Членови на неговото семејство и долгогодишни пријатели и соработници се собраа во познатата улица во Лос Анѓелес, недалеку од „Capitan Entertainment Center” студиото каде инаку се снима емисијата на Џими Кимел, „Jimmy Kimmel Live!”.
Кимел беше присутен за да го поддржи музичарот кој дури 15 пати бил номиниран за наградата Греми, а друштво му правеа и Dr. Dre и Quincy Jones.
„Да се добие ѕвезда на Булеварот на славните е најголемата чест која еден музичар може да ја добие и доколку тоа некој го заслужува, тогаш тоа е Снуп Доги Дог. Ти честитам“ – изјавил Кимел.
Откако им се заблагодари на колегите и на семејството на долгогодишната поддршка, Снуп се заблагодари на себеси.
„И на крајот, би сакал да се заблагодарам на себеси. Сакам да се заблагодарам на себеси бидејќи верував во себе и напорно работев“ – изјавил раперот.
Снуп Дог стапи на сцената на рап музиката на почетокот на деведесеттите години, а набрзо се проба и во актерството. Зад себе има 16 албуми.