Имено, само што Холивуд го потресе еден од најголемите секс скандали во кои филмскиот продуцент Харви Вајнштајн сексуално вознемирувал и силувал актерки, неговата убава жена доживеа сите да и го свртат грбот. И дури иако го остави и се извини на сите жртви злоставувани од нејзиниот маж, таа остана без пријатели.
Наскоро, како што пишуваат странските медиуми, најверојатно ќе остане и без компанија и без пари.
Имено, наводно нејзиниот маж освен што ги малтретирал актерките, додатно ги терал и да носат нејзини креации на гала вечерите и “црвените теписи“.
Убавата Џорџина освен без клиенти по се изгледа ќе остане и без работници.
„Вработените веќе сами ја напуштаат својата газдарица. Сите сакаат да побегнат од бродот кој тоне. А актерките веќе не сакаат да слушнат за овој бренд, но ни обичните смртници. Исто така, младите се повеќе се откажуваат бајковитите венчаници на брендот“ – изјави добро известен извор од модните кругови.