Смилковски пред почетокот на Евробаскетот: Да бидеме најдобрата верзија од себе

 Селекторот на македонската репрезентација составена од кошаркари до 20 години, Боро Смилковски побара од неговите избраници да дадат максимум на натпреварите од претстојниот Евробаскет. 

Основната цел, која ја презентира Смилковски е да се задржи континуитет на играње во друштвото на најдобрите млади играчи на Стариот континент.

- Да дадат се од себе, да бидеме најдобрата верзија е се што барам од играчите, сметам дека тоа е доволно да ја постигнеме нашата цел, опстанок во А- дивизијата. Успешно затворивме мини-циклус на подготовки во кој одигравме и шест пријателски натпревари. Задоволни сме од сработеното, играчите максимално посветени ги одработија овие подготовки и како стручен штаб сме навистина сме благодарни за нивната доверба во нашата работа, истакна Смилковски пред почетокот на Евробаскетот.

Европското првенство 2024 А-дивизија за кошаркари до 20 години ќе се одржи од 13 - 21 јули во Гдиња, Полска.

Македонските кошаркари се во Ц-групата со врсниците од Турција, Шпанија и Белгија.

Го погребале омилениот џип: Раскошниот погреб ги чинел 4.300 евра, имало 1.500 гости (ВИДЕО)

Во селото Падаршинга, во индиската држава Гуџарат, неодамна било организирано необично „простување“.

Ужалените сопственици во присуство на речиси 1.500 луѓе го кажале последното збогум на нивниот 18-годишен џип Сузуки.

Возилото било „закопано“ за време на специјална церемонија, која наводно чинела 4.300 евра. Сопствениците верувале дека џипот им „донел среќа“ и не сакале да го остават во ѓубре, пренесува Oddity Central.

Сопствениците изјавија за локалните медиуми дека поседуваат неколку скапи автомобили, меѓу кои и Ауди, но заслужно е старото Suzuki за просперитетот што го доживеале. На нивниот имот била ископана јама длабока 4,5 метри каде што завршил џипот.

На мрежите е објавено видео од свечената церемонија на кое може да се види дека џипот е спуштена во јамата со помош на импровизирана дигалка и дека е покриен со цветни ливчиња и зелена ткаенина.

„Овој автомобил беше повеќе од само возило. Тоа беше дел од нашиот пат до успехот. Наместо да го продадеме или оставиме во ѓубре, сакавме да го почестиме со траен спомен за идните генерации“, велат сопствениците.

По завршувањето на церемонијата, багер го закопал „сузукито“ со земја, а тажните сопственици најавија дека треба да се засади дрво на местото каде што е закопан, како потсетување на нивниот миленик.

Трамп сакал да ѝ ја купи косата на непозната девојка и ѝ понудил милиони (ВИДЕО)

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ѝ понудил на непозната девојка да ѝ ја купи косата и ветил дека за тоа ќе ѝ плати „милиони долари“.

Претходно на социјалните мрежи се појави видео од Трамп како вози количка за голф, а потоа застана покрај црна тинејџерка со бујни локни и изрази восхит од нејзината коса.

„Ми се допаѓа оваа девојка. Ми се допаѓа нејзината коса. Ја сакам нејзината коса. Ќе ти ја купам косата, ќе ти платам милиони“, рекол Трамп.

После тоа, тој ја поканил девојката малку да седне до него во количката за голф, разменил неколку зборови со неа, се фотографирал, а потоа си заминал сам, пренесува британски Телеграф.

Британскиот весник наведува дека косата на Трамп, „како и многу други работи“ била предмет на некои контроверзии.

Мајкл Волф, автор на книгата „Fire and Fury: Inside the Trump White House“, рече дека портокалово-русата коса на новоизбраниот претседател е оригинална, но дека Трамп направил „хирургија за намалување на скалпот“.

Тоа е болна процедура која вклучува повлекување на делови од скалпот со влакна и елиминирање на ќелавата точка.

Неодамнешниот биографски филм на Трамп „The Apprentice“ содржи сцена која ја прикажува оваа постапка.

Деталите од постапката прва ги откри поранешната сопруга на Трамп, Ивана, за време на бракоразводната постапка.

Според книгата на Хари Херт III, „Изгубениот магнат“, Трамп не бил задоволен од резултатите од операцијата.

Се вели дека Трамп имал повеќе процедури од тогаш, трошејќи, според познатиот пластичен хирург Гери Мотики, 160.000 долари за одржување на косата.

Пластичниот хирург од Њујорк, Гери Линкоу, исто така сугерира дека политичарот можеби имал најмалку пет трансплантации на коса.

Фановите на Тејлор Свифт бесни: Билетите од 16 долари се препродаваат за неколку илјади

Тејлор Свифт неодамна објави нови билети за нејзините последни три датуми на нејзината турнеја Ерас, која ќе се одржи во Ванкувер.

Цената на тие билети е 16 канадски долари (11 евра), бидејќи се седишта зад сцената, но некои ги препродаваат по значително повисоки цени.

Ова е првпат во нејзината кариера да се нудат билети за концертот на Тејлор зад сцената. И не само тоа, туку ова е убедливо најниската цена на билет за кој било нејзин настап, а камоли за еден како дел од турнејата Ерас, која предизвика невидена лудило низ светот.

Препродавачите сепак решија да ја искористат можноста да заработат дополнителни пари, што ги налути фановите на Тејлор. На некои места, билетите за Ванкувер се продаваат за повеќе од 2300 канадски долари (скоро 1600 евра).

„Препродавачите ги купуваа сите“, „Треба да забранат препродажба на билети. Цената сега е страшна“, „Како може билетите за Тејлор од 16 долари без поглед на сцената да се продаваат за повеќе од 700?“, напишаа разочарани обожаватели на пејачката.

„Вие љубители што купивте билети за 16 долари и сега ги препродавате за над илјада долари“, „Билетите се купени и веќе се на сајтовите за препродажба“, „Има еден куп од нив на StubHub за илјада долари “, продолжија други.

На некои не им било гајле ни што билетите се за седишта зад сцената, пишувајќи дека не им пречело да не видат ништо. Ова не е прв пат обожавателите на Тејлор од Канада да западнат во неволја.

Претходно на социјалните мрежи се прошири приказната за Мел Кеог од Отава, која купила 28 билети за концерт во Торонто на кој сакала да оди со пријателите и семејството. Меѓутоа, подоцна се покажало дека билетите што ги платила ги немало.

Таа го купила во август, но никогаш не ги добила билетите. Нејзиното семејство на тој начин изгубило 22 илјади канадски долари (речиси 15 илјади евра), додека нејзините соседи изгубиле над три илјади канадски долари (нешто повеќе од две илјади евра).

притисни ентер