Солза Грчева и Стојанче Ангелов во „Само Вистина“

Почитувани гледачи, вечерва во Само Вистина ќе дебатираат Солза Грчева и Стојанче Ангелов.

Ќе вееме знамиња или ќе спроведуваме реформи, кому му одговара подгревање на етничките тензии?

Што ќе донесе самитот на ОБСЕ во Скопје?

Се поизвесни се двојните избори, но што добиваат граѓаните од Пржинската Влада?

Власта или опозицијата, кој повеќе тежнее кон европски вредности?

Кој со кого ќе се налути, а кој со кого ќе си ги прости грешките во име на „поголеми цели“?

Дали и здравјето на граѓаните се сведе на дневна политика, што ќе значи доколку работата на анкетната комисија за онкологија не добие епилог?

Вечерва во Само Вистина Елизабета Галевска со Солза Грчева и Стојанче Ангелов, веднаш по вестите.

Украинскиот премиер побара од САД економска помош во износ од 11,8 милијарди долари оваа година

Украина очекува да добие 11,8 милијарди американски долари економска поддршка оваа година, изјави денеска нејзиниот премиер Денис Шмигал.

Киев се соочува со буџетски недостиг од 37 милијарди долари во 2024 година поради двегодишната руска инвазија и се потпира на западните партнери за оваа витална помош.

Шмигал изрази надеж на форумот во Киев по повод втората годишнина од руската инвазија дека американските пратеници ќе ја одобрат долгоочекуваната економска и воена помош.

„Длабоко сме убедени дека САД нема да ја напуштат Украина“, рече тој, мислејќи на помошта од 60 милијарди долари што со месеци беше блокирана во американскиот Конгрес. /МИА

Абас го повтори своето противење на плановите на Израел за операција во Рафа

Абас денеска во разговор со јорданскиот крал Абдула Втори во Аман изјави дека се противи на израелските планови за воена операција во Рафа.

Претседателот на палестинската управа Махмуд Абас денеска во разговор со јорданскиот крал Абдула Втори во Аман изјави дека се противи на израелските планови за воена операција во Рафа, најјужниот град во Појасот Газа, каде што има повеќе од милион Палестинци.

Повеќето од тие Палестинци заминале во Рафа бегајќи од борбите во другите делови на енклавата, објавија медиумите на арапски јазик.

Абас и јорданскиот крал разговараа за последните случувања во војната меѓу Израел и Хамас во Газа, како и за напорите за зголемување на количината на хуманитарна помош за Палестинците во енклавата, особено нејзиниот северен дел.

Во разговорот беше истакната потребата да се дозволи слобода на вероисповед за Палестинците во џамијата Ал Акса за време на претстојниот Рамазан, откако минатата недела беше објавено дека израелската влада размислува да го ограничи бројот на луѓе на кои ќе им се дозволи да влезат, објави Тајмс оф Израел. /МИА

Нетанјаху: Израел ќе биде блиску до целосна победа со операцијата во Рафа

 Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека офанзивата во Рафа, дури и ако биде одложена поради прекинот на огнот, ќе му овозможи на Израел да биде на дофат на целосна победа.

„Целосната победа ни е на дофат, не за неколку месеци, туку за неколку недели, кога ќе ја започнеме операцијата“, рече Нетанјаху во интервју за американскиот телевизиски канал Си-Би-Ес.

Како што пренесуваат странските агенции, Рафа е „последното упориште“ на палестинското движење Хамас во очите на израелскиот премиер, кој е решен таму да започне копнена офанзива за да го порази Хамас и да ги ослободи заложниците кои се држат во Појасот Газа, и покрај предупредувањата од меѓународната заедница.

Според ОН, околу 1,5 милиони луѓе се во Рафа, град кој се наоѓа на границата со Египет. Тој граничен премин сега е затворен.

„Ако постигнеме договор (за прекин на огнот), таа (офанзивата) на некој начин ќе биде одложена, но ќе се случи“, додаде израелскиот премиер. /МИА

притисни ентер