Скандал во САД: Вработен во училиште удара тригодишно аутистично дете и го држи за нозе (ВИДЕО)

Родителите на 3-годишно невербално аутистично дете објавија видео на кое се гледа како вработен во образовна институција го удира нивниот 3-годишен син по глава, а потоа го носи низ ходникот држејќи го за нозете.

Танешиа Линдзи на нејзината страница на Фејсбук сподели безбедносна снимка од ходникот на Центарот за рано учење Роза Паркс во Дејтон направена на 21-ви август. Таа рече дека директорот на училиштето првично ѝ рекол дека нејзиниот син Брајлен бил „врзан“ од член на персоналот, но снимките од безбедносните камери покажуваат сосема поинаква слика. По инцидентот, вработениот дал отказ.

На видеото се гледа како Брајлен трча низ ходникот. Вработениот најпрвин го брка, а потоа го удира со тупаница по главата, по што тригодишното дете паднало на земја. Потоа вработениот го носи Брајлен наопаку за глуждовите, пренесува NBC News.

"Директорот не ни ја кажа целата вистина. Како што можете да видите, беше многу полошо од тоа", рече Линдзи. Адвокатот на родителите, Мајкл Рајт, рече дека училиштето го лажело семејството. „Тие не беа транспарентни и мора да сносат одговорност“, рече тој.

Линдзи изјавила дека морала да испрати три мејлови до училиштето пред да ѝ ја дадат снимката. Видеото го добила дури на 11 септември, три недели по инцидентот, но не го добила во целост. "Зошто Брајлен бегаше од него? Можеби не беше разигран. Не знам. Не знам затоа што прекинаа дел од видеото", им рекла мајката на новинарите.

Училишната област засега не го објавила името на вработениот. Семејството на тригодишното момче бара тој да биде уапсен и изведен пред лицето на правдата, но тие не планираат да го повлечат Брајлен од училиштето. "Тој му верува на својот учител. Сака да оди таму", објаснила Линдзи.

Кремљ го обвини НАТО за подгревање на тензиите со годишните вежби за нуклеарно одвраќање

Кремљ го обвини НАТО дека ги подгрева тензиите околу војната во Украина со неговата годишна вежба за нуклеарно одвраќање, што почнаа денеска, пренесе ДПА.

-Во контекст на жестоката војна што се води во Украина, ваквите вежби само водат до натамошна ескалација на тензиите, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков за руските медиуми, додава германската агенција.

Во последните 2,5 години Русија постојано спроведува свои нуклеарни маневри и се заканува дека ќе употреби нуклеарно оружје доколку се преминат одредени црвени линии.

НАТО ја започна својата вежба „Steadfast“ денеска на пладне, што ќе трае во следните две недели и на која учествуваат околу 2.000 војници и офицери од осум воздушни бази.

Рускиот претседател Владимир Путин неодамна нареди промена на нуклеарната доктрина на земјата која ќе дозволи употреба на нуклеарно оружје дури и доколку Русија се почуствува загрозено од употребата на конвенционално оружје.

Овој потег има за цел да го одврати Западот да и дозволи на Украина да го користи испорачаното оружје со долг дострел за напади врз воени цели длабоко во Русија.

Песков рече дека Русија смета дека се неопходни преговори за намалување на потенцијалот за нуклеарно

-Меѓутоа, бидејќи нуклеарните сили САД, Велика Британија и Франција во моментов се вклучени во војната поради нивното снабдување со конвенционално оружје за Украина, тоа е невозможно, рече тој.

Во минатото, Путин предупредуваше на нова трка во нуклеарно вооружување и предложи разговори меѓу големите нуклеарни сили за нови иницијативи за разоружување, потсетува ДПА.

Мицкоски: Германија останува наш силен поддржувач

Премиерот Христијан Мицкоски ја претставува Македонија на состанокот на шефови на влади на земјите од Западен Балкан во рамки на Берлинскиот процес.

Тој на маргините на состанокот имаше низа билатерални средби, вклучително и со германскиот канцелар Шолц.

-Германија останува наш силен поддржувач, наш сојузник и партнер во процесот на евроинтеграциите, изјави премиерот Христијан Мицкоски по низата билатерални средби.

Бесплатни превентивни гинеколошки прегледи во општина Зрновци

Општина Зрновци во соработка со Општинската организација на Црвен крст – Кочани до краот на овој месец ќе реализира бесплатни гинеколошки прегледи, во кои ќе бидат опфатени бесплатен ПАП-тест и абдоминален ехо преглед за жени.

Се работи за активности во процесот на превенција и рана дијагноза на рак на грлото на матката кај жените, а прегледите ќе ги спроведува медицински тим на гинеколози од Скопје.

-Мобилната гинеколошка амбуланта во којашто ќе се спроведуваат прегледите ќе почне со работа од утре, 15 октомври. Ќе работи во периодот од 10 до 13 часот, во Венчалната сала во Зрновци. Заинтересираните жени за бесплатен преглед може да се пријават и да се информираат на телефонот 078/397-019. Сите пријавени дополнително ќе бидат известени за датумот и времето во кое треба да се јават за преглед, истакна градоначалникот на Зрновци, Борчо Коцев.

Бесплатните гинеколошки прегледи ќе се реализираат во соработка со Министерството за здравство, Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство – Скопје и Македонската асоцијација на гинеколози и опстетичари - МАГО. Поддршката ја обезбедува Фондот за население на Обединетите нации – УНФПА. /MИА

притисни ентер