Собир за поддршка на Македонија пред Француската амбасада во Софија

 Под мотото „Европска иднина за Македонија" попладнево пред Француската амбасада во Софија ќе се одржи мирен собир за поддршка на европските аспирации на  Македонија, јави БГНЕС.

– Самиот настан не е против нешто, туку е за поддршка на Македонија и за забрзување на почетокот на нејзините преговори за членство во Европската Унија, изјави еден од организаторите на собирот, скулпторот Андреј Врабчев.

Тој нагласи дека присуство на настанот, организиран преку социјалните мрежи, потврдиле најмалку 150 лица.

Врабчев најави дека е предвидено за време на собирот до Амбасадата да биде доставено писмо до францускиот претседател Емануел Макрон во кое се бара од него да ја преиспита својата позиција околу отпочнувањето на претпристапните преговори со Македонија.

– Местото на Македонија е во Европа поради многу причини – како географски, така и културни. Како што нашето место е во Европа, логично е и Македонија да биде дел од ЕУ. Крајно време е границата меѓу Бугарија и Македонија да биде европска, односно да биде слободна, истакна Врабчев.

Според него, доколку Бугарија и Македонија одново припаднат на два различни блока, ќе се создаде сценарио кое ќе биде многу драматично и ќе влијае врз целиот Балкански Полуостров. Во таков случај, смета Врабчев, земјава многу лесно може да западне во криза, бидејќи „има обиди за нејзина поделба, како и апетити кон не од трети држави".

Димитриевски со порака до „загржените“: Ние не менуваме страни, за разлика од нив имаме став

Преседателот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски денеска, заедно со носителот на листата на кандидати за пратеници во ИЕ 2, Даниел Стојчевски и останатите кандидати имаше средби со граѓаните во Куманово.

Во изјавата за медиумите Димитриевски упати неколку прашања до поранешниот премиер Ковачевски и, како што рече, луѓето коишто ја узурпирале социјалдемократијата во Македонија.

„Сакам да го прашам Ковачевски каде беше додека режимот на Груевски ја газеше Македонија, додека пратеници беа исфрлани од Собрание, додека луѓе маршираа по улици и се бореа за демократија и праведно општество?

Каде беше Ковачевски кога крвави излеговме од Собрание? Дали беше во друштво на Мијалков и Груевски во свечената ложа на Македонската филхармонија и уживаше во концертите? Дали тогаш беше вистински социјалдемократ, како што денеска глуми загрижен социјаладемократ?

Воедно да го прашам дали таа социјалдемократија за којашто тој се бори е всушност истата којашто се откажа од Гоце Делчев, ги избриша АСНОМ-ските повелби од Уставот на Македонија, дополнително ги прогласи за админстратори, а не за бугарски окупатори.

Учествуваше во менувањето на македонската историја и погубното потпишување на меѓудржавни договори со коишто се нанесе долгорочно зло на Македонија и на следните генерации“. Димитриевски истакна дека патот на ЗНАМ е јасен.

„Ние продолжуваме заедно со граѓаните напред. Нашата цел е да бидеме со граѓаните и без рзлика кој со каква иделогија е да ги застапуваме соодветно во идниот парламентарен состав.

Повеќе од убеден сум дека витинските социјалдемократи денеска се во ЗНАМ. Ние не менуваме страни, ние едноставно за разлика од сите нив имаме став.

А тие решија да ја уништат социјалдемократијата во целост грижејќи се за сопствените функции и позиции со тоа што се ставија самите себе си на добитни места на пратеничките листи, кои се всушност листи за обезбедување на имунитет на сите оние коишто учествуваа во тешки кривични дела во државата за коишто треба да сносат одговорност, а воедно со тоа даваат еден лош пример на реалните социјалдемократи“.

Тој ги повика сите социјалдемократи, сите слободоумни граѓани да дојдат и да се приклучат во ЗНАМ.

„Во ЗНАМ има место за сите. ЗНАМ е граѓанска партија којашто не прави разлика помеѓу граѓаните ниту на верска, ниту на етничка,ниту на било која друга основа. ЗНАМ е место за сите, мместо кадешто сите Македонци и сите останати граѓани на Македоннија можат да се обединат“, рече Димитриевски и упати честитка за претстојниот празник.

