Сончево и релативно топло

 Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. 

Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе достигне од 21 до 27 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде сончево и релативно топло со мала облачност и со слаб североисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 26 степени.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), следува период на сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност. Локална појава на попладневна нестабилност со пороен дожд и грмежи се очекува кон средината на следната седмица.

Маск: Следниот лет на „Starship“ се планира за три до пет недели

Ракетата Starship во сопственост на SpaceX најверојатно ќе го започне четвртиот лет за три до пет недели, изјави денеска сопственикот на компанијата, Илон Маск.

„Целта е бродот да помине низ максимално загревање, или барем повеќе од минатиот пат“, рече тој во објавата на мрежата X.

Претходно оваа година, Starship го заврши речиси целиот свој пробен лет во вселената и отиде најдалеку досега на третиот лет, но се распадна по враќањето на Земјата, пренесува Ројтерс.

Оваа ракета е дизајнирана со крајна цел да однесе астронаути на Месечината и на други дестинации.

Украински дрон предизвика пожар во рафинерија во рускиот град Волгоград (ВИДЕО)

Полноќен напад со украинско беспилотно летало предизвика пожар во нафтена рафинерија во рускиот град Волгоград, на југот на Русија, изјави денеска гувернерот на регионот Волгоград, Андреј Бочаров, цитиран од британските медиуми. 

Според него, пожарот бил брзо изгаснат, а инцидентот поминал без жртви.

-Како резултат на удар на дрон со последователна детонација, избувна пожар на територијата на рафинеријата Волгоград. Противпожарните екипи веднаш го изгаснаа пожарот. Немаше жртви, напиша Бочаров во „Телеграм“, цитиран од руските медиуми.

Швајцарскиот победник на Евровизија, веднаш по победата го скршил трофејот (ВИДЕО)

Швајцарецот Немо Метлер победи на овогодинешната Евровизија, која се одржа во Шведска, во градот Малме.

Кога по финалето победникот се појави во прес-центарот, на конференцијата за медиуми, доби громогласен аплауз од новинарите.

Инаку, на овој млад човек со неверојатни гласовни способности не му беше лесно, иако гледачите крај малите екрани немаа можност да го видат тоа.

Немо успеа да го скрши победничкиот трофеј, но и да го повреди палецот. Сепак, како што истакна, сѐ е во ред, тоа не му го намалува моменталното расположение.

- Целото ова искуство беше многу интензивно и не секогаш толку пријатно, многу работи се поврзани со љубовта и заедништвото, имаше толку многу различни култури и луѓе кои беа позитивни, посветени на музиката и ми даваа надеж... Не само што го скршив кодот , туку го скршив и трофејот, како и палецот, но се е ок, имам и нов трофеј - низ смеа изјави Немо.

Тој победи по гласовите на публиката, кога го престигна претставникот на Хрватска, Бејби Лазања, кој заврши на второто место.

притисни ентер