Со претставата „Хинкеман“ во режија на Тамара Стојаноска започнува 49. издание на МОТ

Младинскиот културен центар (МКЦ) го најавува 49-тото издание на Млад отворен театар (МОТ), кое започнува денеска и ќе трае до 21 ноември.

Како што стои во соопштението на МКЦ, Фестивалот ќе биде отворен со минатогодишните победници независниот театар „Златен Елец“ и претставата „Хинкеман“, по текст на Ернест Толер, а во режија на Тамара Стојаноска.

– Иако се осамени како независен театар на репертоарот, сепак, по регионалните награди, тие ја заслужија сцената, затоа завесата на МОТ ќе се крене со нивната нова премиера. Антивоената тема која се провлекува во нивната претстава го најавува и мотивот на годинешниот МОТ. Во време кога светот се соочува со две војни, програмата на овој МОТ го изнесува својот активистички став со кој во фокус ги става темите кои го запалија светот, а во нашето општествено политичко секојдневие не добиваат соодветно значење, вели организаторот Русе Арсов.

Претставата „Хинкеман“ ги истражува бруталните сили што управуваат со нашиот свет – војните, социјалните неправди и немилосрдните системи на економска моќ што ја ловат работничката класа. Таа ерупција на омразата меѓу луѓето и нациите е препознатлив знак на духот на времето во кое живееме и денес. Па осаменоста на човекот во таков пејзаж е доволно податлив, за со неа да се бави претставата „Без крв“, која е продукција на двегодишниот меѓународен проект „Манифест“ копродукција на Драмски театар – Пловдив и Народниот театар „Јордан Хаџиконстантинов – Џинот“ – Велес. Воената тема пластично ќе ја доловат шесте брилијантни актерки од Украина кои ќе ги раскажат своите приказни распнати меѓу војната и нивните секојдневни животи и нивните семејства и за тоа како ова состојба го има променето нивниот однос кон животот во перформансот „Танцот на смртта“на Ле Пре/Дак Театар. Перформансот е создаден кратко по почетокот на руската воена агресија и во моментов овој музичко – театарски проект ужива огромна популарност, а негови членови се дел од музичкото фрик – кабаре „Ќерките на Дак“ (Dakh daughters) од Киев.

Додека светот гори во глобален контекст, додава Арсов, на локално ниво се води војна за МОТ, бидејќи, како што стои во соопштението, 49. издание на МОТ се одржува со минимум буџет и е резултат на солидарноста на глобалната мрежа на Фестивалот.

– Додека светот гори во глобален контекст, на локално ниво ние водиме војна за МОТ. Се бориме и со минимум буџет покажуваме дека МОТ не е осамен, бидејќи солидарноста на глобалната МОТовска мрежа го овозможува и ова 49то издание на фестивалот. Инстинктот за преживување е силен, еднаков како љубовта која го шири овој млад и „средовечен“ фестивал, додава Арсов.

Надвор од ова тематско боење на фестивалот, на МОТ ќе биде прикажан „Скринејџери, втор дел“, рефлексивен мјузикл од Франција кој се обидува да одговори на прашањето каква трага остава дигиталниот хаос на нашата психа и фантазија, за да сме способни да го впиеме сето тоа „скролајќи“ надолу.

Потоа свое ггостување ќе има најнаградуваната претстава во историјата на Новосадско народно позориште „Ана Каренина“, во режија на Дејан Пројковски, која беше прогласувана за апсолутен победник на неколку регионални фестивали.

Присуството на Креативниот центар Крушче на Томи Јанежич, со делото „Куќа, дом“ на Катја Легин, од МКЦ велат дава можност за доживување на театарот во автентичен простор за темата, бидејќи ќе се одржи во куќа/дом на непозната локација во Скопје, за која, велат, публиката која има билет ќе добие адреса дополнително.

Театарот Промена, од Србија доаѓа со монодрамата „Мајорот и Хелена“, која е авторски проект на Алекса Јовиќ и ја обработува приказната на транс-родовата жена и нејзината храброст во конзервативното општество. „Сé што е важно“ е интерактивна претстава на театарот Арисандмарта од Грција, кој ќе ги донесе белешките за изведување на пријателство, низ сценски движења на кои публиката ќе биде сведок.

Театарскиот режисер и драмски писател Јари Јутинен, уметнички директор на „sadsongskomplex:fi“ од Финска, ќе биде домаќин на разговорен мастерклас за професионалци во театарот и студенти што ги истражуваат „зошто“, „кој“ и „како“ на меѓународната соработка. Со него заедно ќе бидат испитани зошто глобалните партнерства се важни во театарскиот свет, или пак, дали се?

Целосната програма и распоред на фестивалот можат да се погледнат на официјалната страна на фестивалот „mot.mk“, а билетите можат да се набават преку билет сервисот на МКЦ „bileti.mkc.mk“.

Момче се разбудило на сопственото кремирање, итно го вратиле во болница- казнети тројца лекари

Индиецот Рохиташ Кумар (25), кој бил прогласен за мртов, се разбудил на сопствената кремација, непосредно пред да биде кремиран, бидејќи лекарот не извршил обдукција.

Кумар, кој имал оштетен слух и говор, бил донесен во болница откако доживеал епилептичен напад.

