Сингапур е најскапа држава за автомобили, само дозволата за купување чини 100.000 евра

Цената на сертификат за поседување семеен автомобил во Сингапур достигна нов рекорд од 146.002 сингапурски долари или 101.385 евра.

Сингапур ги воведе сертификатите за сопственост на автомобили во 1990 година како мерка за заштита на животната средина. Сертификатите (COE) се продаваат на аукции на секои две недели, а дозволениот број го одредува владата, пишува Би-Би-Си.

Со даноци и увозни давачки, Сингапур е најскапата земја во светот за купување автомобил. На пример, новиот стандард Toyota Camry Hybrid чини околу 250.000 сингапурски долари (околу 173.600 евра), што е шест пати поскапо отколку во САД. Постојат неколку видови на сертификати во зависност од возилото - за помали автомобили, мотоцикли, комерцијални возила...

Цените на сертификатите достигнаа рекордно високо ниво во последниве месеци бидејќи закрепнувањето по пандемијата ја зголеми побарувачката. Најевтиниот сертификат за автомобил чини околу 72.000 евра, што е речиси три пати повеќе од 2020 година, кога побарувачката за нови автомобили беше помала поради пандемијата.

Таканаречената „отворена категорија“, која нема ограничување за која може да се користат автомобили, достигна рекордни 105.500 евра. Алис Чанг од Toyota Borneo Motors рече дека зголемувањето на цените на сертификатите е очекувано бидејќи побарувачката исто така се зголемила.

– Секогаш кога нудиме луксузни автомобили, клиентите се редат пред продавницата, изјави Чанг.

Иако е мал, Сингапур редовно се рангира меѓу земјите со најголем број милионери во светот. За обичните граѓани, со просечна плата од околу 48.600 евра годишно, купувањето сертификат е луксуз. Владата сака да ги охрабри жителите да користат јавен превоз, кој е оценет како еден од најдобрите во светот.

Минатата година во железничката мрежа на Сингапур биле инвестирани околу 40 милијарди евра, а градот-држава со 5,5 милиони жители имал нешто помалку од милион патнички вагони на патиштата. Бројот на нови сертификати зависи од тоа колку постари автомобили се отстранети од оптек.

Напаѓачот на Фицо призна вина

Осомничениот за нападот врз словенечкиот премиер Јурај Цинтула денеска пред Специјализираниот кривичен суд во градот Пежинок призна вина.

Цинтула беше спроведен под силно полициско обезбедување, а ниту на новинарите им беше дозволен влез во Судот.

Обвинителството вчера побара притвор за 71-годишниот Цинтула поради евентуално бегство или повторување на кривичното дело.

Премиерот на Словачка, Роберт Фицо на 15 мај беше застрелан во градот Хандалова додека се поздравуваше со насобраниот народ. Цинтула веднаш по нападот е приведен. Тој се соочува со обвинение за обид за убиство од одмазда, за што е предвидена казна од 25 години до доживотен затвор.

Словачките политичари изјавија дека нападот врз Фицо не е политички мотивиран.

Цинтула наводно учествувал во неколку антивладини протести, а бил против прекинот на помошта за Украина и на ликвидацијата на словачките медиуми.

Состојбата на премиерот Фицо и понатаму е сериозна. /МИА

Уметничка акција за проблемот со јавните тоалети во Скопје

Уметникот Озбек Ајваз кај фонтаната во Градскиот парк во Скопје, го претстави неговото последно дело во соработка со архитектката Натали Велеска, кое е дел од проектот за проблемот со јавните тоалети во градот.

Со последната акција, прикажаа предлог решение, во вид на макета. Тоалетот би бил изведен од метална контрукција, обложен со дрвени панели, неговите димензии би биле минимални, за да биде поекономичен за масивно производство и за понатамошно одржување.

Екстериерот на тоалетот би имал зелени ѕидови со вертикално поставени растенија, кои би служеле како разубавување на градот и истите би се наводнувале преку поставениот дождовник од кровот на тоалетот.

од страната на макетата има прикажано мапа на Градот Скопје, со означени локации каде би биле идеалните места во градот каде што се најнеопходни највеќе тоалети за главниот град и општините. За овој проблем граѓаните постојано алармираат, но засега решение нема.

Како да се стави крај на врсничкото насилство кај младите?

Со свирчиња во рака децата и родителите денеска во Градскиот парк во Скопје го „кренаа гласот“ против врсничкото насилство.

На отворениот настан во рамки на кампањата на Макпетрол за спречување на врсничкото насилство присутните родители, баби и дедовци порачаа дека врсничкото насилство може да се спречи само со поголема едукација. Велат се започнува од домашното воспитување, но клучни во борбата против насилството се институциите како училиштата и градинките од кои бараат поголема ангажираност на оваа тема.

- Малце да се елиминира пристап до интернет на рана возраст и само муабет дома, правилно воспитување се решава. Децата се повеќе време таму во школо, во градинка така да многу влијае и тоа какви воспитувачи и учители имаат.

- Едукација, школи, семинари, едукација пред се.

- Мислам дека најмногу образовниот систем треба да работи на тоа, психолозите во школите, педагозите и ние од дома да ги советуваме да не прават такви работи.

На отворениот настан присутните се забавуваа со повеќе музички, сценски интерпертации и интерактивни содржини. Актерот Сашко Коцев на најмладите им порача доколку се соочуваат со насилство да се охрабрат и тоа да го споделат со родителите, наставниците, педагозите..

- Јас една едноставна и ведра порака што ја испратив е се ставив јас кога сум бил да кажеме жртва, едноставно која била мојата позадина да не соопштам на никого. Тоа е еден срам дека ќе испаднеш послаб па ќе кажат „еј тужакаш“ или ми било страв дека тие што те малтретираат ако кажеш ќе станат уште полоши. Само тоа сакав да ги охрабрам дека треба да кажат децата.- Сашко Коцев – актер

Врсничкото насилство или булингот се јавува во повеќе форми: физички, вербален, социјален а во поново време и сајбер булинг. Токму изминатиов период имаше најмалку два случаи на физички пресметки меѓу малолетници, кои беа снимени со телефон, од кој за еден сеуште се чека судска пресуда. Психолозите реагираат дека системското решение е во целокупниот образовен процес, но и во домот од каде децата учат од родителот како да се соочуваат со емотивно тешки состојби.

притисни ентер