Синдикатот за култура тврди дека мартовски плати неместо 12 ќе им бидат зголемени за 2 отсто

​Синдикатот на вработените во култура најави протести и поднесување на кривични пријави.

причина Наместо зголемување за 12%, тврдат дека ќе добијат само 2% согласно мартовските плати. Ја повикаа Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска да достави законски упатства за пресметка на платите…

-Нема да земеме 12 проценти за месец март реално е само два проценти покачување. Иако според сите закони од правната држава ни следуваат 10% проценти од општиот колективен договор и покачувањето од растот на минималната плата според колективниот договор за култура. Ова го знае министерката и сите кои стојат зад овие сценарија, ако пројде пројде. Сакаат преклопување на две засебни права од работен однос.- Вера Атанасовска – претседателка на Синдикат на културни работници

Од друга страна Минисерката Костадиновска-Стојчевска повика да не се шират шпелукации, објаснувајки дека единствената компонента која била променета во диспозитивот на решението била минимапната плата, согласно зголемувањето на минималецот во март. Таа кажа дека при изработката на решението биле консултирани сите релевантни институции и чинители, при што никој не укажал на проблем со пресметката на платите.

- Нема промена во општиот колективен договор, нема промена во колектиниот договор на синдикатот за култура на РМ . Единствената промена е што во диспозитивот е минималната плата. На почетокот на самото решение стои дека законот за минимална плата во врска со член 14 став 1 од општиот колективен договор за јавен сектор. - Бисера Костадиновска-Стојчевска,

За истата ситуација од Синдикатот на културата реагираа и минатата година, но Костадиновска-Стојчевска уверува дека во период од 4 години заклучно со последното покачување на мартовските плати, примањата на културните работници се зголемиле за 52%.

Уметничка акција за проблемот со јавните тоалети во Скопје

Уметникот Озбек Ајваз кај фонтаната во Градскиот парк во Скопје, го претстави неговото последно дело во соработка со архитектката Натали Велеска, кое е дел од проектот за проблемот со јавните тоалети во градот.

Со последната акција, прикажаа предлог решение, во вид на макета. Тоалетот би бил изведен од метална контрукција, обложен со дрвени панели, неговите димензии би биле минимални, за да биде поекономичен за масивно производство и за понатамошно одржување.

Екстериерот на тоалетот би имал зелени ѕидови со вертикално поставени растенија, кои би служеле како разубавување на градот и истите би се наводнувале преку поставениот дождовник од кровот на тоалетот.

од страната на макетата има прикажано мапа на Градот Скопје, со означени локации каде би биле идеалните места во градот каде што се најнеопходни највеќе тоалети за главниот град и општините. За овој проблем граѓаните постојано алармираат, но засега решение нема.

Како да се стави крај на врсничкото насилство кај младите?

Со свирчиња во рака децата и родителите денеска во Градскиот парк во Скопје го „кренаа гласот“ против врсничкото насилство.

На отворениот настан во рамки на кампањата на Макпетрол за спречување на врсничкото насилство присутните родители, баби и дедовци порачаа дека врсничкото насилство може да се спречи само со поголема едукација. Велат се започнува од домашното воспитување, но клучни во борбата против насилството се институциите како училиштата и градинките од кои бараат поголема ангажираност на оваа тема.

- Малце да се елиминира пристап до интернет на рана возраст и само муабет дома, правилно воспитување се решава. Децата се повеќе време таму во школо, во градинка така да многу влијае и тоа какви воспитувачи и учители имаат.

- Едукација, школи, семинари, едукација пред се.

- Мислам дека најмногу образовниот систем треба да работи на тоа, психолозите во школите, педагозите и ние од дома да ги советуваме да не прават такви работи.

На отворениот настан присутните се забавуваа со повеќе музички, сценски интерпертации и интерактивни содржини. Актерот Сашко Коцев на најмладите им порача доколку се соочуваат со насилство да се охрабрат и тоа да го споделат со родителите, наставниците, педагозите..

- Јас една едноставна и ведра порака што ја испратив е се ставив јас кога сум бил да кажеме жртва, едноставно која била мојата позадина да не соопштам на никого. Тоа е еден срам дека ќе испаднеш послаб па ќе кажат „еј тужакаш“ или ми било страв дека тие што те малтретираат ако кажеш ќе станат уште полоши. Само тоа сакав да ги охрабрам дека треба да кажат децата.- Сашко Коцев – актер

Врсничкото насилство или булингот се јавува во повеќе форми: физички, вербален, социјален а во поново време и сајбер булинг. Токму изминатиов период имаше најмалку два случаи на физички пресметки меѓу малолетници, кои беа снимени со телефон, од кој за еден сеуште се чека судска пресуда. Психолозите реагираат дека системското решение е во целокупниот образовен процес, но и во домот од каде децата учат од родителот како да се соочуваат со емотивно тешки состојби.

Повторно „никна“ импровизиран забавен парк кај салата Борис Трајковски

​Поставените реквизити за забава и адреналин на празниот простор пред спортската сала Борис Трајковски се без соодветна документација и дозвола која гарантира безбедност за посетитлите, соопшти Град Скопје. 

Градот извршил надзор и превземал мерки да го казни правното лице, но според градот правното лице Дизниленд Реквизити продолжиле да работат насилно.

Денеска се распоредуваа и се монтираа и останатите реквизити. Сопственикот на Дизниленд Реквизити за Канал 5 објасни дека тој се обратил до Град Скопје и општина Карпош но оттаму писмено му одговориле дека не се надележни за дозвола и сега не му е јасно зошто овие реакции од страна на Град Скопје. Од Дизниленд Реквизити велат дека ги имаат сите потребни гаранции и потребни тестови за поставување на опремата и исто така правен договор со приватното лице на земјиштето дека овој простор ќе го користат еден месец.

Од Град Скопје објаснуваат дека ги повикуваат сите надлежни институции да реагираат и да постапат во најкус рок зошто станувало збор за самоволие и дека е ставено во прашање безбедноста на децата. Од фирмата Дизниленд Реквизити пак најавија дека со адвокатите ќе бараат да се реши нивниот проблем со град Скопје.

притисни ентер