Со прстен на усните - Ким на божиќна забава без Канје!

Во златен фустан и со прстен на долната усна Ким го прослави празникот со семејството. Нејзиниот сопруг Канје не беше присутен - пишуваат таблоидите.

Забавата ја организирапе Крис Џенер, а Ким се појави без венчалниот прстен. Таблоидите веднаш напишаа дека Канје не отишол на забавата бидејќи Ким го побарала тоа од него. Веднаш почна нова лавина од проценки - крајот на нивниот брак е близу!

'Sisters!' The Selfish author also showcased her substantial cleavage in a plunging golden flounce frock and ornate choker selected by her stylist Monica Rose

Но, Ким тоа го демантира.

- Приказната не е точна. Канје беше на забавата - изјави нејзиниот портпарол.

Но, претходно пријател на семејството за „The sun“ изјави дека Канје не бил поканет.

- Таа не му дозволи да присуствува на годишната божиќна забава на семејството и додека таа се забавуваше со сестрите тој со другари гледаше филм! Во петокот ја однесоа Норт на кино но не зборуваа меѓу себе. Ние еден од нив не е среќен!


Sticking together: Kim Kardashian has denied new claims her marriage to Kanye West is over
И Ким и Канје посетуваат психијатар. Таа поради траумата од грабежот во Париз, кој сеуште не е расветлен, а тој учи како подобро да се справува со стресот по нервниот слом што го доживеа минатиот месец. Ќе се обидат да го спасат бракот поради децата - велат извори за американските таблоидуи.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер