Скандал во Јапонија: Град добил пари за помош во корона-криза, а купиле статуа од 185.000 евра

Градот Ното, сместен на брегот на Јапонското Море во префектурата Ишикава, деновиве се соочува со многу критики откако потрошиле паери на огромна статуа на лигња, а биле наменети за спроведување мерки за борба против ковид- 19.

Имено, градските власти уплатиле околу 185.000 евра за џиновската скулптура за промовирање на локалната туристичка индустрија.

Локалните весници ги цитираат градски власти дека „летачката лигња“ е замислена како дел од туристички објект за да и се помогне на економијата погодена од епидемијата на коронавирус. Розово-белата статуа со раширени пипци е поставена за љубопитните луѓе да можат да се фотографираат.

Многу региони во Јапонија доживуваат голем пад на бројот на туристи поради пандемијата „ковид-19“, а градот Ното, каде што лигњите се вистински деликатес, наводно добиле значителна финансиска поддршка од владата за надминување на кризата, пренесува „Гардијан“.

- Скулптурата можеби ќе може да го поттикне туризмот на долг рок, но мислам дека би било подобро ако тие пари беа потрошени за медицинските работници на кои очајно им треба поддршка во моментов - вели еден жител на Ното.

Јапонскиот туризам тешко дека ќе се опорави толку брзо. Минатиот месец, премиерот Јошихиде Суга прогласи вонредна состојба во Токио и Осака, а владата сега размислува за продолжување на мерките за префектурите Хјого и Кјото.

Рестриктивните мерки, кои вклучуваат затворање на рестораните и големите продавници, треба да завршат на 11 мај, нешто повеќе од 70 дена пред отворањето на Летните олимписки игри во Токио.

Хирофуми Јошимура, гувернерот на префектурата Осака, каде капацитетот на болницата за пациенти со тешка форма на ковид-19 веќе надминал 99%, ќе побара од централната влада да ги продолжи итните мерки, бидејќи инфекциите не се намалуваат толку брзо како што се очекувало.

Покрај тоа, досега се вакцинирани помалку од 2% од населението во земјата. Јапонија вчера пријавила повеќе од 4.100 нови случаи - сега имаат 614 000 заболени, а бројот на смртни случаи се искачи на 10 500.

Во Италија тврдат: Димитријевиќ ќе биде ново засилување на Олимпија Милано

Познатиот италијански новинар Андреа Калцони во ексклузивна вест денеска вели дека нашиот најдобар кошаркар и актуелен член на Уникс Казан, Ненад Димитријевиќ, својата кариера ќе ја продолжи во Олимпија Милано.

– Ненад Димитријевиќ ќе биде второто засилување (после Џош Небо) за следната сезона. Договор на три години за македонскиот плејмејкер, објави новинарот на социјалните мрежи.

Станува збор за клуб кој редовно настапува во Евролигата, а сезонава во регуларниот дел заврши на 12-тото место.

Популарниот Нено сезонава покажува одлични игри во дресот на рускиот клуб и беше избран за МВП во регуларниот дел на сезоната.

Гордана Сиљановска-Давкова и Стево Пендаровски во „ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ДУЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА“

Дами и господа, утре Канал 5 Телевизија ќе ви го претстави последниот претседателски ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ДУЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА, помеѓу кандидатите Гордана Сиљановска-Давкова на ВМРО-ДПМНЕ и Стево Пендаровски на СДСМ.

Време за промени или за реформи, чекор напред, или статус-кво, што ќе им понуди Пендаровски на гласачите да го задржи тронот, а што Сиљановска да го освои?

Лојален на ветеното или на партијата, каков претседател сакаат граѓаните?

Политички инжињеринг или пародија, се кројат ли договори под маса уште пред да се знаат бројките? Ќе го надомести ли СДСМ пропуштеното во првиот круг? Можен ли е бојкот?

Продолжување на европскиот пат или отворање на Пандорината кутија, што ќе се случува на 9 Мај?

Утре во Само Вистина последното ТВ соочување кај Гоце Михајлоски со Гордана Сиљановска -Давкова и Стево Пендаровски во решавачкиот ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ДУЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА... Веднаш по вестите.

Директорот на ЦИА итно оди во Доха, делегацијата на Хамас го напушта Каиро

 Делегацијата на палестинското милитантно движење Хамас вечерва ќе го напушти Каиро, каде во присуство на посредници од САД, Египет и Катар се одржаа преговори за прекин на огнот и ослободување на заложниците од Газа.

Делегацијата го доставила својот одговор до египетските и катарските посредници и сега се враќа во Доха на дополнителни консултации, соопшти Хамас, пренесува „Тајмс оф Израел“.

Во исто време, неименуван функционер изјави дека директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА), Вилијам Барнс, итно ќе отпатува во Доха на разговори со премиерот на Катар, Мохамед Ал-Тани, додека преговорите за ослободување од заложниците се „на работ на колапс“, според „Тајмс оф Израел“.

Порталот јавува дека ќе разговараат и за привремено примирје.

- Бернс е на пат за Доха на итен состанок со катарскиот премиер, со цел да се изврши максимален притисок врз Израел и Хамас да продолжат со преговорите, рекол изворот.

притисни ентер