Почнувајќи од 2022 година, сите нови возила на продажба во ЕУ, ќе имаат приклучок Алколок, црна кутија, автоматски систем за сопирање и систем за предупредување за менување лента (освен ако не се вклучени индикаторите за вртење).
Исто така, дизајнерите на сите нови автомобили и комбиња ќе треба да понудат форма за предниот дел на возилото, што ќе го намали ризикот од повреди на пешаците и велосипедистите при судир.
Алколок ќе обезбеди опција за оние кои биле казнети поради возење под дејство на алкохол , задолжително да направат алкотњест пред да го стартуваат автомобилот, а во спротивност , се вклучува систем , што не му дозволува на автомобилот да тргне.
Доколку возачот има недозволено количество алкохол, нема да можат да го стартуваат моторот на возилото.
Што се однесува до црната кутија, таа ќе ги сними податоците за телеметрија пред, за време и по сообраќајна несреќа.