Синдромот нервозни црева почесто ги погодува жените од мажите, а може да ги активира оваа храна

Најчесто гастроинтестинално заболување е синдромот на иритабилно дебело црево или народски кажано, „нервозни црева“.

Најчеста причина за ова заболување се стресот или напнатоста, иако пациентите најчесто првите симптоми ги поврзуваат со труење или алергија на одредена храна.

Оваа болест почесто ги погодува жените отколку мажите, а знаците на болеста кај половина од пациентите се појавуваат пред 35-тата година од животот.

Симптоми на нервозно дебело црево

Според гастроентерологот д-р Едвард Парендез, синдромот на иритабилно дебело црево е многу честа болест која влијае на квалитетот на животот на пациентот, но може да укажува и на други многу сериозни болести.

Оваа болест се манифестира како стомачна болка поради нарушено празнење на цревата. Тоа е нарушување во функционирањето на цревата или дебелото црево, кога нервите и мускулите стануваат многу почувствителни од нормално.

Како што објаснуваат лекарите, оваа состојба не е иста како воспалителна болест на цревата, која е многу посериозна и вклучува Кронова болест и улцеративен колитис.

Симптоми на нервозно дебело црево се: болки во стомакот, грчеви, гасови, надуеност, оток на стомакот, промени во функцијата на цревата - дијареа или запек, слуз во столицата.

Како што објасни д-р Едвард, доколку имате некој од овие симптоми подолго време, контактирајте го вашиот лекар.

- Доколку забележите крв во столицата или имате температура покрај другите симптоми, веднаш побарајте го вашиот лекар. Ова може да бидат знаци за посериозен проблем кој бара итна реакција – рече тој.

За овие пациенти е типично симптомите да се интензивираат во стресни ситуации. Нападот е проследен со чувство на слабост и гадење, бледило, но не и повраќање. Дијагнозата ја поставува лекар кој проценува дали треба да се направат дополнителни тестови.

Покрај стресот, храната, но и големината на оброкот се најчестите предизвикувачи на оваа болест.

- Големите оброци можат да предизвикаат посилни симптоми бидејќи цревата се мачат да сварат поголема количина на храна. Затоа на пациентите им се советува да имаат почести и помали оброци - додава д-р Едвард.

Исто така, одреден вид на храна може да биде причина за нервозни црева. Најчестите предизвикувачи се: млеко, млечни производи, особено сирење, сладолед, кофеин, газирани пијалоци, чоколадо, алкохол, масна и зачинета храна.

Не постои посебна терапија за раздразливи црева, најдобро е да се воведат промени во исхраната и да се избегнуваат стресни ситуации.

- Во зависност од симптомите, лекарот може да предложи терапија со лаксативи кои можат да го ублажат запекот или антиспазмодични лекови кои можат да ги забават цревните контракции за да се спречат дијареата и спазмите. Честопати, комбинацијата на третмани најдобро функционира за ублажување на симптомите - заклучил д-р Едвард Парендез за порталот Скрипс.

Сообраќаен хаос во Клиничкиот центар во Скопје

Вакво е секојдневието во клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.

Колони возила, свирежи и нервозни граѓани. Огромниот сообраќаен хаос за влез во клиниките е најизразен во утринските часови.

Ова е проблем со кој се соочуваат граѓаните години наназад и движењето низ клиниките е исклучително отежнато.

-И покрај тоа што во Клиничкиот центар има паркинг, се чини дека тој не е доволен да ги собере сите возила. Дел од нив се паркираат и на лентата за возилата за Брза Помош.

А токму несоодветно паркираните возила дополнително го заглавуваат сообраќајот низ клиничкиот центар.

Луѓето што ги анкетиравме се разочарани за целиот сообраќаен хаос што се случува во клиничкиот центар. Велат – ем плаќаат паркинг, ем губат време, ем не завршуваат работа.

Клиничкиот центар во Скопје располага со над 900 места за паркинг, а нови 600 предвидува новиот детален урбанистички план кој во февруари годинава го донесе Општина Центар. Сепак, и ова е мала бројка бидејќи според провен ките дневно во Клинички влегувата околу 5000 возила.

Иако низ годините помпезно од речиси сите министри беа најавувани брзи решенија за надминување на хаосот на Клинички, досега ништо од ветеното не е реализирано.

Државјанин на Македонија со „богато“ криминално досие во Грција, уапсен за кражба

Државјанин на Македонија со „богато“ криминално досие во Грција, уапсен за кражба во дом на Пелопонез

Државјанин на Македонија, кој издржувал затворска казна, но по добиената неколкудневна дозвола за излез пред три месеци, не се вратил во затвор, уапсен е во централниот дел на Пелопонез по извршена кражба во дом заедно со уште едно лице, јави дописничката на МИА од Атина.

Станува збор за 45-годишен маж со „богато“ криминално досие во Грција, а во грчките медиуми и во минатото се споменуваше, но и сега дека учествувал во киднапирањето на бродосопственикот Периклис Панагопулос, во јануари 2009 година.

Како што соопштија од грчката полиција, двајцата, сега веќе уапсени странски државјани, вчера наутро насилно влегле во дом во општина Триполи на Пелопонез, под закана со оружје (реплика) и нож и со употреба на сила нападнале три лица, ги врзале, одзеле поголем износ на пари и накит, а потоа побегнале.

Едниот веднаш бил уапсен, додека пак другиот успеал да побегне, но по организираната акција на полицијата бил пронајден во планинско подрачје.

Двајцата се товарат за учество во криминална организација, кражба, фалсификување, фалсификување потврди, за прекршување на законската регулатива за поседување оружје, додека пак 45-годишниот е обвинет и за бегство од затвор.

Уапсените се превезувале со изнајмен автомобил на кој му ставиле украдени регистарски таблици, а при претресот на возилото било откриено оружјето, како и фалсификувани лична карта и возачка дозвола изадени во Хрватска.

Кај двајцата биле пронајдени и украдените пари и накитот.

-Како што беше констатирано, уапсениот 45-годишен маж од 25 јануари 2024 година ги прекршил условите за дозволата за излез што му беше доделена од Управата за затворот, соопштија од грчката полиција.

Според информациите на дописничката на МИА од Атина, едниот уапсен е Албанец, а другиот, 45-годишниот е државјанин на Македонија, кој издржува затворска казна за кражби на банки во Грција, извршени пред над десет години, а неговото име се споменува и во киднапирањето на грчки бродосопственик пред 15 години.

Најмалку 31 загинат и 20 ранети во израелскиот напад врз бегалскиот камп Нусеират

Во израелскиот воздушен напад врз бегалскиот камп Нусеират во централниот дел на Појасот Газа загинаа најмалку 31 лице, а 20 се ранети, соопштија денеска болницата Ал Акса и очевидци. 

Во соопштението на Цивилната одбрана се вели дека „тимовите на цивилната одбрана пронашле 31 мртво лице и 20 ранети лица во куќа на семејството Хасан кое било цел на израелските окупаторски сили во кампот Нусејрат“, додавајќи дека потрагата по исчезнатите продолжува.

Очевидци изјавија дека нападот бил извршен околу 3 часот по локално време. Израелската војска соопшти дека го проверува извештајот.

Официјалната палестинска новинска агенција објави дека меѓу ранетите има неколку деца и дека спасувачките екипи трагаат по затрупаните луѓе во урнатините.

Израелската војска вели дека спроведува само целни операции. /МИА

притисни ентер