Лекарот констатирал смрт, но наместо да се изврши обдукција, телото било однесено право во мртовечница, а потоа ставено за кремирање, според хиндуистичките обичаи.

Началникот на болницата рече дека лекарот го изготвил обдукцискиот извештај без реално да ја изврши обдукцијата.

Телото било испратено на кремирање, но непосредно пред да биде запалено, Кумар почнал да дише, пишува Euronews.

Веднаш бил вратен во болница, но подоцна починал. Тројца лекари се отпуштени, а полицијата започнала истрага.

Италија воведува многу построги казни за сообраќајни прекршоци- 1.000 евра за користење мобилен

Италија ги заостри казните за сообраќајни прекршоци за да ги направи патиштата побезбедни.

Италијанскиот Сенат донесе реформа на регулативата за патниот сообраќај, која покрај повисоките казни предвидува и други новини. Се очекува промената да стапи на сила во декември.

Драстично ќе се зголемат казните за сообраќајни прекршоци како брзо возење и користење мобилни телефони и возење под дејство на алкохол и дрога, пренесува Дневник.хр.

Казната за оние кои возат и користат телефон ќе се движи од минимум 250 до максимални 1000 евра. Во случај на повторување, казната се зголемува на 1.400 евра, одземање на возачката може да достигне три месеци, а се одземаат и од 8 до 10 бода. Времето во кое на возачот му е забрането да вози се дуплира доколку употребата на мобилен телефон предизвика сообраќајна незгода.

Италија има нулта толеранција на алкохол додека возите. За рецидивистите е објавена веста: доколку алкохолот во крвта е меѓу 0,5 и 0,8 грама на литар, казната е од 573 до 2170 евра, со одземање на возачката дозвола од 3 до 6 месеци. Доколку нивото на алкохол во крвта е меѓу 0,8 и 1,5 грама на литар, казната е затвор до 6 месеци и парично од 800 до 3200 евра како и одземање на возачката од 6 месеци до една година.

Доколку нивото на алкохол во крвта е поголемо од 1,5 грама на литар, за прекршокот е предвидена затворска казна од 6 месеци до една година и парична од 1.500 до 6.000 евра и со одземање на возачката дозвола од една до две години.

Меѓу казните е и обврската да се вгради брава за алкохол во автомобилот, уред кој го спречува палењето на моторот доколку се утврди нивото на алкохол во крвта. Оние кои ќе бидат позитивни на дрога и ќе бидат фатени како возат, ќе бидат казнети со одземање на возачката дозвола и забрана за возење на три години.

Според новите правила, предвидена е казна од 173 до 694 евра за секој кој максималната брзина ќе ја надмине за повеќе од 10 км/ч, не повеќе од 40 км/ч. Доколку прекршокот е сторен во градско подрачје, а најмалку двапати во текот на годината, глобата се зголемува на 220 и 880 евра со одземање на дозволата од петнаесет до триесет дена.

Погребална фирма во САД осквернавела 190 тела, на семејствата им давале цемент наместо пепел

Сопствениците на погребната куќа „Враќање во природата“ во Колорадо, Џон и Кери Халфорд пред судот се изјаснија за виновни по обвиненијата дека оставиле 190 тела на нивниот имот да се распаѓаат на собна температура.

Сопствениците на погребната куќа „Враќање во природата“ во Колорадо, Џон и Кери Халфорд пред судот се изјаснија за виновни по обвиненијата дека оставиле 190 тела на нивниот имот да се распаѓаат на собна температура, а на семејствата на починатите им бил даден сув цемент во урните наместо пепел.

Според договорот за признавање на вината меѓу обвинетите и обвинителите, се очекува Џон Халфорд да биде осуден на 20 години затвор, а Кери Халфорд од 15 до 20 години затвор, пренесува АП.

Во спогодбата, семејството Халфорд се согласило да им плати реституција на семејствата, чиј износ ќе биде одреден подоцна, а обвиненијата за кражба, фалсификување и перење пари ќе бидат отфрлени според договорот.

Од 2019 година, тие чуваат трупови во трошна зграда во близина на Колорадо Спрингс и им даваат на семејствата на починатите сува бетонска маса наместо кремирани останки, објави АП.

Со текот на годините, семејството Халфорд потрошило пари од клиентите и речиси 900.000 долари за време на пандемијата на коронавирус на луксузни предмети, како што се скапи автомобили, патувања во Лас Вегас и Флорида. Според судските документи, тие инвестирале повеќе од 30.000 долари во криптовалути и други луксузни предмети.

Минатиот месец, сопружниците се изјаснија за виновни за обвиненијата за измама и се соочуваат со повеќе од 200 обвиненија, вклучувајќи злоупотреба на трупови, кражба, фалсификување и перење пари.

Телата, за кои обвинителите тврдат дека биле несоодветно складирани, биле откриени минатата година кога соседите пријавиле непријатен мирис од зграда во градот во близина на Колорадо Спрингс.

Откритието предизвикало законски промени, бидејќи прописите на Колорадо за погребните услуги претходно биле меѓу најслабите во земјата, соопшти агенцијата.

Оваа година пратениците ги заостриле регулативите, воведувајќи задолжителни инспекции и барања за обука за вработените во погребалните претпријатија.

притисни ентер