав проблеми со колената. Така ја прифатив пензијата, стигнав дури до моментот кога си реков, океј, остави сѐ и почни ново поглавје во животот – започна Ибрахимовиќ.

Сепак, веднаш по завршувањето на кариерата доби нова функција ...

- Неколку месеци подоцна го запознав Гери Кардинале, кој го контролира фондот „Црвена птица“ што го купи Милан. Ми даде понуда што не можев да ја одбијам. Почнав да работам во Милано, таму сум три-четири месеци, добро се однесуваат со мене, морам да го кажам тоа.

Тој го допре и својот поранешен агент Мино Раиола, кој почина.

- Кога почина Мино, тоа беше голем удар за мене. Многу плачев, се уште не престанувам бидејќи секогаш се сеќавам на некои работи. Многу ми недостига. Сите што ме познаваат знаат колку ми беше близок. Што би му рекол ако можам да му напишам порака токму сега? Ми недостигаш – подвлече Ибрахимовиќ.

„Одред за уживање“ на Ким Џонг ун - секоја година избира по 25 девици и ги дели на три групи

Девојка која успеала да побегне од Северна Кореја, на својот канал на Јутјуб открива дека диктаторот Ким Џонг-ун секоја година избира 25 девици за својот „Одред за задоволство“.

Девојките се избираат поради нивната физичка привлечност, тврди 30-годишната Јутјуберка Јеонми Парк, но и поради нивната политичка лојалност, пренесува Дејли Стар.

Парк вели дека „агентите“ на Ким ја забележале во два наврати затоа што била лојален следбеник на партијата, но никогаш не ја избрале поради нејзиниот „семеен статус“.

- Провалуваат во сите училници, дури и ги обиколуваат училишните дворови за да не пропуштат некоја згодна девојка - рече таа.

- Кога ќе најдат убави девојки, го проверуваат нивниот семеен и политички статус. Така, тие елиминираат девојки чии членови на семејството се дезертери или имаат роднини во Јужна Кореја или други земји.

- Следен чекор е лекарски преглед, утврдуваат дали девојките се девици. Кандидатките кои ќе го положат тестот се подложени на подетални лекарски прегледи, каде што и најмалата мана - како мала рана каде било на телото - е доволна причина за дисквалификација.

Ригорозната анализа остава „само неколку девојки од цела Северна Кореја“, кои потоа се испраќаат во Пјонгјанг. Откако ќе бидат избрани, Парк вели, „нивната единствена цел во животот е да му угодат на диктаторот“.

Ким Џонг-II го смислил „Одредот за задоволство“ уште во 1970-тите, објаснува Парк.

- Мислеше „ако изберам неколку убави девојки и ги одведам кај татко ми Ким II-сунг, ќе биде многу задоволна“, рече таа.

- Потоа избрал убави жени и ги сместил во одморалиште каде што ги посетува Ким II-Сунг. Неговиот татко бил толку трогнат што неговиот син помислил на неговото задоволство, а тоа е една од причините зошто го избрал за свој наследник.

Десет години подоцна, Ким Џонг-II создал друг тим за свои потреби. Парк вели дека одредите и групите се менувале со текот на годините бидејќи диктаторите имале различни вкусови.

- Ким II-Сунг имаше традиционален вкус за жени, бидејќи беше постар, па неговата група беше наречена Електронски Почонбо Ансамбл. Ким Џонг-II го нарече својот бенд за лесна музика „Wangjaesan“. Ким Џонг-II претпочиташе жени повисоки од 160 см - рече таа.

Ким Џонг-ун има тенденција да избира „витки“ жени и фаворизира жени со „западен изглед“. „Се шпекулира дека неговата сопруга била член на Одредот за задоволство“, додаде Парк.

Во рамките на „ Одредот за задоволство “ има три различни дивизии. Првите се обучени за масажа, вториот оддел е специјализиран за пеење и танцување за забава на лидерот и неговиот внатрешен круг. Оваа група понекогаш настапува јавно како бенд Моранбонг.

Третата група е „одредот за сексуална активност“, рече Парк.

- Тие мора да бидат сексуално интимни со диктаторот и другите мажи. Мора да научат како да ги задоволат овие мажи - тоа е нивната единствена цел.

Најубавите девојки се резервирани само за Ким, додека останатите членови на одредот треба да ги задоволуваат генералите и другите моќни луѓе.

Условите за живот во Северна Кореја се толку сурови што родителите често се среќни што нивните ќерки ги избираат за „Одредот за задоволство“, бидејќи тоа значи дека барем девојчињата нема да гладуваат.

Откако ќе стигнат до средината на 20-тите години, нивното време истекува. Тие често се во брак со телохранителите на Ким. Парк вели дека е привилегија за членовите на Одредот да изберат со кој член на безбедносните служби сакаат да се омажат. Парк, чии приказни за животот во Северна Кореја се опишани како претерани од некои критичари, вели дека династијата Ким се „педофили кои очекуваат да бидат обожувани како богови“.

притисни ентер