Слаб одзив на парламентарните избори во Алжир

Во Алжир вчера се одржаа парламентарни избори, за кои владеачкиот естаблишмент се надева дека ќе ги смири антивладините протести, но излезноста на избирачите беше исклучително слаба.

Две години откако масовните протести го принудија долгогодишниот претседател да се повлече, властите се уште не го задушија протестното движење.

Вчерашните избори следеа по претседателските избори во 2019 година и референдумот за измена на Уставот на земјата во текот на минатата година, но многу Алжирци се уште веруваат дека владата всушност ја држат воените и безбедносните сили.

Излезноста во средината на денот беше слаба, а само 14,5 проценти од гласачите гласаа четири часа пред затворањето на избирачките места. На последните избори во 2019 година, три часа пред затворањето на гласачките места, гласаа 33 проценти од гласачите, а крајната излезност беше 40 проценти.

Претседателот Абделмаџид Тебун истакна дека одлуките ги донесува мнозинството од оние што гласале, без разлика на излезноста.

-Овие избори се нов чекор во градењето на нов Алжир, рече тој.

Протестното движење Хирак кое пред две години го принуди Абделазиз Бутефлика да се повлече од власта сака да ја исфрли старата владеачка елита и да и забрани на војската да се меша во политиката.

Хирак, исто така, го критикуваше Тебун дека е дел од режимот на Бутефлика, и покрај фактот што Тебун беше отстранет од функцијата премиер по три месеци.

Многу приврзаници на Хирак повикуваат на бојкот на гласањето. Водечките левичарски партии изјавија, исто така, дека ќе ги бојкотираат изборите во страв од можна измама.

Партиите кои со децении доминираат во политиката претрпеа удари поради обвинувањата за корупција против сојузниците на Бутефлика, што го отвори просторот за независни кандидати и умерени исламистички партии.

Исламистите предводени од Движењето општество за мир и секуларните партии, некогаш лојални на Бутефлика, исто така, се борат за места во Законодавниот дом со 407 члена.

Движењето општество за мир е најголемата исламистичка партија во Алжир и е главната опозициска сила во распуштениот парламент.

Земјата е во тешка економска состојба. Девизните резерви од 2013 година се намалени за четири петтини поради падот на приходите од извозот на енергенси, а голем број влади не успеаја да ја диверзифицираат економијата или да поттикнат зајакнување на приватниот сектор.

Право на глас во Алжир имаат околу 24,4 милиони лица. Конечните официјални резултати се очекуваат подоцна, во текот на овој месец.

„Гответе со Дракче“ - Макало од компири

Во петок (03.05.2024) во емисијата гостин ни беше Рада Бошковска

Состојки за денешниот рецепт:

500 гр. кромпир

3 пакувања сув пипер

1 главица лук

1 китка магдонос

сол и бибер по вкус

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Во Пустец ќе биде откриена спомен-биста на Гоце Делчев

На свеченост организирана од општина Пустец денеска на плоштадот во оваа општина ќе биде откриена спомен-биста на македонскиот револуционер Гоце Делчев.

Поздравни обраќања се најавени од градоначалникот на општината Пали Колефски, претседателот на македонската партија - Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, Васил Стерјовски, министер-советникот во македонската Амбасада во Тирана, Љуфтим Спахиу, како и претседателот на Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров.

Пред присутните со сплет македонски народни песни и ора ќе настапат и членовите на Културно-уметничкото друштво „Гоце Делчев“ од Битола.

Бистата се поставува по иницијатива на МАЕИ и е донација од партијата, а беше поддржана од градоначалникот Колефски и едногласно прифатена од Советот на општина Пустец. Таа е дело на авторот Зоран Тошевски од Скопје.

- Гоце Делчев е фигура која зазема централно место во колективната меморија на Македонците во нашата општина. Поставувањето на неговата биста на плоштадот кој го носи неговото име не само што е знак на почит, туку и потсетник на неговите идеали и наследство, изјави Колефски за МИА по доставеното барање.

Во 2008 година, Советот на општина Пустец едногласно донесе одлука со која плоштадот во Пустец се именува „Гоце Делчев“, а поставувањето на оваа биста, според претседателот на МАЕИ Стерјовски, ќе придонесе за зачувување на македонското културно-историско наследство и македонскиот идентитет во Република Албанија.

Во црквата „Св. Спас“ се одбележуваат 121 година од смртта на Гоце Делчев

Во црквата „Св. Спас“ во Скопје се одбележуваат 121 година од смртта на Гоце Делчев.

На вечното почивалиште на Делчев цвеќе положија претседателот на државата Стево Пендаровски, владина делегација предводена од министерката за одбрана Славјанка Петровска и министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова, собраниска делегација составена од Дарко Каевски, Даниела Николова и Велика Стојкова-Серафимовска, како и партиски делегации, здруженија, граѓани....

притисни ентер