СЈО почна да ги предава предметите на Јавното обвинителство

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески ја почна процедурата за преземање на предметите на СЈО во своја надлежност.

Тој утринава со тим од јавни обвинители од институцијата со која тој раководи пристигна во СЈО каде што заедно со заменичката на Јанева,обвинителката Елизабета Јосифовска и присутните специјални обвинители го договараа трансферот на предметите.

По двочасовната средба Јовески рече дека до крајот на денот ќе се заврши предавањето, по што ќе следува попис на списите во секој предмет поединечно.

“ Донесов и упатство за примање на предметите, се постапува по упатството за примање на овие предмети, откога обинитеслтвото ќе го заврши процесот на примање на овие предмети ќе се пристапи конпописот на списи споредување со содржината на предметите и откако тој процес ќе заврши ќе се пристапи во натамошна фаза да се определи стварната и месната надлежност на обвинтислтво. До тој момент преземените предмети остануваат кај јавните обвинители од СЈО кои досега постапувале по предметите. На сила се безбедностните мерки кои досега внатрешната процедура на СЈО во делот на безбедносните прашања и ракување со предметите. “,Љубомир Јовески – Државен јавен обвинител.

-Најважно е во моментов дека тече процесот на преземање на предмерите, за сите останати прашања ќе постапуваме како што ќе биде наложено од државниот обвинител. Во моментов не можам да одговорам на тоа каде ќе бидеме ние и што ќе се случува со нас,Елизабета Јосифовска – СЈО.

Во овој трансфер период се одложуваат сите рочишта на СЈО. Денеска и самите обвинители побараа да се одложат расправите за “Титаник” и “Титаник 3” се додека не се утврди кој ќе ги застапува обвиненијата. За да нема застој во судските процеси и додека не заврши процесот на преземањето Јовески вели случаите ќе останат во надлежност на јавните обвинители од СЈО кои досега постапувале по нив.

“ Предметите нема да бидат стопирани затоа ние ги преземаме тие предмети, за да може, како што гледате во последните денови предметите се одлагаат, за да може тие понатаму да се процесуираат. Ние во процесот на определување на јнадлежноста на обвинителството и надлежноста на обвинителот ќе им дадеме приоритет на рпедметите по кои се водат определени рочишта. Јас очекувам дека Собранието час поскоро ќе го донесе законот за јавното обвинителство во кој ќе се решат не само овие прашања, туку и сите кои создаваат проблем во работата на ЈО. Мислам дека во овој период, ние можеме врз основа на постојните прописи да работиме и нас постојните прописи не не овозможуваат да работиме по конкретните предмети,Љубомир Јовески – Државен јавен обвинител.

Државниот обвинител не гледа ништо спорно во тоа начинот на кој Јанева преку писма испратени од притвор издаде наредба за префрлање на предметите, нешто што беше оспорувано во изминатиот период од дел од правниет експерти.

Јовески додаде дека идејата за трансферот, не е актуелна од сега, туку таа се наметнала и претходно со носењето начелното мислење на Врховниот суд.

Костадиновска-Стојчевска: Танцот со својата креативност ја афирмира македонската култура

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска го честита Светскиот ден на танцот, денот кога танцот се слави како моќ на човечкиот дух, на уметничкото творештво и на значењето на танцовата сцена во обликувањето на модерната уметност.

„Министерството за култура го потврдува својот придонес кон сцената и останува партнер во афирмацијата на македонскиот танцов идентитет“, рече министерката Костадиновска-Стојчевска, додавајќи дека танцот како креативна универзална уметност ја одразува и ја промовира македонската култура која има значајна историја на танци низ чие постоење се рушеле предрасуди и ограничувања.

Министерката Костадиновска-Стојчевска изрази уверување дека заедничките проекти го унапредуваат културниот дијалог и ја носат слободата на уметноста.

Дафина Стојаноска: Теарце е македонски непокор

Вчера, заедно со носителката на листата во ИЕ 6 од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, во посета на Теарце беа и техничките министри Панче Тошковски и Ѓоко Велковски. 

Остварија средби со жителите кои добија ветер во грб и беа задоволни од тоа што имаа можност да разговараат за нивната живеачка и опстанок во овие краишта. Тие биле и се македонскиот непокор. Остануваат во родните краишта, но овојпат очекуваат многу поголема поддршка од централната власт, бидејќи оваа сосема ги заборави.

Дизелот и Еуросупер БС 98 поевтинуваат за 0,5 денари

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС 98 ќе биде 89,50 денари за литар, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе се продава за 75,50, а Екстра лесното масло 1 (ЕЛ-1) за 75,50 денари.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), од полноќ се намалуваат за 0,50 денaри по литар, а цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 останува иста, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС 98 ќе биде 89,50 денари за литар, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе се продава за 75,50, а Екстра лесното масло 1 (ЕЛ-1) за 75,50 денари.

За 2,107 денари поскапува Мазутот М-1 НС и еден килограм ќе лини 46,661 денари.

притисни ентер