Следната недела Словенија ќе излезе од политичката криза

Следната недела, политичката криза во Словенија може да биде разјаснета,  откако премиерот Марјан Шарец поднесе оставка на 27-ми јануари и предложи предвремени избори.

Во вторник, претседателот Борут Пахор ќе одржи средби со лидерите на парламентарните клубови на четирите партии, кои преговараат за формирање на ново владеачко мнозинство за да се избегнат предвремените избори, за можноста да се предложи парламентарен мандат за формирање на нова влада.

Ако Пахор смета дека имаат кандидат кој може да добие половина од поддршката на тајно гласање во парламентот, тој ќе го достави предлогот за нов премиер до крајот на неделата.

Во случај тоа да не се одлучи, претседателот тогаш официјално го известува Собранието. После тоа, ќе има рок од 14 дена парламентарните партии или групата од најмалку 10 пратеници да номинираат нова влада.

Доколку тоа не биде случај, има рок од 48 часа во кој сегашниот состав на парламентот може да одлучи да избере нов премиер со едноставно мнозинство пратеници присутни за време на гласањето, а доколку тој обид не успее, претседателот мора да го распушти парламентот и да распише предвремени избори.

За формирање на ново парламентарно мнозинство и преодна влада се преговарало зад затворени врати во последните неколку недели од страна на Словенечката демократска партија (СДС) на Јанез Јанша, Партијата на современиот центар (СМК) на Здравко Почивалшек, Демократската Нова Словенија (НСИ) на Матеја Тонин и Демократската пензионерска партија на Александра Пивец кои имаат 48 пратеници.

Според медиумите, нивниот најверојатен кандидат за нов премиер би бил Јанез Јанша, чија партија во сегашниот парламент е најсилна, додека на второ место по бројот на пратеници е Партијата на современиот центар (СМК) Здравко Почивалшек.

Јанша не даде изјави за разговорите последните неколку дена, но рече дека неговата партија е подготвена за предвремени избори.

Почивалшек вчера повеќе пати изјави дека е умерен оптимист дека четирите партии ќе успеат да ги усогласат своите програмски цели, што ќе им овозможи да го прифатат нацрт-идниот договор за коалиција, што ќе го одлучат раководствата и телата на партиите во понеделник и вторник.

На можноста да се формира нова словенечка влада во која Јанша би бил премиер и да доминира десницата, остро се спротивставуваат Социјалдемократите (СД) и помалите леви партии и бараат нови избори, на кои новата влада би ја избрале гласачите.

Приведени двајца дилери на дрога, пронајдени над три килограми марихуана

 Двајца прилепчани се приведени синоќа бидејќи во возилото „пежо“ со кое се превезувале биле пронајдени торба со над три килограми марихуана и автоматска пушка со празна рамка. 

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека двајцата дилери се приведени на регионалниот пат Дебар-Струга околу 21:30 часот. Автомобилот марка „пежо“ со скопски таблички било на рент а кар компанија. Возилото го управувал 34-годишниот Б.С., а сопатник бил 36-годишниот Д.Н.

Лицата се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Галант: Израел нема избор, мора да почне офанзива во Рафа

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант синоќа му кажал на својот американски колега, американскиот секретар за одбрана Лојд Остин дека Израел нема друг избор освен да почне офанзива во градот Рафа на југот на Појасот Газа.

Галант во телефонски разговор го информирал Остин за вчерашниот смртоносен ракетен истрел од Рафа на позициите на израелската армија, соопшти неговиот кабинет.

Тој изјавил дека се прават сите напори од страна на државата Израел да се постигне договор за ослободување на заложниците и привремен прекин на огнот и оти Хамас го отфрла секој предлог што ќе го овозможи тоа.

Галант му рекол на Остин дека „нема избор“ и дека тоа значи „почеток на израелска операција во Рафа“.

Притоа, тој се заблагодарил за блиската соработка и истакнал дека САД имаат важна улога во унапредувањето на дијалогот за ослободување на заложниците кои ги држи Хамас, пренесоа израелските медиуми.

Демократскиот сојуз:Да гласаме за Македонија

Демократскиот сојуз ги повикува сите граѓани, без разлика на етничка, верска или политичка припадност, да излезат на гласање, да гласаат  за стабилна, силна и унитарна Македонија.

Партиите кои се на власт, кои ги разградија институциите, ја криминализираа државата, ги загрозија националните и државните интереси, ги доведоа граѓаните во очај и предизвикаа масовно иселување, треба да одат во опозиција и да одговараат за грабежот и загрозувањето на опстанокот на државата.

Во овие сложени состојби кога се одлучува за иднината на Македонија, Ве повикуваме на масовно гласање за промени, за Гордана Силјановска Давкова (2) и за кандидатите за пратеници на Коалицијата ТВОЈА МАКЕДОНИЈА, предводена од ВМРО-ДПМНЕ (Број 2).

Бојкотот е антимакедонски чин и затоа повикуваме на разумно и одговорно однесување и гласање.

притисни ентер