На првенството во организација на во организација на Националната спортска федерација на слепи на Македонија и Здружение на слепи Кичево во соработка со Националниот сојуз на слепи на Македонија и со финасисика поддршка од Агенцијата за млади и спорт, учествуваа вкупно 36 натпреварувачи, мажи и жени, во екипна конкуренција со мешовот состав од Скопје, Тетово, Охрид, Кочани, Прилеп, Кавадарци, Струмица, Куманово и домаќинот екипата на Кичево.
-Првенството што се одржа вчера и завчера, а синоќа беа доделени наградите за најуспешните, помина во најдобар ред.Победи подобрата екипа или поконцентрирана во моментов, екипата на Скопје на која и го доделивме победничкиот пехар, изјави Зендел Зулбеари од Здружението за слепи на Кичево.
Тој додаде дека главна цел на првенството сепак било меѓусебното дружење.