Сиљановска-Давкова отповика седум амбасадори

Претседателката Гордана Силјановска Давкова отповика седум амбасадори. Указите за отповикување се објавени во последниот број на Службен весник од 11 ноември. Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Светската банка ја зголеми прогнозата за економскиот раст на Кина во 2024 година на 4,9 отсто

Светската банка денеска ја зголеми својата прогноза за економскиот раст на Кина на 4,9 отсто во 2024 година и 4,5 отсто во 2025 година.

Светската банка денеска ја зголеми својата прогноза за економскиот раст на Кина на 4,9 отсто во 2024 година и 4,5 отсто во 2025 година, но предупреди дека пониската доверба на домаќинствата и бизнисите, заедно со тешкотиите во секторот на недвижности, ќе продолжат да претставуваат проблем за економијата.

Во претходната јунска прогноза, Светска банка очекуваше кинеската економија да порасне за 4,8 отсто во 2024 година и за 4,1 отсто во 2025 година, но сега ја ревидираше проценката поради силата на кинескиот извоз и неодамнешните мерки на владата во Пекинг за стимулираат потрошувачка, пренесува CNN.

„Справувањето со предизвиците во секторот за имот, зајакнувањето на мрежите за социјална заштита и подобрувањето на финансиите на локалната самоуправа ќе биде од суштинско значење за одржливо закрепнување“, рече директорката на Светската банка за Кина, Мара Ворвик.

Според неа, властите во Пекинг треба да ја урамнотежат краткорочната поддршка за економскиот раст со долгорочните структурни реформи.

Официјалната цел на Кина за оваа година е економски раст од „околу пет проценти“, а Владата во Пекинг е уверена дека тој ќе биде остварен.

Вработен во Финансиска полиција осомничен во случајот „Државна лотарија“

Директорот на Управата за финансиска полиција, Слободан Ивановски, за МИА потврди дека има лице од институцијата поврзано со случајот „Државна лотарија“ кое треба да биде спроведено во обвинителство.

На прашање дали има сознанија во врска со изјавата на министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочовска, која на денешната собраниска седница кажа дека поради злоупотреба на буџет е уапсено лице од Управата за финансиска полиција, Ивановски одговори потврдно.

-Да, точно е, има лице од Финансиската полиција поврзано со случајот „Државна лотарија“. Да почекаме да го однесат во обвинителство па ќе споделиме повеќе информации, рече директорот.

МИА се обрати и до Минстерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство, од каде ни посочија дека ќе ги проверат наводите и потоа ќе информираат.

Помеѓу осомничените во случајот со Државна лотарија се и поранешниот вицепремиер, Артан Груби и ексдиректорот на Лотарија, Перпарим Бајрами, кои се во бегство.

За двајца од осомничените во случајот постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Проневера во службата, а за уште четири лица е поведена постапка за кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување.

Почна пријавувањето за Скопскиот маратон 2025

Повторно ќе има четири трки: маратон, полумаратон, трка на 5 километри и штафетен маратон.

Пријавувањето за 21. издание на Виз Ер Скопски Маратон, кое ќе се одржи на 5 октомври, 2025 година почна денес. Заинтересираните можат да се пријават преку официјалната веб-страница на маратонот на линкот http://skopskimaraton.com.mk.

Повторно ќе има четири трки: маратон, полумаратон, трка на 5 километри и штафетен маратон.

Првиот рок за пријавување по најповолна цена е до 10 февруари, 2025 година. Последниот рок за пријавување е до 19 септември, 2025, а сите учесници кои ќе се пријават до 29 август 2025 ќе добијат маица со логото на трката во својот стартен пакет.

Сите учесници кои ќе ја стартуваат трката на 5 октомври ќе добијат вредносен ваучер од 20 евра од генералниот спонзор на маратонот „Wizz Air“.

притисни ентер