„Во оваа прилика сакам да им го честитам претстојниот празник на сите христијани од православна исповед и да посакам здравје и среќа. Воедно ве повикувам заедно да се бориме против црно-сивиот свет којшто е изграден во овие изминати 33 години“, рече Димитриевски во изјавата за медиумите денеска во Куманово.

Сектор за односи со јавност

Јаник Синер се повлече од Мастерсот во Рим, сите шокирани

Италијанскиот тенисер Јаник Синер нема да учествува на АТП Мастерсот во Рим, бидејќи се повлече од него.

Оваа информација ја потврди и самиот тенисер, со објава на социјалните мрежи.

- Не е лесно да се напише оваа порака, но откако повторно разговарав со лекарите и специјалистите за моите проблеми со колкот, морам да објавам дека за жал нема да можам да играм во Рим. Многу сум тажен што не се опоравив, тоа е еден од моите омилени турнири. Едвај чекав да се вратам и да играм дома пред италијанската публика. Сепак, ќе дојдам во Рим на неколку дена и ќе застанам на „Форо Италико“. Ви благодарам за вашите пораки за поддршка кои многу ги ценам. Сега ќе работам со мојот тим и лекарите за да бидам подготвен за Ролан Гарос. Се гледаме наскоро - напиша Синер.

Да потсетиме, Синер лани стигна до четвртото коло, односно осминафиналето на споменатиот турнир.

За ДУИ нема идна влада без двојно мнозинство – од Вреди им порачаа да се подготват за опозиција

Партиите од албанскиот политички кампус и денеска со обвинувања во пресрет на изборите... 

На ДУИ им пречат изборните слогани и зголемената националистичка реторика која, како што тврдат, доаѓа од ВМРО-ДПМНЕ. Министерот Бујар Османи на панел дискусија побара да се намали антиалбанската реторика која, како што вели, ја зголемува меѓуетничката нетрпеливост. Османи повтори дека нема влада без двојно мнозинство односно без Бадентер кој според него ќе го обезбедат ДУИ и Европскиот фронт. Најавите од Мицкоски и албанската опозиција „Вреди“ за постизборна коалиција, за Османи се легитимни, но порача дека и ќе треба да се комплетира и второто мнозинство, покрај тоа од 61 пратеник.

„ Слоганите бараме 61 пратеник за да ги исклучиме другите, или Македонија е повторно твоја, со идеја дека досега била на Албанците затоа што имаат премиер и министер за надворешни Албанец е недозволива. Колку и да е политички профитабилна. Колку и да носи гласови. Во една мултиетничка држава мора да биде табу изговарањето на такви слогани...Г-динот Мицкоски ВЛЕН може да ги повика на гости, во кафана, може да ги повика во рамки на коалицијата „Македонија повторно твоја“ и да ја подели власта со нив. Тоа е сосема дозволиво, тоа е нивна одлука. Но претставник на Албанците, Турците, Бошњаците, Ромите, ќе бидат тие што ќе ја добијат нивната волја. И затоа Рамковниот договор го дава принципот на двојно мнозинство“, изјави Османи.

Идната влада ќе биде стабилна, но без ДУИ, му одговорија албанските опозиционери. Според Изет Меџити од „Вреди“ целта на „интегративците“ е да предизвикаат политичка криза за да ги спасат корумпираните во нивните редовиој. Истакна дека по 8-ми мај ќе има Влада со ВЛЕН како единствен легитимен политички претставник на Албанците, а ДУИ, според Меџити, редно е да оди во опозиција.

„Ќе има и мнозинство на Бадентер, ќе се обезбедат основите на Охридскиот рамковен договор и ќе има одговорност за сите што работеа спротивно на законите. Не можете и не смеете заминувањето на ДУИ во опозиција да го претставите како проблем за опстанок на државата. Ова е крајно неодговорно и кукавичко. Затоа, ве повикуваме да престанете да ги срамите Албанците и славните борци на УЧК. Не е крај на светот ако одиш во опозиција. Како легалисти и демократи со нашиот политички кредибилитет гарантираме дека нема да има реваншизам, туку одговорност ќе има само кога тоа ќе се докаже во правилни судски постапки“, изјави Изет Меџити.

Инаку, партиите од албанскиот блок велат дека нема да подржат ниту еден од претседателските кандидати кои влегоа во вториот круг. И од Коалицијата ВРЕДИ и од Европскиот фронт предводен од ДУИ ги повикаа граѓаните да гласаат по сопствено убедување и порачаа дека тоа е екслузивно право на гласачите.

притисни ентер