Медиумите наведуваат дека побарал со ДНК анализа да се потврди дека е тој таткото на девојчето Лили, кое е родено пред три недели.
Овен (49) Лили ја добил во врската со поранешната девојка Варуни Вонсвиратс. Со неа Овен, со неколку прекини, бил во врска околу пет години, а иако девојчето е родено минатиот месец, славниот татко се уште не ја видел.
„Сан“ наведува дека актерот дури одбил да сподели старателство со нејзината мајка. Инако, иако не останал во врска со една од мајките на своите двајца синови, Овен ги преземал татковските должности и поминува време со своите деца, но според пишувањето на некои портали, нема намера истото да го направи со Лили.
„Ова е приватна работа и не сакам да коментирам“ – изјавил претставникот на актерот за медиумите.
Актерот од претходните врски има два сина: седумгодишниот Роберт и четиригодишниот Фин.