Собранието расправаше за Извештајот на ЕК за напредокот на земјава за 2013 година

Собранието на Република Македонија во рамките на попладневниот дел од денешната расправа по дневниот ред на 74-тата седница ја продолжи расправата за Извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Македонија за 2013 година. Расправата ќе продолжи утре во 11 часот.

Пратеничката Лилјана Поповска од ДОМ посочи дека како држава Македонија веќе пет години по ред ги исполнува Копенхашките критериуми и добива преорака но, како што рече, по петти пат е блокрана од Грција, не добива препорака за почеток на преговори и добива налог да го реши проблемот со името.

- Македонија тоа сама не може да го реши. За танго се потребни двајца. Македонија има недвосмислен интерес за да се реши ова прашање. Грција нема, а тоа го покажа и Меѓународниот суд во Хаг. Единствено силен и координиран меѓународен притисок кон Грција може да го реши проблемот со името, нагласи Поповска.

Според неа, од Македонија се бара нешто што не е во нејзина моќ да го стори заради што не е добро да има поделеност во мислењата кај домашните политичари и јавност, туку напротив единство.

- Ни ние ни Европската унија не може да очекуваме дека земјава ќе се движи постојано напред ако цело време ни се дава стап, но не и морков. Македонија без вина се држи како виновник во ќош, рече Поповска.

Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ потенцира дека веќе пет години по ред Македонија добива позитивна препорака што, според него, покажува дека зсемјава не е таква како што сакаат да ја претстават пратениците од опозицијата.

- Се покажа дека проблемот за почетокот на преговори за членство не се наоѓа во Република Македонија, туку во кредибилитетот и начинот на одлучување на институциите на ЕУ, прецизира Димовски.

Тој за настаните од 24 декември рече дека Комисијата во која партиципирал и сам не констатирала повреди на Уставот, законите или Деловникот за работа на Собранието и единствено дала препорака да се направат измени во Деловникот.

- Доколку СДСМ сака Македонија да има успех на престојниот состанок на Европскиот совет во декември, да се вратат и да учестуваат во Работната група за спроведувањето на препораките за 24 декември 2012 година, рече Димовски.

Антоонио Милошоски од истата партија додаде дека по петти пат Македонија доби потврда дека ги исполнува условите за почеток на преговори со ЕУ.

- Комисијата не ја оценувала само Македонија, туку тоа го правела и со многу други земји пред да ги почнат преговорите за членство. Затоа сметам дека нивните оценки се многу валидни. Ако се има предвид дека нивните критериуми се многу заострени во последните седум години, може да се каже дека Македонија многу напреднала. Секој обид да се дискредитраат овие оценки, не е проблем за Македонија, туку за оној кој оценувал - Европската комисија, рече Милошоски.

Тој посочи дека опозицијата и лани по извештајот исто говорела како и годинава дека извештајот не е позитивен, дека има назадување, а не напредок,..., но очогледно е дека тоа не било така. Тоа, како што нагласи, се докажува со добивањето позитиен извештај и годинава.

- Доколку Македонија не исполнела некој клучен критериум, ЕК можела да ја повлече препораката и со тоа да се покажело дека извештајот е негативен. Се додека има препорака значи дека извештајот е позитивен, рече Милошоски и додаде дека и во извештајот се истакнува дека агендата за зачленување во ЕУ останува стратешка определба на Македонија.

Во реплика Ердоган Сарач од Движењето за национално единство на Трурците во Македонија рече дека намерата на опозицијата не е да го прикаже извештајот како негативен, туку да се истакнат негатвностите во извештајот за да се отстранат. На тоа Милошоски му одговори дека никој не тврди дека извештајот е идеален и оти нема негативности.

Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ праша дали спорот со името не се решава заради Грција или и за остантите земји членки на Европската унија за да се спречи проширувањето на Унијата.

- Се поставува и прашањето дали останатите европски земји се согласуваат со Грција. Декларативно не, а во пракса не прават ништо за да и кажат да престане со блокадите, потенцира Николоски.

Тој праша како да се најде заедничко решение со Грција, а тоа да не е диктат и ултиматум. Заклучи дека вината за нашето стагнирање и неприклучување кон Унијата лежи единствено во Грција.

Горан Мисовски од НСДП посочи дека во извештајот се евидентирани настаните од 24 декември, во однос на судството има тврдења за селективна правда, оти се влошува слободата на медиумите, евиднтирано е дека ланскиот буџет е донесен во контраверзни услови,...

Побара од вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими да му појасни на што се должи неговиот оптимизам дека се уште има можност да се реши проблемот со името.

Во реплика вицепремиерот Бесими му порача дека се до состенокот на Европскиот совет има можност и надеж да се најде некое решение за почеток на преговорите за членство.

- Немам право и никој не ми го дал тоа право да се откажам од натпреварот пред 90 минута. Тоа нема да го направам и натпреварот ќе го играм до крај. Се уште има време до декември за работите да се придвижат. Во извештајот е нотирано дека со почетокот на проговорите може да се постигне напредок во добрососедските односи и првенствено во проблемот со името, рече Бесими. /Извор: МИА/

Финансии побара да се стави во мирување поскапувањето на осигурувањето на автомобилите

Осигурителните компании да ги стават во мирување одлуките за зголемување на трошоците, бара Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност која денеска на седница го разгледа извештајот за зголемените цени...

До утре имаат рок осигурителните компании да ги вратат цените на осигурителните полиси по старо. Ова е епилогот од состанокот во министерството за финансии откако пред една недела осигурителните компании ги зголемија цените на осигурувањето при регистрација на возилата за 15%.

