Снимка со 43 милиони прегледи: Младоженец си пишува пораки додека излегува од црквата (ВИДЕО)

На социјалните мрежи се шири вирално видео од свадба на која младоженецот бил зафатен со испраќање пораки.

На видеото се гледа како штотуку венчаната брачна двојка ја напушта црквата, а насмеаната невеста на почетокот не забележала дека младоженецот во тој свечен момент се занимава со мобилниот телефон. Но, откако ја напуштија црквата, нејзиниот поглед зборуваше погласно од зборовите.

Видеото, кое првично беше споделено на профилот TikTok на @CynthiaUmunze, а потоа избришано на Твитер, собра речиси 43 милиони прегледи, а екипата на социјалните мрежи се забавува предвидувајќи го исходот од бракот.

„Побарајте поништување на бракот, веднаш“, ја советувал невестата еден корисник на Твитер, додека друг искоментирал: „Можеби ѝ праќа пораки на својата љубовница“.

„Твојата врска ме инспирира... Да бидам сингл“, напишал трет, додека четврт се пошегува: „Ќе раскинат додека да дојдат до автомобилот“.

„Апсолутно ништо друго не е толку важно во тој момент... Нема оправдување за ова“, додаде петти.

Димитриеска-Кочоска: Приватниот сектор е наш приоритет

Поддршка на приватниот сектор и реализација на инвестиции се приоритет во нашето работење. 

Најдобриот показател за тоа се бројките. Годината ќе ја завршиме со реализација на капитални инвестиции која ќе биде над 70% од планираното, а износот ќе биде над оној во 2022 година“, рече министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во одговор на пратеничко прашање на денешната собраниска седница.

„Поддршката на приватниот сектор во 2025 година е над 2,5 милијарди денари, за разлика од 2022 година била 1,4 милијарда денари, во 2023 година 2 милијарди денари. Во ТИРЗ исто така има поддршка од 2,5 милијарди денари. Бројките покажуваат дали повеќе се грижиме“, рече министерката.

Таа додаде дека дополнителна поддршка за приватниот сектор се обезбедените 15 милијарди денари со каматна стапка од 1,95% за што истакна дека Владата ги има објавено условите за користење на средствата од страна на крајните корисници – компаниите. Исто така посочи дека и кон општините се префрлаат средства врз основа на реализација.

„Нема да дозволам трансфери од буџетот како во минатото и ќе работиме со поинаква постапка. Средствата на општините ќе се префрлат по реализација. Исто така и средствата наменети за компаниите кон Развојната банка, а оттаму кон деловните банки ќе бидат префрлени парцијално. Ако има вистински инвестиции може да зборуваме за префрлање“, посочи министерката.

Таа рече дека и повратот на ДДВ се врши редовно и дека е во износ од над 2 милијарди денари на месечно ниво. „Онаму каде што имало проневера и е отворена постапка не може да се врши поврат“, наведе министерката и додаде дека се отворени постапки и по однос на други прашања, соопштуваат од МФ.

Петардите можат да направат големи и трајни повреди

14 годишно момче е најмладиот пациент на Клиниката за пластична хиругија кое заради повреди на дланката ќе има доживотна инвалидност заради повреда од петарда. 

Хирурзите велат дека до денеска немаат примено пациенти со повреди од петарди. Тие со апел петардите се опасни и да не употребуваат во новогодишните празници.

Од Клиниката за пластична хирургија докторите заедно со МВР имаат предавање во училиштата и објаснуваат за последиците од повредите со петарди. Според законот за прекршоци против јавниот ред и мир казната е во износ од 200 до 500 евра за оној кој пука од огнено оружје или експолозивен материјал како што се петардите.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ го осиромашија народот и ја испразнија буџетската каса

СДС и ДУИ го осиромашија народот, за 7 години потрошија милионски буџети, а не направија ништо дополнително, ја оставија буџетската каса празна.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи константно за унапредување на животниот стандард на граѓаните. Растат платите, пензиите, се исплаќаат навремено субвенции за земјоделците, се носат нови инвестиции.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ за еден мандат ги зголеми платите на здравствените работници за над 40%, почнувајќи со ноемвриската плата.

За само 6 месеци има 8 инвестиции во вредност од околу 730 милиони евра, што ќе донесат нови 2800 вработувања.

СДС ги заборавија земјоделците и ги оставија со празни џебови.

Владата која ја предводи ВМРО-ДПМНЕ за периодот од овие 6 месеци, ги исплати сите заостанати обврски од претходните години во висина од над 2,5 милијарди денари.

Исплатени се над 1,7 милијарда денари кон 78.000 македонски земјоделци за тековната 2024 година.

Вкупно, за 6 месеци од кога е формирана Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, исплатени се над 4,3 милијарди денари кон македонските земјоделци.

СДС нема право да зборува за цени на производи затоа што тие беа креатор на двоцифрената инфлација, која го изеде стандардот на граѓаните. Со мерките поевтинија цените над 1100 производи, а грижата ќе продолжи и во иднина со слични мерки и за кошничките за Рамазан и Велигден.

Со владата на ВМРО-ДПМНЕ стартува трансформација, следуваат реформи, мерки и проекти насочени кон подобрување на квалитетот и зголемување на животниот стандард на граѓаните, се наведува во партиската реакција.

притисни ентер