Спалети го менува Гарсија на тренерското место во Рома

Французинот Руди Гарсија повеќе не е тренер на Рома, откако италијанскиот фудбалски клуб, денеска му додели отказ.

Гарсија изминатите месеци се наоѓаше под силни критики на јавноста и навивачите на „римската волчица“ по што претседателот Џејмс Палота реши да го смени со Лучано Спалети.

- Во мое и во името на клубот му се заблагодарувам на Гарсија за се што направи како тренер на Рома. Бевме сведоци на добри работи под негово водство, но сметам дека дојде време за промена, изјави Палота.

Гарсија на клупата на Рома мина две и пол години, а отказот доаѓа по серијата слаби резултати и само една победа на последните седум натпревари во Серија А.

Французинот со Рома два пати стигна до втората позиција во италијанскиот шампионат.

Наследникот на Гарсија, Спалети во Рома беше тренер и во периодот од 2005 до 2009 година. /МИА

Евакуирани околу 10.000 луѓе од украинската област Харков

По копнениот напад на руската армија приближно 10.000 луѓе се евакуирани од областа Харков, североисточна Украина.

Гувернерот на Харков, Олег Синегубов наведе дека украинската армија одбила два обиди за пробивање на одбраната во текот на ноќта, но оти ситуацијата е „под контрола“.

Руските сили нападнаа неколку градови, вклучувајќи го и Вовчанск, на само пет километри од границата.

Во периодот од 9 до 15 мај руските сили зазедоа 278 квадратни километри украинска територија, што е најголем напредок од крајот на 2022 година./МИА

Лидерите на ВЛЕН на средба со Курти во Приштина

Додека завршуваат разговорите за формирање на новата влада во Скопје, денеска во Приштина се одржува средба меѓу лидерите на коалицијата ВЛЕН и премиерот на Косово, Албин Курти, најавија партиски извори.

Според овие извори, Арбен Таравари, Изет Меџити, Африм Гаши, Билал Касами и Беким Ќоку денеска во Владата на Косово биле примени од премиерот Курти.

Тема на разговорите, ќе биде соработката меѓу владата на Косово и новата влада во Македонија.

Извор: Лидери.мк

Мартино: Очигледно годините се проблем за Меси

Тренерот на Интер Мајами, Херардо Мартино информира за остојбата на Лионел Меси. Тој очекува Аргентинецот да биде достапен за утрешната средба со ДЦ јунајтед.

- Лео тренираше добро вчера. За неговото учество на неделниот натпревар ќе донесеме одлука по тренингот, но оптимисти сме. Повредата го спречи да работи нормално деновиве. Генерално, ја земаме предвид неговата возраст. Очигледно годините се проблем за Меси, но сите се соочуваат со физичко истрошеност или прекумерна употреба кога играат три натпревари неделно. Сепак, отсуството на Меси на натпреварот против Орландо беше исклучиво поради повреда, изјави Мартино за „ESPN“.

На 16 мај, 36-годишниот Аргентинец го пропушти натпреварот од регуларниот дел од сезоната во МЛС со Орландо Сити (0:0) поради повреда на коленото./МИА

притисни ентер