Славните го оплакуваат поразот на Хилари Клинтон: Трамп е Брегзит (фото)

Приврзаниците на Хилари Клинтон во Холивуд го оплакуваат резултатот од изборите.

Многумина, меѓу кои актерката Лена Данам, пејачката Мајли Сајрус и комичарката Ејми Шумер, изјавија дека ќе ги напуштат САД доколку Трамп биде избран за претседател.

Инаку, миграциониот сајт на Канада падна неколку пати откако се променија прогнозите за резултатот од претседателските избори во САД.

Канада на официјалниот Твитер профил ги повика мигрантите “ да ја донесат својата културна традицијата и да ја поделат со другите граѓани“.


Славната пејачка и актерка Шер во интервју синоќа изјави дека се чувствува како да “изгубила член од семејството“.

„Видов дека ова се случува уште со Брегзит. Тогаш бев во Лондон и видов што ќе се случи. Упорно им зборував на луѓето дека ова е како Брексит. Трамп е Брексит. Тоа е неверојатно. Живеев во ерата на 12 претседатели и никогаш немам видено некој како него. Разбирам зошто светот е ужаснат од тоа што тој ќе биде претседател“ – изјави Шер.

Другите ѕвезди своето незадовоство од текот на претседателските избори го изразија на социјалните мрежи.

„Што се случува???“- напиша Ева Лонгорија на Снепчет.



„Позитивната страна на сето ова е што не мораме да се преправаме дека сме слободни од расизмот и сексизмот. Прашањето е: Што ќе правиме сега?“ – напиша актерката Џесика Честејн.



Големиот фан на Хилари Клинтон, Кејти Пери изјави дека нејзините родители гласале за Трамп, но ги повика гласачите да не брзаат и да гласаат за Клинтон.

„Прво, ако сте во земјава и го гледате ова, а вашите бирачки места се и понатаму отворени, морате да гласате за Хилари Клинтон“ – изјави пејачката.

Пери во неколку наврати настапи во кампањата на Клинтон, но синоќа не успеја со својата песна да ја разведри атмосферата во штабот на кандидатката на Демократската партија.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер