Сиријците го прославуваат падот на режимот на Асад: Конечно можеме да дишеме (ВИДЕО)

Новинарите на Би-Би-Си отидоа во Сирија, откако бунтовниците го соборија владеењето на Башар ал Асад во Сирија, а првото нешто што го слушнаа на улиците беше шкрипење на автомобили и громогласно пеење.

Имало и такви кои вееја победнички знамиња. Веста во текот на ноќта дека Дамаск падна и сирискиот претседател побегна, поттикна некои Сиријци во Либан да побрзаат кон Масна, граничниот премин најблиску до нивниот главен град.

Планот беше да се интервјуираат луѓе кои сакале да ја преминат границата, но решиле да продолжат во Дамаск. Таму сретнале човек по име Хусен кој видно плачел. Тој за Би-Би-Си изјави дека е поддржувач на претседателот Башар ал Асад и дека многу се плаши.

„Не знаеме ништо за тоа што ќе се случи внатре. Може да нѐ убијат, тоа е хаос. Секој што работел со режимот или војската вели дека ќе им дадат безбеден излез, но никој не знае. Ако тоа не е точно, тие ќе ги платат последиците“, рече Хусен, кој со семејството пристигнал на граничниот премин со Либан, но не носеле документи.

Кога влегоа во Сирија, патот кон Дамаск беше ширум отворен. Кога се приближуваа до главниот град, можеа да видат знаци на војската што се повлекува - армиски џипови и тенкови, напуштени. Воени униформи се фрлаат по патиштата каде војниците ги скинале, пишува Би-Би-Си.

На улиците имало сообраќај, но дуќаните се затворени. Луѓето се собрале на централниот плоштад Омајад, воодушевени од извонредниот крај на повеќе од петдецениското авторитарно владеење на режимот на Асад. Вооружени лица пукале во воздух, а имало и повредени.

Цивилите се возеле наоколу со своите автомобили, светкајќи знаци за мир, велејќи дека работите ќе бидат многу подобри сега кога Асад го нема. Една постара жена плаче.

„Благодарам, благодарам“, извика таа како да се моли. и додаде: „Тиранинот падна, тиранинот падна!“. Многумина во нејзиното семејство умреле под власта на Асад, рече таа, некои во затвор.

Пријдов на пар со четири мали деца, чии родители беа доста среќни. Велат дека се неописливо среќни и дека не можат да веруваат дека тоа го доживеале.

„Тоа е неописливо чувство. Многу сме среќни. После сите години диктатура што ги живеевме во животот! Бевме во затвор во 2014 година и сега сме надвор фала богу. Победивме поради нашиот народ, нашите борци и сега сме во моментот каде што ќе ја изградиме најголемата Сирија!“, рече тој.

„Ги покануваме нашите сестри и браќа кои ја напуштија земјата да се вратат. Нашите срца и домови се отворени за вас“, апелира тој до своите сограѓани.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ го осиромашија народот и ја испразнија буџетската каса

СДС и ДУИ го осиромашија народот, за 7 години потрошија милионски буџети, а не направија ништо дополнително, ја оставија буџетската каса празна.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи константно за унапредување на животниот стандард на граѓаните. Растат платите, пензиите, се исплаќаат навремено субвенции за земјоделците, се носат нови инвестиции.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ за еден мандат ги зголеми платите на здравствените работници за над 40%, почнувајќи со ноемвриската плата.

За само 6 месеци има 8 инвестиции во вредност од околу 730 милиони евра, што ќе донесат нови 2800 вработувања.

СДС ги заборавија земјоделците и ги оставија со празни џебови.

Владата која ја предводи ВМРО-ДПМНЕ за периодот од овие 6 месеци, ги исплати сите заостанати обврски од претходните години во висина од над 2,5 милијарди денари.

Исплатени се над 1,7 милијарда денари кон 78.000 македонски земјоделци за тековната 2024 година.

Вкупно, за 6 месеци од кога е формирана Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, исплатени се над 4,3 милијарди денари кон македонските земјоделци.

СДС нема право да зборува за цени на производи затоа што тие беа креатор на двоцифрената инфлација, која го изеде стандардот на граѓаните. Со мерките поевтинија цените над 1100 производи, а грижата ќе продолжи и во иднина со слични мерки и за кошничките за Рамазан и Велигден.

Со владата на ВМРО-ДПМНЕ стартува трансформација, следуваат реформи, мерки и проекти насочени кон подобрување на квалитетот и зголемување на животниот стандард на граѓаните, се наведува во партиската реакција.

Можен ли е консензус меѓу власта и опозицијата за најважните државни прашања?

Повиците за национално единство околу државните интереси се чекор во вистинска насока, но обединувањето на власта и опозцијата околу важните прашање нема да оди лесно поради нивните дијамерално различни ставови. 

Ова е ставот на дел од аналитиачрите по последните тонови упатени од власта и од опозицијата дека е потребна заедничка државна стратегија и консензулна внатрешна политика околу државните интереси и евроинтеграциите на земјава.

