Со кауција од 2 милиони долари , пуштен на слобода најголемиот холивудски предатор (ВИДЕО)

Поранешниот холивудски продуцент Харви Вајнштајн се согласи да понуди дополнително уверување дека нема да избега од случајот за сексуални напади.

Уверувањата биле поднесени до обвинителите во Њујорк, кои се обидоа да ја зголемат кауцијата, откако тој, наводно, не носел електронска нараквица.

Обвинителите побараа кауција од 5 милиони долари за поранешниот холивудски продуцент, наместо првичните милион долари, но судијата Џејмс Бурк од Врховниот суд во Менхетен се согласи да го ослободи Вајнштајн со кауција од два милиони долари, објави Ројтерс.

Вајнштајн (67) користеше помагало за да влезе во судницата.

Неговата адвокатка, Дона Ротуно, рече дека тој утре има операција на грбот.Судскиот процес е закажан за 6 јануари 2020 година, а Вајнштајн би можел да се соочи со доживотен затвор , доколку биде осуден.

Вајнштајн се изјасни дека не е виновен за сексуален напад врз две жени, едната во 2006, а другата во 2013 година.

Тој, исто така, ги негираше обвинувањата за злоставување на десетина жени, велејќи дека со нив е постигната согласност.

Арсенал се надева дека Жоргињо ќе го продолжи договорот

Фудбалерот од средниот ред на Арсенал, Жоргињо може да го напушти клубот.

Според „Standard“, за 32-годишниот Италијанец силно се заинтересирани Јувентус, Лацио и Наполи. Во исто време, лондонскиот клуб се надева дека играчот ќе ги одбие понудите и ќе го продолжи договорот со Топџиите.

Оваа сезона Жоргињо одигра 35 натпревари, постигна гол и две асистенции.

Се шпекулира дека одлуката дали Жоргињо ќе остане во Арсенал во голема мера ќе зависи дали неговиот тим ќе ја освои Премиер лигата. /МИА

Изречени 130 санкции за брзо возење на територија на државата

На територијата на државава во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 130 санкции за брзо возење.

Од нив, како што информираа денеска од Министерството за внатрешни работи, 12 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 53 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 77 надвор од населено место.

Санкционирани 157 возачи под дејство на алкохол

МВР информира дека вчера, во акциска контрола, се санкционирани 157 лица кои возеле под дејство на алкохол.

Контролата била спроведена од 16.00 до 22.00 часот на територијата на Република Северна Македонија.

Според МВР, санкционирани се и 183 други видови на сообраќајни прекршоци.

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, наведува Министерството.

притисни ентер