Синер поради воспалени крајници нема да настапи на Олимпијадата, Ѓоковиќ прв носител

Првиот светски рекет Италијанецот,  Јаник Синер нема да настапи на Олимписките игри во Париз.

Синер откри дека последните неколку дена не се чувствувал добро и дека има висока температура и воспалени крајници.

- Со тага ве информирам дека нема да можам да настапам на Олимписките игри во Париз. По многу добар тренинг на земјена подлога, почнав да се чувствувам лошо. Одморив неколку дена и при посета на лекар ми беше дијагностициран тонзилитис. Тој ме советуваше да не го играм турнирот. Пропуштањето на Игрите е големо разочарување бидејќи тоа беше една од моите главни цели оваа сезона. Едвај чекав да ја претставам мојата земја на овој голем настан. Среќно на сите италијански натпреварувачи за кои ќе навивам од дома. Форца Италија – изјави Синер.

По откажувањето на Синер, најтрофејниот светски тенисер во историјата, Србинот Новак Ѓоковиќ ќе биде прв носител на Олимпијадата.

Нетанјаху потврди: Израел се согласи на примирје со Хезболах

Израелската Влада вечерва на владина седница официјално ќе изгласа примирје со исламистичката група Хезболах со која е во војна повеќе од една година, потврди израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Во обраќање до јавноста тој рече дека ова не е крај на војната, додавајќи дека нема крај на војната додека сите Израелци кои избегаа поради ракетните напади на Хезболах во изминатата година не се вратат во своите домови на северот на земјата. Тој исто така рече дека Израел сега ќе се фокусира на заканата што ја претставува Иран.

Нетанјаху го почна својот говор обраќајќи им се на жителите бегалци од северен Израел, велејќи дека е горд на нивната истрајност и издржливост. Тој рече дека благодарение на храброста на израелските одбранбени сили се постигнати големи успеси. Според него, акцијата на ИДФ ја одразува моќта на Израел на Блискиот Исток.

- Во Либан, Хезболах повеќе не е истиот, рече Нетанјаху, додавајќи дека израелската војска убила високи команданти и Насрала, поранешниот лидер на Хезболах.

Израел, исто така, уништи инфраструктура на Хезболах и „нападна клучни цели“, додаде тој. Нетанјаху истакна дека ги „гледа сите седум фронтови“ и „пошироката, поголема слика“ и оти е „решен да му донесе победа на Израел“.

Работник, кого го фатиле како спие на работно место со судска одлука доби 46.000 евра отштета

Човекот, идентификуван како Џанг, менаџер на оддел во хемиска компанија во Тајксинг, југоисточна Кина, „заработил“ 46.000 евра откако бил фатен како спие на работното место претходно оваа година.

Неговата возраст не е откриена, но се знае дека е фатен од надзорната камера како дреме на своето биро околу еден час. Две недели подоцна добил отказ, јавува СКМП.

Одделот за човечки ресурси на хемиската компанија објави дека Џанг е „снимен како спие на работа поради исцрпеност“, а документот го потпишал отпуштениот вработен.

„Во компанијата влеговте во 2004 година и потпишавте договор за вработување на неопределено време. Сепак, вашето однесување претставува сериозно кршење на дисциплинската политика. Според тоа, со согласност на синдикатот, компанијата одлучи да ви го прекине работниот однос“, се наведува во известувањето.

Меѓутоа, работникот сметал дека е неправедно отпуштен, па поднел тужба. Тврдел дека заспал од исцрпеност, бидејќи „службеното патување се одолговлекувало доцна во ноќта“.

На негова страна застанал и Народниот суд кој раскинувањето на договорот го оценил како „претерано и неразумно“.

„Иако работодавачите имаат право да ги раскинат договорите поради прекршување на прописите, таквите раскинувања мора да бидат во согласност со конкретни услови, вклучително и нанесување значителна загуба. „Спиењето на работното место беше првиот прекршок и не доведе до сериозна штета на компанијата“, објасни судијата Ју Ки.

Згора на тоа, со оглед на 20-годишниот стаж на Џанг во компанијата, кој се карактеризирал со извонредни перформанси, унапредувања и зголемувања на платите, било наредено да му бидат исплатени 350.000 јуани (околу 46.000 евра) како компензација.

Рамос ја продолжува кариерата во Премиер Лигата

Серхио Рамос половина година е без клуб.

Откако летово му истече договорот со Севиља, Шпанецот сега, по разните гласини кои го преселија во Саудиска Арабија, МЛС и извесно време во Реал Мадрид, конечно е на пат да најде нова работа.

Според пишувањата на англиските и некои шпански медиуми, Рамос наскоро би можел да се пресели во Њукасл. „Страчките“ наводно му нудат плата од 10 милиони евра за година и пол договор. Со ова Њукасл ќе се обиде да ја засили одбраната која очигледно не е на потребното ниво оваа сезона.

Њукасл моментално е десеттиот тим во англискиот шампионат, а познато е дека сезонава сака да избори пласман во Европа. Преговорите меѓу клубот и Рамос се во тек, а неговиот потпис наводно е само формалност.

Рамос е без клуб од летото откако му истече договорот со Севиља. Се споменуваше интересот на Бока Јуниорс, но сега Шпанците наведуваат дека легендарниот дефанзивец со задоволство би се вратил да му помогне на Реал. Флорентино Перез му испрати експресно одбивање.

Како што објави шпанскиот новинар Серхио Лопез пред десетина дена, Реал решил да не го доведе Рамос, но сигурно ќе донесе стопер во јануарскиот преоден рок за да ја пополни дупката создадена по повредата на Бразилецот. Раководството на клубот го намали изборот на три имиња: Ајмерик Лапорте од Ал Наср, Кастело Лукеба од РБ Лајпциг и Џонатан Таха од Баер Леверкузен.

Рамос е легенда на Реал Мадрид и на шпанската репрезентација. Освои сѐ што можеше да се освои во неговата клупска и репрезентативна кариера. За Реал одигра 671 натпревар. Постигна 101 гол и забележа 40 асистенции. За родната Севиља постигна десет гола на 87 натпревари, а за ПСЖ шест гола на 58 натпревари. За шпанската репрезентација постигна 23 гола на 180 настапи, а со години беше капитен на Реал.

притисни ентер