Сопственикот на Теленор загина во хеликоптерска несреќа на Аљаска

Најбогатиот човек во Чешка, милијардерот Петр Келнер, познат како сопственик на Теленор во Србија, загина во пад на хеликоптер на Алјаска, соопшти денеска неговата финансиска групација ППФ.

Келнерот имал 56 години. Зад себе остави сопруга и четири деца

Американските власти претходно објавија дека најмалку пет лица загинале, а едно е повредено при пад на хеликоптер во таа американска сојузна држава. Федералната администрација за воздухопловство на САД објави дека околностите поради кои хеликоптерот се срушил во саботата во 18,35 часот по локално време сè уште не се познати.

Во 2018 година, компанијата на Келнер ППФ стана сопственик на телекомуникациските компании Теленор во регионот на централна и источна Европа.

ППФ плати 2,8 милијарди евра за компаниите во Унгарија, Бугарија, Црна Гора и Србија. Тој беше водечка деловна фигура во посткомунистичката Чешка, а неговото богатство „Форбс“го процени 17,5 милијарди долари.

Неговиот пат започнал во 90-тите години на минатиот век, кога го основаше ППФ како инвестициска компанија која учествуваше со партнерите во приватизацијата на стотици државни компании. ППФ подоцна започна да инвестира во осигурување, телекомуникации, медиуми, производство и други индустриски граннки проширувајќи се најмногу во Европа, Азија и САД.

На почетокот на март, загина и францускиот милијардер Оливие Дасо, исто така во пад на хеликоптер.

Извор: Blic.rs

Ковачки до Лога: Какво е чувството да се биде приврзок на Али

Какво е чувството да се биде приврзок на Али, за каква Европска Македонија зборувате со 2% доверба во судството контролирано од ДУИ, од обвинители до судии сите другари и функционери на Ахмети.

Господине Лога, вие сте непозната личност, исто како вашиот труд за Македонија.

Ако не бевте министер за правда, немаше јавноста да знае дека воопшто постоите. Но последиците од вашата неспособност се познати. Тие се бројат со најкатастрофалните извештаи за државата во поглед на правдата.

Вие сте министер за правда кога довербата во судството е под 3%.

Знаете зошто е така?

Затоа што другар на Али од Зајас е Ислам Абази, првиот човек на организиран криминал, како и Бурим Сејдини, исто од Зајас, кој е претседател на Управниот суд. Претседателите на основните судови во Тетово и Кичево, Хасан Асани и Амдије Зенку се поранешни функционери и активисти на ДУИ. Во врховниот суд е и Шпенд Деваја, сопругот на поранешната градоначалничка Теута Арифи.

Ова судство е на ДУИ. Затоа нема одговорност за ниту еден од ДУИ и нивните слуги од СДС.

Кога веќе лажно морализирате и си ја приграбувате идејата за Европска Македонија, да ве прашам, како е чувството да сте привезок на Али, да седите во неговиот скут и да зборите за Македонија?

Едното со другото не оди.

Еден Палчо од Турција го екстрадирате како да го носите од месечината. Ете толку сте способни.

Вашата пресуда доаѓа од народот на 8 мај.

Колку вие подалеку од политика, толку повеќе Македонија повторно на народот.

Линк од фб статус на Драган Ковачки, носител на ИЕ 3:

https://www.facebook.com/DraganKovachki/posts/pfbid0Hrfm22m2AGWApw4Ck4hR2obGmPzf4owdEinbT9Z32kvYYjFjhU68aHwDek2ADNLjl

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Русин избодел до смрт двајца Украинци во трговски центар во Германија

Двајца Украинци се убиени во сабота навечер во трговски центар во Мурнау, Германија, а до смрт ги избодел 57-годишен Русин, пишува Киев пост.

Во соопштението на баварската полиција се наведува дека една од жртвите, 36-годишен маж, починал на лице место, додека другата жртва, 23-годишен маж, вечерта им подлегнал на повредите во болницата.

Осомничениот руски државјанин по инцидентот е уапсен на домашна адреса, а истрагата е во тек.

Баварската полиција ги повика сите граѓани кои можеби го виделе нападот да контактираат со нив за да се расветлат околностите на овој напад кој однесе два животи. Информации за ова убиство пренесуваат и германските медиуми.

Мото ГП: Бањаја победи во Херез

 Италијанецот Франческо Бањаја (Дукати) победи во трката од Светскиот шампионат во мотоциклизам која денеска се возеше во шпанскиот град Херез елитната класа во Мото ГП.

Втор беше Шпанецот Марк Маркез (Гресини Дукати), а трет Италијанецот Марко Безки (Дукати ВР46),.

Лидерот во генералниот пласман на сезоната, Шпанецот Хорхе Мартин (Прамак Дукати) не ја заврши трката, што најдобро го искористи светскиот првак Бањаја.

Во генералниот пласман Мартин сега има 92 бода, 17 повеќе од Бањаја на второто место.

Следната трка се вози на 12 мај во француски Ле Ман.

притисни ентер