„На состанокот Комисијата му укажа на Националното биро за осигурување и на регулаторот Агенцијата за супервизија на осигурувањето во текот на денешниот ден да им предложи на друштвата за осигурување до крајот на денешниот ден да ги стават во мирување одлуките за зголемување на трошоците и да ги вратат на ниво од пред 25 април 2024 година и да ја известат Комисијата во текот на денешниот ден.“

Состанокот во финансии кој доаѓа по реакциите на агенцијата за супервизија на осигурувањето која децидно се изјасни дека нема основа за ваквото зголемување на цените. Состанокот траеше неколку часа. Пред средбата осигурителните компании преку соопштение информираа дека треба да се земе во предвид реалната пазарна состојба и условите под кои работат осигурителните компании но по состанокот претставниците излегоа од влезот за архива и ги избегнаа камерите.

Од агенцијата за супервизија на осигурувањето е побарано да изготви извештај за тоа дали има економска оправданост барањето за поскапување од каде неофицијално за канал 5 велат дека за такво нешто воопшто нема простор и дека доколку не ги намалат сами цените тоа ќе се направи утре на владина седница со цел да се заштитат граѓаните од ова поскапување. Инаку со одлуката осигурителните компании ги зголемија цените од 840 дена за полиса до 1500 во зависност од јачината на моторното возило.

Гигантот „Форд“ губи огромни пари на секој продаден електричен автомобил

Форд соопшти дека има нето приход од 1,3 милијарди долари за првиот квартал од 2024 година.

Ова се должи првенствено на одделот за флота Ford Pro, кој на компанијата ѝ донесе три пати повеќе приходи од одделот Ford Blue, кој е специјализиран за патнички автомобили со мотори SUS.

Во истиот период, секторот за електрични автомобили и батерии забележал загуба од дури 1,3 милијарди долари, што е приближно двојно повеќе од она што го загубиле во истиот период во 2023 година. Компанијата го обвини „нискиот притисок на цените низ индустријата“.

Ford Pro заработил приближно 7.300 долари за секое од повеќе од 400.000 продадени возила, а Ford Blue заработил близу 1.400 долари за секое од повеќе од 600.000 продадени возила.

Електричниот оддел на Ford, кој се нарекува Model e, од друга страна, изгубил неверојатни 130.000 долари по возило на приближно 10.000 електрични возила што ги продале во првиот квартал од 2024 година, пишува Јутарњи.хр.

Форд за загубите ги обвинува намалувањето на цените на своите електрични возила, по што посегнаа како „одговор на променливите пазарни услови“. Додека пазарот на батерии и електрична енергија продолжува да расте, Форд би можел да се најде во позиција повторно да ги намали цените, нешто што производителот на автомобили буквално не може да си го дозволи.

Сепак, не е сѐ така црно. Големата инвестиција во одделот Model e треба да го стави електричниот оддел на Ford во подобра позиција во наредните години, бидејќи голем дел од тие пари се инвестираат во развојот на следната генерација на електрични возила. Ако сè оди според планот, новите автомобили на Ford на батерии би требало да ги зголемат приходите на одделот Model e во иднина.

Мицкоски: Коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ да освои мнозинство во Парламентот

„Помина првиот круг, малкумина од власта на СДСМ и ДУИ беа свесни за тоа што ќе се случува. Но, ние таа енергија која што ја чувствуваме во кампањата, таа емоција која што доаѓаше до нас беше исклучително силна. “

„Помина првиот круг, малкумина од власта на СДСМ и ДУИ беа свесни за тоа што ќе се случува. Но, ние таа енергија која што ја чувствуваме во кампањата, таа емоција која што доаѓаше до нас беше исклучително силна. И ни беше прилично јасно дека ќе се случи голема победа, и дека разликата ќе биде исклучително голема“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од митингот во Јегуновце.

„Но, тоа што се случи на 24-ти април морам да признам и да бидам како и секогаш искрен со вас, ги надмина и нашите очекувања. Ние мислевме дека ќе биде до 150.000, а излезе 183.000 гласа разлика“, рече тој.

Мицкоски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ заедно со народот изминативе години испишува историја и прави историски резултати.

„Да се навратиме кога ни предвидуваа дека нема да биде така како што ние очекуваме, дека власта ќе издвојува апсолутна победа и дека тоа е крајот за ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата која што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ и оваа генерација на политичари во ВМРО-ДПМНЕ. Ние заедно со вас, заедно со народот на Македонија успеавме да издвојуваме две убедливи победи на тие локални избори и во првиот и во вториот круг, и за првпат во независна Македонија, во демократска Македонија ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата заедно со народот успеа да победи во мнозинството општини во Македонија и да има мнозинство од градоначалниците во Македонија. Тоа беше првиот историски резултат“, потсети претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

„И тоа продолжи во првиот круг на претседателски избори каде резултатот во однос на идниот претседател професорката Гордана Силјановска Давкова со актуелниот и претседател во заминување Стево Пендаровски е 2:1. И тоа е за првпат во Македонија се случува ваков резултат“, нагласи тој.

Тој посочи дека тука не треба да се застане, туку да се продолжи до крај, до 90-та минута и минута после 90-та.

„Сега следната наша цел повторно историска е за првпат некоја коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ од опозиција да освои мнозинство во македонскиот Парламент. Потребно е мнозинство во македонскиот Парламент и идниот претседател да биде Гордана Силјановска Давкова“, додаде Мицкоски.

„Јас сум убеден гледајќи го тоа што се случува овие пет дена од кога заврши првиот круг на претседателски избори дека и тоа ќе се случи. Ни остана помалку од една недела до денот на изборите и убеден сум од оваа енергија и емоција која што ја чувствувам од народот македонски дека и тоа ќе се случи“, укажа тој, се наведува во партиското соопштение.

притисни ентер