Синот на Лепа Брена преживеал клиничка смрт

Стефан Живоиновиќ , синот на легендарната Лепа Брена , во Мајами доживеал клиничка смрт .

Само по неколку часа откако играл тенис , Стефан паднал во кома . Докторите од итната помош се посомневале на триминутна кома од кардиолошка природа , но Стефан вели дека бил здрав.

- Да , тоа се случи во Мајами . Само паднав и потоа ништо не знам. Траеше како вечност , иако ми велат дека само неколку минути сум бил во безсознание. Од Итната помош , која веднаш дојде , велат дека им личи на клиничка смрт. Навистина не знам ,не ми беше ништо , изјавил Стефан за Српските медиуми .

- Не се јавив никому , зашто не е битно , може секому да се случи . Не ни смеев да и кажам на Брена . Таа беше во Србија , јас во Америка. Ги направив сите анализи и здрав сум како дрен . Докторите од итна згрешија. “

Стефан вели и дека на мајка си и на татко си им го раскажал случајот по некое време , зашто не сакал да ги загрижува .

Четири деца тешко повредени откако паднале од покрив на спортска сала во Штутгард

Четири деца на возраст од 13 години се тешко повредени кога за време на игра паднале од покрив на спортска сала во германскиот град Штутгарт, соопшти полицијата.

Полицијата навела дека децата паднале од висина од седум метри од покривот на спортската сала во Ремшалден во Штутгарт и дека со спасувачки хеликоптер биле пренесени во болница, пренесе „Шпигел“.

Полицијата истражува зошто и како се искачиле децата на покривот.

Во спасувачката акција биле вклучени три хеликоптери, две полициски патроли, 40 пожарникари на седум возила и 13 возила на Итна помош.

Арсовска: Мир, спокој, здравје и љубов за сите, честит Велигден

Мир, спокој, здравје и љубов за сите православни христијани, посака денеска градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска од пред Соборниот храм, честитајќи го Христовото воскресение - Велигден.

- Посакувам да се сакаме, да се почитуваме, да имаме обѕир еден кон друг, да бидеме хумани, да бидеме солидарни и да покажуваме грижа еден кон друг, секој еден ден во годината. Нека е за многу години денот и празникот, порача Арсовска.

Ковачевски: Македонскиот јазик денес е на исто рамниште со официјалните јазици во ЕУ

Ковачевски за Ден на македонскиот јазик: Македонскиот јазик денес е на исто рамниште со официјалните јазици во ЕУ, тој е темел на нашиот идентитет.

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, упати честитка до граѓаните по повод денешниот ден, 5 мај, Ден на македонскиот јазик.

Во честитката, Ковачевски посочува дека денеска оддаваме почит кон создавачите на македонскиот литературен јазик и ја продолжуваме мисијата за негова афирмација и заштита.

„Денеска кога го одбележуваме Денот на македонскиот јазик, оддаваме должна почит кон сите создавачи на македонскиот литературен јазик и ја продолжуваме мисијата за негова афирмација и заштита.

Македонскиот јазик денес е дел од нашата лична карта во Обединетите нации. Со потпишувањето на договорот со ФРОНТЕКС на чист македонски јазик, го издигнавме нашиот јазик на исто рамниште со останатите официјални јазици во Европската Унија, на кабините за превод во ЕУ стои нашиот македонски јазик.

Македонскиот јазик е темел на нашиот идентитет, грижата за негово зачувување и унапредување останува наш приоритет, затоа што влог во јазикот е влог во иднината. Нека ни е честит 5 мај, Денот на македонскиот јазик“, вели во честитката, претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

СДСМ

притисни ентер