Сообраќајот по влажни коловози, слаб снег на Шапка, Маврово и Стража

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Снег со слаб интинзитет провејува на Попова Шапка, Маврово и Стража кој не се задржува на коловозот.

Намалена видливост поради магла од 50-150м. има на патните правци Лисец - Попова Шапка , Крак-Мавро, Ѓавато, Крушево, Плетвар и Струмица.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово - Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

Од 15-ти ноември стапи на сила законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на временската состојба. Оваа обврска ќе трае до 15-ти март 2018 година.

Од 08.12.2017 на државниот пат А2, делница Струга – граничен премин Ќафасан, започнува измената на режимот на сообраќај. која ќе трае до завршување на градежните работи. Проодноста ќе биде обележана со вертикална и хоризонтална сигнализација.

Од 15.11.2017 година започнаа градежни активности за изградба на клучката Ванчо Прќе на експресен пат А3, делница од Пробиштип до с. Крупиште на регионалниот пат P1205. За таа потреба воведена е времена измена на режим на сообраќајот и поставена е соодветна сообраќајна сигнализација на оваа делница.

Илинден АД Струга известува дека согласно Одобрението за времена измена на режим на сообраќај, на магистралниот пат А2, делница Кичево - Охрид (Пресека – Песочани) на две точки на овој потез, од 2+397км до 3+910км, и од 7+060 км до 11+498 км, од 20.09.2017 е воведена времена измена на сообраќајот со девијации (преминување од една коловозна лента во друга) за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Измената ќе трае до завршување на градежните работи.

На патниот правец Демир Капија - Неготино , на делот од Неготино до м.в.Острово,сообраќајот се одвива по дел од новиот автопат во должина од 4 км. По овој дел сообраќајот пак се враќа на магистралниот пат Р103.

„Виадукт Трејд” известува дека ќе се изведуваат градежни активности на делницата од автопатот А1 - Катланово - Скопје, во времетраење од 30 дена почнувајќи од Понеделник, 13.11.2017 год.

Виадукт Трејд” известува дека ќе се изведуваат градежни активности на клучка Хиподром, во времетраење од 60 дена почнувајќи од 01.11.2017.

Друштвото „Алфалт“ ДООЕЛ Скопје, известува дека се изведуваат градежни работи за изградба на електронски систем за наплата на наплатните станици Отовица и Сопот. Во периодот од 18.10.2017 год. до 18.06.2018 год. на магистралниот пат А1 на делницата Велес - Скопје во близина на наплатната станица Отовица и на делницата Скопје - Велес во близина на наплатната станица Сопот, се воведува времен режим на сообраќај и се предупредуваат возачите да пристапуваат внимателно.

Друштвото ‘’Бетон АД Скопје’’ известува дека од 26.10.2017 година, ќе се започне со градежни активности за Рехабилитација на државниот пат А4, делница од Кадино до Хиподром, од наплатна станица Петровец кон Хиподром. За таа потреба, ќе биде воведена времена измена на режимот на сообраќајот и поставена соодветна сообраќајна сигнализација на истата делница.

Друштвото „Бетон АД Скопје“ извести дека од 20.10.2017 год. започнaa градежни активности - реконструкција и рехабилитација на државниот пат А2 делница Сарај – Групчин. За таа потреба, ќе биде воведена времена измена на режим на сообраќајот.

Виадукт Трејд на 21.09 известува дека ќе се изведуваат градежни активности со времетраење од четири месеци на државен пат А2, правец Гостивар - Кичево при санација на горен и долен строј на мост МАЛИ ДОЛ, КМ101+606, регулирано со семафори и дополнителна сообраќајна сигнализација и опрема.

Виадукт Трејд на 21.09 известува дека ќе се изведуваат градежни активности со времетраење од три месеци на државниот пат А2, патен правец Гостивар - Кичево, поради санација на горен и долен строј на мост ВИСЈАК ДОЛ км109+878, регулирано со семафори и дополнителна сообраќајна сигнализација и опрема

Виадукт Трејд на 17.07.2017 започна со изведување на градежни активности, реконструкција на десната страна на коловозот, со времетраење од 6 (шест) месеци од Граничен премин "Богородица" до клучка Гевгелија во должина од 5км.

Компанијата Ескалатори МК дооел – Скопје известува дека ќе ги изведува градежните работи за Рехабилитација на сообраќајна возна лента на државен пат А1, делница Велес (Штипска клучка) – Градско и Градско – Велес (Штипска Клучка). Сообраќајот ќе се одвива под одобрен изменет режим во период од 17.07.2017 год. до 31.12.2017 год.

ГД Гранит од 27.06.2017 година започна со изведување на градежни работи на патниот правец А2 Гостивар-Кичево (делница Гостивар до с.Колари) во должина од 28,5 км. Се работи на изведување рехабилитација на асфалтниот коловоз.

Истовремено се изведуваат градежни работи на санација на мостовите на истиот државен пат. Во моментот се изведуваат градежни работи на мост Атанасова Река во должина од 110 м1. Сообраќајот се одвива по една сообраќајна лента и истиот е регулиран со семафори. Вкупното времетраење на рехабилитацијата на сообраќајницата и мостовите е предвидено да трае 15 месеци односно завршувањето на градежните активности барем во овој момент е предвидено да завршат 2018 година во месец септември

ГД Гранит АД Скопје поради градежни активности на автопатот А1, коридор 10 од 114+673 км. до 126+272 км. од 22.11.2016 воспостави времен режим на сообраќај на автопатот А1, коридор 10 од клучка Неготино до клучка Демир Капија. Сообраќајот се одвива во насока од Скопје кон Гевгелија и Атина по регионалниот пат Р1102.