„Многу е тешко да се обедините кога почетните позиции ви се толку дијаметрално спортивни, а Македонија е поделена на тоа прашње и по етничка основа. Имајќи ги во предвид ваквите поделби тешко е дека овие повици ќе доведат до некаков заеднички резултат. Но мора да се каже дека самиот повик за обедниување и за седнување на маса за инклузивен дијалог околку предизвиците со кои се соочува државата се чекот во вистински правец“– Петар Арсовски, политички аналитичар.

„Политичките разлики завршуваат на границите на државата кога е во прашање надворешната политика. Надворешната политика секогаш мора да биде унисона затоа што затоа што во спротивно вие ја отежнувате работата на допломатијата на онаа партија што е на власт во тој момент. Јас се надевам дека конечно созреавме и дека ќе сфатиме дека без дијалог меѓу власта и опозицијата нема напредок на државата, и тука нормално треба да се постигнуваат компромиси“.. – Јован Донев, поранешен амбасадор.

И Донев и Арсовски сметаат дека постои извесна промена на ЕУ вокабуларот кон земјава и дека е добро што европските лидери почнале ги сослушуваат македонските политичари, но порачуваат дека е мала веројатноста ЕУ да го промени официјалниот став за евроинтеграциите на земјава.

„Има некаква промена на вокабуларот кон нас, меѓутоа се уште се тоа мешани пораки. Од политичките лидери како Орбан, Макрон некаква надеж за промена на условите, а од официјалните претставници на ЕК и ЕУ тврди повици за исполнување на договореното. Тие мешани пораки ќе направат некаква конфузија и не сум сигурен во кој правец тоа ќе се развива. Доколку ЕК и ЕУ го сменат ставот можеби има простор за некакви промени“– Петар Арсовски, политички аналитичар.

„Фактот дека почнуваме да разговараме и фактот дека не сослушуват е добар знак. Меѓутоа се уште е многу рано да зборуваме дека имаме некави сериозни поместувања. Треба да го цениме тоа што не сослушуваат, што претседателот Макрон го сослуша премиерот Мицкоски тоа е голема работа, меѓуоатоа не значи дека се прфатил од еден разговор.. тоа ќе оди многу бавно и многу тешко“– Јован Донев, поранешен амбасадор.

На потребата од синхронизација и усолгасување околу националните и државните интереси меѓу политичките јасно укажа претседателката Сиљановска во годишното обраќање пред пратениците, речиси во исто време кога градење на заедничка државна стратегија предложи и опозицискиот лидер Филипче на прес-конференција.

Маркетите почнаа сами да ги намалуваат цените на дел од прехранбените производи

Маслото, јајцата, месото, дел од млечните производи - самоиницијативно од вчера дел од трговците ги намалиле цените на 30тина производи, пазарните инспектори и денеска на терен. 

Директорот на пазарен за Канал 5 вели и натаму се анализираат цените на основните прехранбени продукти кои не се дел од новогодишната кошничка, по што ќе се знае дали Владата ќе донесе или не поригорозни мерки, кои вчера ги најавија и премеирот и министерот за економија.

Од пазарен велат, досегашните анализи покажале дека, дел од производите кои граѓаните секојдневно ги купуваат а не се дел од кошницата откако изминатиов период дрстично поскапеа, од вчера почнале да се намалуваат и тоа за околу 20 %. Граѓаните кои ги анкетиравме велат едвај врзуваат крај со крај.

Заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески, во гостување во Здраво Македонијо на Канал 5, вели свесни се дека цените на основните прехрамбени производи кои не се дел од кошницата, која беше предложена од самиот бизнис, се покачани, но и тој верува дека сите трговци ќе реагираат навреме и нема да бидат приморени како Влада да делуваат.

„На некој начин сами си ја изигруваат мерката....доколку продолжи тоа така имаат рок да ги средат цените. А гледам вчера имаше најава за средување на цени на овие производи како што се јајацата, одредени месни производи, месо, маслото, кафето, какото, шеќерот и ред други производи ќе бидат намалени и во наредниот период ќе бидат намалени. Доколку тоа не го осетиме, ние ќе бидеме приморани да направиме нова мерка која ќе биде поригорозна.“ -изјави Марјан Ристески – заменик министер за економија и труд.

Новогодишната кошничка која премиерот и министерот Дурмиши ја промовираа на почетокот на месецов, е прва ваква мерка предложена од самите трговци, дистирбутери и производители, на листата се најдоа над 1000 производи, кои поевтинија за намалку 10 %.

Но на сметка на кошничката скокнаа цените на основните производи, за што од Владата изразија разочараност. Премиерот Мицкоски изминативе денови упати апел до трговиците да си го преиспитаат однесување, рече дека дел од цените се зголемиле и за дури 25 % и доколку тоа не се промени во следниве денови, предновогодишно, како Влада ќе донесат нови мерки.

притисни ентер