Сопругата на фудбалерот Серхио Рамос откри колку пати неделно води љубов со сопругот

Сопругата на фудбалерот Серхио Рамос, убавата ТВ водителка Пилар Рубио откри колку пати неделно води љубов со сопругот: Ги шокираше сите .

46 годишната Пилар Рубио има специфичен стил на облекување, привлечноста најчесто ја истакнува со облеката, а речиси секогаш е во одлична форма. Со сопругот славиот фудбалер Серхио Рамос, таа спаѓа во групата на најпознатите парови во Шпанија и светот.

Нивниот брак трае од 2019 година и им донесе четири сина. Се знае за познатиот тандем, а она што не се знаеше за нејзиниот брак со осум години помладиот Рамос, Пилар Рубио го откри како гостин во емисијата „La Resistencia“, контроверзниот шпански водител Дејвид Бронкан, познат по интригантните прашања, какво што секако беше и прашањето кое и го постави за сопругата на Серхио Рамос.

Бронкан ја прашал колку пати неделно води љубов со сопругот.

" - Секој ден! Понекогаш неколку пати на ден. Секако, кога не сум во Мадрид на снимање на емисијата – одговорила Пилар и предизвикала реакции во студиото. Водителот продолжи: „Па, не е ни чудо што имате четири деца“.

Нов инцидент меѓу Кина и Филипините во Јужното Кинеско Море

Филипините денеска ја обвинија кинеската крајбрежна стража за употреба на водени топови против два филипински брода и блокирање на пристап до спорниот гребен во Јужното Кинеско Море, а Пекинг потврди дека „одбил“ чамци од островот.

- Кинеската крајбрежна стража повторно постави пловечка бариера од 380 метри, со што го ограничи пристапот до областа на гребенот Скарборо, се вели во соопштението на филипинската крајбрежна стража.

Кина постави слична пловечка бариера на таа локација во септември 2023 година, која беше демонтирана неколку дена подоцна од страна на филипинската крајбрежна стража.

- На 30 април кинеската крајбрежна стража, во согласност со законот, одби филипински бродови кои влегоа во водите кај островот Хуангјан, се вели во соопштението на кинеските власти.

Гребенот Скарборо се наоѓа на 240 километри западно од главниот филипински остров Лузон и речиси 900 километри од кинескиот остров Хаинан, јужно од брегот на Кина, која полага право на речиси целото Јужно Кинеско Море.

Украина: Околу 30 мажи загинаа од почетокот на војната во обид да ја напуштат земјата

Портпаролот на украинската гранична служба Андриј Демченко изјави дека околу 30 мажи од Украина загинале од почетокот на војната со Русија во февруари 2022 година, обидувајќи се илегално да ја преминат границата и да избегнат учество во војната.

„Некои ги загубија животите додека се обидуваа да преминат планински реки или стрмни планини. Вкупно, од почетокот на инвазијата, околу 30 луѓе загинаа обидувајќи се илегално да ја преминат границата“, изјави Демченко.

Тој наведе дека од почетокот на војната досега биле откриени околу 450 криминални групи кои се обидувале да прошверцуваат луѓе преку граница и дека такви обиди се случуваат секој ден.

Студентите кои протестираа поради војната Израел и Хамас се судрија со полицијата во Тексас

Студентите кои протестираа поради војната меѓу Израел и Хамас се судрија со полицијата во Тексас.

Демонстрантите и полицијата синоќа се судрија во кампусот на Универзитетот во Тексас при што дојде до десетици апсења, а Универзитетот Колумбија во Њујорк почна да ги суспендира студентите, јавија странските агенции.

Според локалниот адвокат на Универзитетот во Остин, најмалку 40 демонстранти се уапсени синоќа под обвинение за нарушување на јавниот ред.

Доцна синоќа, Универзитетот објави соопштение во кое се вели дека многу од демонстрантите не се поврзани со институцијата и дека камповите се забранети во кампусот. Исто така, се наведува дека некои демонстранти влегле во „физички и вербални конфронтации“ со претставници на Универзитетот, што ги натерало службениците да контактираат со полицијата.

Протестот во Тексас и другите протести низ земјата уследија по протестите на Универзитетот Колумбија во Њујорк, кои се уште траат. Активистите во универзитетскиот кампус синоќа го пропуштија рокот да го напуштат кампот со околу 120 шатори.

Иако управата на Универзитетот не повика полиција да ги растера демонстрантите, портпаролот на Универзитетот Бен Чанг рече дека започнале процес за отпуштање на студентите. Тој рече дека иако Универзитетот го почитува правото на студентите на слободен говор, кампот ја попречува наставата и подготовката за завршните испити. Универзитетот соопшти дека ќе понуди алтернативно место за протести по испитите.

притисни ентер