Словенечкиот гудачки квартет „Дисонанс" и кларинетистот Дарко Брлек на „Охридско лето"

Музичката програма на фестивалот „Охридско лето" продолжува со концертот на гудачкиот квартет „Дисонанс" од Словенија, со кларинетистот Дарко Брлек. Концертот ќе почне во 21 часот, во катедралната црква „Света Софија".

Музичарите од гудачкиот квартет „Дисонанс", во состав: Јанез Подлесек – прва виолина, Матјаж Поровне – втора виолина, Оливер Диздаревиќ на виола и Клемен Хвала на виолончело, првпат се собрале поради изведба на дело за гудачки квартет од словенечкиот композитор Лојзе Лебич во 2014 година. Тоа било премиера на делото кое било напишано 30 години порано.

Изведбата на квартетот била одлично примена од стручната публика, а музичкиот критичар д-р Грегор Помпе за дневниот весник „Дневник" ќе напише: „овој ад-хок составен квартет за изведба на делото од Лебич беше вистинско изненадување. Станува збор за дело кое е бескомпромисно модерно, поради што веројатно досега не се нашле домашни музичари кои би го извеле, но затоа детерминираноста на младите музичари од Словенечката филхармонија длабоко навлезе во звучните каскади и придонесе кон возбудлива изведба. Би било навистина одлично кога овие музичари би креирале постојан ансамбл".

По ваквиот прием, членовите на „Дисонанс" навистина одлучиле да останат присутни на класичната музичка сцена, именувајќи го ансамблот со името на Моцартовиот гудачки квартет во C-dur, KV 465.

Од основањето до денес, квартетот „Дисонанс" настапува во концертното ателје на Сојузот на словенечките композитори, на Светските музички денови во 2015, на фестивалот „Собошки денови" во 2016, на фестивалот во Марибор, на интернационалното биенале за современа музика во Копер… Во соработка со италијанскиот кларинетист Микеле Марели квартетот настапил на летниот фестивал во Акви Терме, Алесандрија, во 2015 година, а го реализира и проектот „Деконструиран Моцарт" во рамките на интернационалниот циклус „Симфониски гласови" во Копер. Според членовите на ансамблот, името на квартетот ја отсликува нивната тенденција покрај класичната музичка литература, посветено да изведуваат и современа музика, особено напишана од словенечки композитори.

Дарко Брлек е генерален и уметнички директор на Интернационалниот фестивал во Љубљана. Во 1991 е најмлад именуван директор на Словенечката национална опера и балет во Љубљана, а само една година подоцна застанува на чело на „Љубљана фестивалот" како негов уметнички директор, функција која ја обединува со позицијата на генерален директор во 1995.

Како профилиран културен работник, Дарко Брлек е на бројни клучни културни позиции во Словенија. Меѓу другото, основач е на Културната комора на Словенија, а бил и дел од управните одбори на театарот во Марибор и на Аудиториумот во Порторож. Од 2005 до 2017 година е претседател на Еврпската асоцијација на фестивали, по што е прогласен за нејзин почесен член, а истовремено е и директор на Фестивалската академија за млади менаџери во културата која е иницијатива на Европската асоцијација на фестивали. За неговите залагања во културата добитнике на бројни државни награди и признанија меѓу кои и наградата „Отон Жупанчич"-највисока награда која ја доделува градот Љубљана за високи достигнувања во областа на уметноста и културата, а на 4 јули 2018 година Дарко Брлек беше одликуван со Орден за заслуги од Престседателот на Република Словенија за особен придонес во словенечката култура.

За Дарко Брлек културниот менаџмент е повеќе од професија, но тој истовремено активно се занимава со неговата прва љубов – музиката, настапувајќи како кларинетист во Словенија, но и на меѓународните концертни подиуми.

Блинкен се очекува во Саудиска Арабија на самит за глобална економија и за Газа

Највисокиот дипломат на Вашингтон е меѓу лидерите кои се очекуваат на економскиот самит организиран од Саудиска Арабија, што треба да почне в недела, со силен фокус на тешката војна во Газа, рекоа организаторите.

„Американскиот државен секретар Антони Блинкен „ќе дојде директно од неговите посети во Кина и на пат за Израел“, рече Борге Бренде, претседател на Светскиот економски форум на прес-конференција денеска во Ријад.

Други учесници на дводневниот специјален состанок се палестинскиот претседател Махмуд Абас и министрите за надворешни работи и премиерите од целиот Блиски Исток и од Европа.

Тие вклучуваат министри за надворешни работи од Франција, Германија, Обединетото Кралство и ЕУ и премиери од Катар, Јордан, Египет и Ирак, се вели во соопштението на СЕФ.

„Вкупно 12 шефови на држави и влади се појавуваат меѓу повеќе од 1.000 учесници“, рече Бренде.

Отворен нов Тинекс маркет во општина Илинден

По повод годинешниот 30-годишен јубилеј, Tинекс отвора уште е неколку нови маркети.

Денеска беше пуштен во употреба маркетот во скопската општина Илинден.

Лукаревска: И на 8 мај, и по 8 мај, ќе покажеме и докажеме дека СДСМ има луѓе

И на 8 мај, и по 8 мај, ќе покажеме и докажеме дека СДСМ има луѓе кои никогаш нема да отстапат од социјалдемократските вредности за слобода, правда, еднаквост и просперитет за сите граѓани, за сигурна и безбедна иднина.

“Денеска е 27 април, точно седум години од "крвавиот четврток" во македонското собрание.

Слободата и демократијата што ја имаме и живееме во изминатите седум години имаат своја цена. Сите големи успеси на СДСМ и на сите прогресивни граѓани имаат висока цена, ама вредеше, некои работи не смеат да се заборават, за да не се повторат. Затоа ние остануваме со граѓаните, со сите вас кои што верувате во единствениот исправен пат за државата, во членството во Европската Унија како најцврста гаранција за сигурна и безбедна иднина. Само заедно можеме да ја оствариме таа цел, зашто е наша, заедничка”, изјави носителката во третата изборна единица, Сања Лукаревска.

Лукаревска истакна дека СДСМ е голема, силна партија, која што секогаш донесувала правилни одлуки за сигурна иднина на државата.

“Никогаш нема да се откажеме од нашите социјал- демократски вредности за слобода, правда, еднаквост и просперитет за сите граѓани, без поделби и раздор, без крвави сценарија. Ние веруваме во заедничка, подобра, европска иднина за сите граѓани. И на 8 мај, и по 8 мај, ќе покажеме и докажеме дека СДСМ има луѓе кои никогаш нема да отстапат од нашите вредности, ги браневме и ќе продолжиме со истата посветеност, за нас нема друг пат. Да продолжиме заедно, да покажеме одлучност, можеме, како и пред седум години, заедно со сите прогресивни граѓани за сигурна и безбедна иднина”.

изјава од носителот на ИЕ3 Сања Лукаревска

притисни ентер