Собранието ги донесе реформските закони од сферата на безбедноста

Со консензус и поддршка од власта и опозицијата Собранието ги донесе клучните реформските закони во безбедносната сфера. 

На местото на досегашната Управа за безбедност и контраразузнавање ја ќе се формира агенција за национална безбедност која нема да биде во составот на МВР.

И покрај согласноста дека тајната полиција во изминатиот период била јадрото ан сите проблеми и политички кризи, клучната дилема за дел од пратениците е дали станува збор сепак за суштинска реформа, забелешки за трансферот на дел од вработените на УБК како и учеството на пратеници во селекцијата на вработените

Министерот Спасовски потенцираше дека е особено горд што за прв пат се дава шанса за сериозен надзор над службите и дека со законот се дава силна можност да се штитат правата и слободите на граѓаните.

Со двотретинско мнозинство беше донесен и законот за координација на безбедносно разузнавачката агенција ,,со пакетот закони од безбедносната сфера се очекува да се стави крај на концентрацијата на моќ на тајната полиција и да се создаде ефикасна и департизирана служба во интерес на државата и граѓаните.

Израелскиот амбасадор во Шведска го осуди палењето на Куранот во Малме (ВИДЕО)

Амбасадорот на Израел во Шведска, Жив Нево Кулман, го осуди денеска палењето на Куранот во Малме.

Две лица денеска го запалија Куранот во Малме, а едното од нив беше завиткан во израелско знаме, објави „Тајмс оф Израел“.

„Палењето на светата книга Куранот додека се вее израелското знаме е грозен чин на непочитување, не само за 20 отсто од израелските граѓани кои се муслимани, туку и против вредностите како што се толеранцијата и меѓусебното почитување. Го осудувам овој кукавичкиот чин на најсилен можен начин. Малме треба да го обедини музиката наредната недела поради Евровизија“, објави Кулман на платформата Х (Твитер).

Како што претходно објави финскиот јавен сервис Yle, две лица вчера прво прочитаа делови од Библијата, го влечеа Куранот на кучешки поводник, запалија страници од муслиманската света книга и го згазија палестинското знаме.

Властите во Хјустон повикаа на евакуација поради огромните поплави (ВИДЕО)

Се предвидува дека во Хјустон, Тексас, ситуацијата со поплавите ќе се влоши, еден ден откако силно невреме го зафати регионот, а властите ги предупредија жителите во ниските области на градот да се евакуираат пред очекуваните големи поплави.

Според прогнозата на метеоролозите, количината на врнежи од 2,5 до 7,6 сантиметри на метар квадратен вечерва ќе доведе до големи поплави.

Во Хјустон вчера околу 20 луѓе беа спасени од поплавеното подрачје, вклучително и оние кои се качиле на покривите на своите домови.

Локалните власти соопштија дека неколку стотици згради се во опасност од поплави, како и дека наставата во училиштата е откажана, а некои патишта се затворени поради поплави.

Обилните дождови со недели го зафатија Тексас и делови од американската сојузна држава Луизијана, а делови од југоисточниот дел на Тексас, северно од Хјустон, се поплавени.

Надал ги демантираше гласините за пензионирање по Ролан Гарос

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал ги демантираше гласините дека неговиот настап на претстојниот Ролан Гарос ќе биде последен во неговата кариера.

Рекордерот по освоени Гренд слем титули во Париз (14) и оваа сезона има намера да се бори за трофејот во француската престолнина, но поради проблеми со повредите, некои медиуми побрзаа да го пензионираат што е можно поскоро.

Но, тоа воопшто не му се допадна на Надал, па по поразот од Јиржи Лехечка во Мадрид се наврати на медиумите и изјави дека се уште нема намера да се пензионира. Особено не во Париз, каде летово би можел да се најде како член на олимпискиот тим на Шпанија.

-Мојот сон е последен пат да се натпреварувам на Олимписките игри. Никогаш не реков дека мојата кариера ќе заврши на Ролан Гарос, јасно подвлече Надал за шпанскиот канал „Мовиестар“.

Рафаел Надал моментално е 512. играч во светот, има 37 години и сезонава забележа три победи и два порази. Во текот на својата блескава кариера оствари биланс од 1.071 победа и 222 порази. На врвот на светската АТП листа стигна во 2008 година, додека во текот на кариерата освои 92 титули и нешто повеќе од 130 милиони долари на турнири.

притисни ентер