Сити на Гвардиола убедливо најскап тим на светот

Тимот на Манчестер сити, кој го предводи Пеп Гвардиола, со вложени 878 милиони евра е убедливо најскапа екипа во светот, се наведува во истражувањето на фудбалската опсерваторија при Меѓународниот центар за спортски студии (ЦИЕС) со седиште во Нешател, Швајцарија.

„Граѓаните“ застанаа на врвот на оваа листа благодарение на трансферот на Емерик Лапорт од Атлетик Билбао, а за неговите услуги беа потрошени 67 милиони фунти.

ПСЖ се наоѓа на второто место со 805 милиони евра, иако минатото лето Бразилецот Нејмар се пресели во Париз за рекордни 222 милиони евра.

Манчестер јунајтед на Мурињо е трет со вкупно 747 милиони евра, додека Барселона е четврта со 725 милиони.

Од ЦИЕС оценуваат дека според економската логика меѓу најскапите екипи треба да се бараат и минатогодишните финалисти од Лигата на шампионите, но сепак Реал Мадрид со 497 милиони евра е на шесто, а Јувентус со 448 милиони е на осмото место.

Меѓу десетте најскапи тимови се и Челзи на петто место со 592 милиони, Ливерпул е седми со 461 милион, Арсенал е деветти со 403 милиони и Евертон со 365 милиони евра е на десетто место. /МИА

Единствената Авганистанка во дипломатска служба шверцувала 25 килограми злато

Авганистанката Закија Вардак, генерален конзул во Мумбаи, Индија, која била назначена пред талибанците да ја преземат власта во 2021 година, единствената жена во земјата во дипломатската служба, поднесе оставка.

Авганистанката Закија Вардак, генерален конзул во Мумбаи, Индија, која била назначена пред талибанците да ја преземат власта во 2021 година, единствената жена во земјата во дипломатската служба, поднесе оставка по извештаите дека била приведена поради наводен шверц на злато.

Вардак вчера објави дека дала отказ на својот официјален профил X (Твитер), откако минатата недела индиските медиуми објавија дека била накратко задржана на градскиот аеродром поради наводно шверцување на 25 златни прачки, тешки по еден килограм од Дубаи. Според информациите на индиските медиуми, таа не била уапсена поради дипломатскиот имунитет.

Во изјавата Вардак не ги спомнала наводите за шверц на злато, но истакнала дека длабоко жали што како единствена жена во авганистанската дипломатија, наместо да добие конструктивна поддршка за да ја задржи својата позиција, се соочила со бранови организирани напади насочени кон уништување.

„Во текот на изминатата година наидов на бројни лични напади и клевети насочени не само кон мене, туку и кон моето потесно семејство и роднините“, додаде таа.

Вардак истакнала дека нападите „сериозно влијаеле на нејзината способност за ефективно работење и ги покажале предизвиците со кои се соочуваат жените во авганистанското општество“.

Министерството за надворешни работи на Талибанците не одговорило веднаш на повиците на агенцијата за коментар за оставката на Вардак.

Шок на плажа во САД: Луѓе мирно се шетаат, кога пред нив принудно слета авион (ВИДЕО)

Едномоторниот авион „Цесна 152“ слета на плажата Седар во градот Маунт Синај во средата околу 19:30 часот по локално време.

Шеесетгодишниот пилот пријавил дека авионот имал дефект на моторот пред да слета на плажата, пред изненадените луѓе кои шетале и уживале во зајдисонцето, јавува ABC7.

При слетувањето, авионот за малку ќе се превртел, бидејќи предниот дел удрил во песок.

Пилотот и неговата сопатничка, 59-годишна жена, не се повредени. Повредени нема ниту на плажата.

ФАА ќе го испита инцидентот.

Огромна скулптура на хот дог се појави на Тајмс Сквер во Њујорк (ВИДЕО)

Тајмс Сквер во Њујорк е место каде што може да се види навистина сè - од необични луѓе до чудни уметнички инсталации, а една таква неодамна се појави на плоштадот.

Станува збор за необична, џиновска скулптура на хот-дог долг речиси 20 метри - со малку сенф одозгора. Но, тоа не е сѐ. Како оваа инсталација да не е доволно чудна сама по себе, секој ден напладне се дига во воздух и од неа летаат конфети.

Станува збор за скулптура која ја создале двајца уметници од Бруклин, Џен Катрон и Пол Аутлау, а со неа сакале да му оддадат почит на сето она што го симболизираат хот-догот. Во интервју за The Art Newspaper, Катрон ја објаснил симболиката на ова уметничко дело.

„Историјата на хот-догот и како се прави, како стигна до каде што е денес, тоа е навистина вистинска американска приказна - од луѓето кои го прават и луѓето што го јадат, до луѓето кои профитираат од него. Сето тоа завиткано во ова јадење кое е вкусно, но и забавно и глупаво во исто време“, вели Катрон.

@timessquare.nyc And the weiner takes all! 🌭 ‘Hot Dog in the City’ by artist duo Jen Cantron and Paul Outlaw is finally in #TimesSquare 🌟 If you missed the unveiling, you can always ketchup! ‘Hot Dog in the City’ will be on view until June 13, 2024 @ Broadway and 46th St with a confetti pop daily at 12pm. We have more exciting hot dog events to come! #NYC #HotDogInTheCity #HotDog #PublicArt #FreeEvents #NYCEvents ♬ original sound - Empire State Building

Заедно со скулптурата со хот-дог се одржуваат различни настани, меѓу кои и натпревар во јадење хот-дог, како и натпревар за најубаво куче, а скулптурата на хот-дог ќе биде на Тајмс Сквер до 13 јуни.

притисни ентер