Словачка на постарите од 60 години им дава по 200 евра за првата доза, по 300 за трета

Словачка ќе обезбеди финансиски стимулации за лицата над 60 години кои се вакцинирани против коронавирус или примаат т.н. бустер доза, за да се зголеми стапката на вакцинација која заостанува зад другите во Европската Унија.

Парламентот денеска ги одобри исплатите, давајќи зелено светло на предлогот на владата, која првично размислувала да даде ваучери за хотели или ресторани, но наместо тоа се определиле за паричен поттик.

Оние кои ќе добијат бустер доза до средината на јануари ќе добијат 300 евра, додека групата над 60 години кои ќе аплицираат за оригиналната доза до тој датум ќе добијат 200 евра.

Словачка не е првата земја што нуди стимулации за вакцинација. Во октомври, Швајцарија им понуди бесплатни оброци во ресторани или кино билети на граѓаните кои ќе ги убедат своите пријатели да се вакцинираат против Ковид.

Американскиот град Хјустон во април соопшти дека ќе му плати 100 долари на секое лице кое ќе ја прими првата доза од вакцината против Ковид.

Словачка, со население од 5,5 милиони луѓе, беше сериозно погодена од последниот бран на пандемијата, поради што, полни се болниците, а мораше повторно да воведе и мерки за затворање.

Таа вчера имала втора највисока стапка на инфекција во светот во текот на изминатата недела, според Our World in Data.

Но, Словачка заостанува далеку зад другите земји од ЕУ во вакцинирањето на своето население, со 68 отсто од луѓето над 60 години целосно вакцинирани - трето најниско ниво во Унијата по Бугарија и Романија и помалку од просекот на ЕУ од 88 отсто.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер