Снегот во Дебарско не предизвика проблеми, но се препорачува внимателно возење

По обилниот дожд и ветерот, снегот што во текот на ноќта наврна во дебарскиот регион не создаде некои поголеми проблеми.

Ова го потврдуваат од дебарското подрачо одделение на Дирекцијата за заштита и спасување, каде нема пријави за проблеми или штети.

Дебелината на снежната покривка во населените места е од 10 до 20 сантиметри, а на планините е повисока.

Според Деар Лиманоски, раководител на дебарската секција на ЈП „Македонија пат", сите патни правци кои се под нејзина надлежност се проодни, но сообраќајот се одвива по влажни коловози, поради што се препорачува внимателно возење.

– Нашите екипи се постојано на терен. Снегот од коловозите е исчистен, сообраќајот се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на одделни места има остатоци од кашест снег. Поради тоа се препорачува внимателно возење и строго почитување на сообраќајната сигнализација, изјави Лиманоски за МИА.

Додава дека дека секцијата располага со потребната колична на абразивен материјал.

Под надлежност на оваа секција се делниците Дебар – Жировница (патен правец Дебар – Маврово), Дебар – Глобочица (патен правец Дебар – Струга), патот кон граничниот премин „Блато", потоа кракот Бошков Мост кон селата на Мала Река, како и патот Мелнички Мост – Центар Жупа или над 110 километри.

Директорот на ЦИА итно оди во Доха, делегацијата на Хамас го напушта Каиро

 Делегацијата на палестинското милитантно движење Хамас вечерва ќе го напушти Каиро, каде во присуство на посредници од САД, Египет и Катар се одржаа преговори за прекин на огнот и ослободување на заложниците од Газа.

Делегацијата го доставила својот одговор до египетските и катарските посредници и сега се враќа во Доха на дополнителни консултации, соопшти Хамас, пренесува „Тајмс оф Израел“.

Во исто време, неименуван функционер изјави дека директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА), Вилијам Барнс, итно ќе отпатува во Доха на разговори со премиерот на Катар, Мохамед Ал-Тани, додека преговорите за ослободување од заложниците се „на работ на колапс“, според „Тајмс оф Израел“.

Порталот јавува дека ќе разговараат и за привремено примирје.

- Бернс е на пат за Доха на итен состанок со катарскиот премиер, со цел да се изврши максимален притисок врз Израел и Хамас да продолжат со преговорите, рекол изворот.

Раперот Ар Кели доби уште 20 години затвор

Американскиот суд ја потврди 20-годишната затворска казна за раперот Ар Кели за сексуално злоставување деца, пишува Гардијан.

Ар Кели беше прогласен за виновен по три точки за детска порнографија и три точки за наведување на малолетник за секс.

Поротниците го ослободија по седум од 13 точки од обвинението дури и откако ги прегледаа снимките за злоупотреба. Тој беше ослободен по четвртата точка од обвинението за детска порнографија, по три точки за заговор за примање детска порнографија, по две точки за поттикнување малолетно лице на секс, а поротата одлучи дека не ја попречувал правната постапка што се водела против него во 2008. и за детска порнографија, пренесува Б92.

Инаку,во јуни 2022 година, по повеќе од две децении обвинувања за сексуална злоупотреба и поткуп, Кели беше осудена на 30 години затвор за водење на синџир за проституција и рекетирање.

Девет жени и двајца мажи детално опишале како Кели сексуално ги злоставувала и понижувала.

Раперот беше прогласен за виновен во 2021 година, а сведоците рекоа дека жртвите се надевале дека тој ќе им помогне во нивните кариери, а всушност од нив барал апсолутна послушност.

Фото: Лепа Брена на јахта за Велигден

Големата балканска музичка ѕвезда Лепа Брена на социјалните мрежи откри дека најголемиот христијански празник Велигден ќе го помине на својата јахта вредна 6 милиони евра.

Пејачката отпатувала на луксузна дестинација, а на својот Инстаграм профил објавила и покажала колку уживала.

На фотките Брена позира на палубата од јахтата.

притисни ентер