Ги предупредуваме возачите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената сообраќајна сигнализација.

На магистралниот пат А2 патен правец Кичево – Охрид (Пресека – Песочан ) од 3+300 км до 5+600 км од 21.12.2017 воведена е времена измена на сообраќај со девијации (преминување од една коловозна лента во друга) за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Регионалниот пат Р-2332 (Трпејца – Царина) низ националниот парк Галичица се затвора за сите видови на сообраќај од 15.11.2017 до 01.04.2018.

Сообраќајот на патниот правец А3 Прилеп – Битола – Ресен преку Обиколница Битола е во прекин поради свлечиште кое е расчистено, но од превентивни причини сообраќајот сепак се пренасочува преку градот Битола. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.

Поради оштетување на мостот на автопатот А-1 Градско - Неготино кај Стоби на река Црна, десната лента се затвора за сообраќај, a сообраќајот ќе се одвива по левата коловозна лента. Поставена e соодветна сигнализација.

Коалицијата „Вреди“ слави во Тетово

Здружената албанска коалиција „Вреди“ вечерва слави во изборниот штаб на коалицијата во Тетово. Присутни се тројцата лидери Арбен Таравари од Алијанса за Албанците, Африм Гаши од Алтернатива и Изет Меџити од Демократското движење.   

На првата прес-конференција во Скопје одржана по затворањето на гласачките кутии, Меџити рече дека „Вреди“ е новиот политички фактор кој достоинствено ќе ги застапува Албанците.

Од друга страна шефот на Изборниот штаб на Европскиот фронт предводен од ДУИ Арбр Адеми вечерва на втората прес-конференција во мала речица соопшти дека од половина од обработените гласови, водат со над 30 илјади гласови во однос на коалицијата „Вреди“.

Фото: МИА

МВР: Изборите поминаа во фер, демократска и слободна атмосфера, можеби најмирни досега

Во рамки на надлежност на МВР не се констатирани посериозни прекршувања на изборниот процес во текот на целиот ден. 

Се одржаа можеби најмирните, најдемократските и најфер избори кои што кога било се случиле, особено од безбедносен аспект, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, на заедничка прес-конференција со дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, по завршувањето на двојните избори.

Тошковски изрази благодарност до сите полициски службеници, набљудувачи и македонските граѓани кои, како што нагласи, на мирен, фер и демократски начин покажаа дека заслужуваме да бидеме дел од европското семејство.

- Огромна благодарност до сите кои што помогнаа овој ден да биде таков како што беше. Да се живи и здрави македонските граѓани, да ни е вечна Македонија, порача Тошковски.

Според, дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, како што помина првиот круг од претседателските избори, така и денешниот втор круг и парламентарните избори поминаа во една фер, демократска и слободна атмосфера.

- Граѓаните можеа слободно да го изразат своето право да гласаат. Македонската полиција беше и овој пат на висина на својата задача и ги створи сите предуслови за денешниот ден да се одржи во еден демократски чин, изјави Бојмацалиев.

Ужас во САД: Ја убил сопругата, зашто не можел да ги плати болничките трошоци

Маж од Мисури, обвинет за убиство со задавување на својата сопруга во болница, рече дека го направил тоа затоа што не можел да ѝ ги плати медицинските сметки, соопшти полицијата во соопштението за печатот.

Наводно, Рони Вингс ѝ рекол на полицијата дека ја задавил сопругата и ѝ ги покрил носот и устата за да не вреска.

„Таа беше во болница каде добиваше нова терапија за дијализа“, рече детективот Тод Винборн.

Винборн рече дека Вингс го признал убиството откако му биле прочитани неговите права.

Во петокот, медицинскиот персонал во болницата бил предупреден за срцев удар на пациентката околу 20:30 часот по локално време. Тие ја пронашле жртвата која не дишела и немала пулс, се вели во соопштението.

Жената не беше прогласена за мртва во тоа време, но немала функција на мозокот, што го натерало медицинскиот персонал да ги прекине сите мерки за спасување живот, се вели во соопштението.

Тој додава дека тогаш медицинските работници го слушнале сопругот на жртвата како го признава убиството.

„Јас го направив тоа, ја убив, ја задавив“, повторил тој.

Вингс на крајот во болницата бил уапсен од полицаец кој не бил на должност.

Во соопштението се вели дека Вингс признал дека ја задавил својата сопруга, ѝ ги затворил носот и устата за да не вреска, а потоа ја напуштил болницата.

Подоцна се вратил со братучед.

Според соопштението, Вингс му рекол на полицаецот дека се обидел да ја убие жената уште два пати додека била во болница, додавајќи дека бил во депресија и ја убил бидејќи не можел да ги плати болничките сметки.

Тој се соочува со обвинение за убиство од втор степен и е задржан со кауција од 250.000 долари.

Доколку биде прогласен за виновен, му се заканува казна затвор до 30 години или доживотен затвор.

притисни ентер