Скандал во Британското кралско семејство – колку љубовници имал принцот Филип ?

На само неколку дена пред прославата на 70 – годишнината од бракот , излезе во јавност книга во која се опишуваат аферите на Британскиот принц Филип, сопругот на кралицара Елизабета II .

Во книгата ,,Мојот сопруг и јас : 70 години кралски брак “ , се наведуваат бројните афери на принцот Филип со познати жени од Британскиот јавен живот .

Меѓу најпознатите се наведуваат детали од аферите со актерката Пат Кирквуд , ТВ водителките Кети Бојл и Сузан Барантес , која воедно е мајка на Сара Фергусон , жена на неговиот син , принцот Ендрју. Освен со сваќата , принцот бил во сериозна врска со пријателката од детството , Хелен Кордет , која не обелоденува чии се нејзините две деца. Во книгата се опишуваат диви забави и лудории на Британскиот двор .

Ниедна од овие тврдења не се докажани , иако кралскиот надзорник в книгата до детали ги опишува подемите и падовите во бракот на кралската двојка.

Гласините го поврзуваат принцот и со писателката Дафне де Муриер и со актерките Мерл Оберон и Ана Мејси .

Од сите жени со кои принцот Филип бил во врска , само писателката Сара Бредфорд потврдила дека принцот навистина имал голем број афери .

Но , принцот Филип уште во 1992 – рата ги демантирал ваквите наводи велејќи дека 24 часа дневно последните 40 години е под полициски надзор , така што не можел и да сакал да има излети надвор од бракот со кралицата Елизабета II .

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер