Сијарто: Грузиски сон постигна убедлива победа и покрај обидите за мешање во изборите

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто и честиташе на грузиската владејачка партија Грузиски сон за победата на парламентарните избори, велејќи дека партијата постигнала победа и покрај обидите за мешање.

- И покрај обидите за мешање, народот на Грузија ја изрази својата волја, а патриотската и просемејната владејачка партија постигна убедлива победа на парламентарните избори во земјата, рече тој по објавувањето на резултатите од вчерашните избори.

Сијарто посочи дека Унгарија, за време на остатокот од претседавањето со ЕУ, но и по завршувањето на мандатот во јануари, ќе продолжи да му дава поддршка на Тбилиси на патот кон евроинтеграциите./МИА

Избори во Бугарија: Борисов прогласи победа

Дефинитивна е победата на ГЕРБ-СДС, се обврзавме да формираме влада, изјави лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов на прес-конференција што ја одржаа во седиштето на партијата.

Борисов им се заблагодари на сите негови колеги и на сите Бугари кои го подигнаа одѕивот на гласачите.

„Можеме да прифатиме многу компромиси, но не можеме да го замениме гласот на народот, изјави лидерот на ГЕРБ.

Тој нагласи дека нивната програма ќе биде основна за сите што сакаат да бидат во влада, но нема да се борат со невозможното, бидејќи некои од партиите уште вечерва започнале да им поставуваат услови, рече Бојко Борисов.

„Собранието е математика, бројот на партии е од големо значење. Ако влезат сите партии во влада, нема да има влада“, предупреди Борисов.

Резултатите се следи:

ГЕРБ-СДС – 25%

ПП-ДБ – 14,2%

„Преродба“ – 14%

„ДПС – Нов почеток“ – 10,3%

Алијанса за права и слободи – 8,6%

„БСП – Обединета левица“ – 8,1 отсто

„Има таков народ“ – 6,9%

МЕЧ – 4,8%

Северина и нејзиниот син биле на натпревар во Шпанија, ги поканил Лука Модриќ

Северина и нејзиниот син Александар присуствуваа на натпреварот помеѓу Барселона и Реал Мадрид на стадионот „Сантијаго Бернабеу“

Таа објави неколку фотографии на Инстаграм, а вниманието го привлече капата што ја носеше на стадионот. Северина и Александар на мечот ги повика Лука Модриќ, кому пејачката во најавата му се заблагодари.

„Севе, не навиваше добро“, „Значи ти си причината за маките на Реал“, се пошегуваа следбениците во коментарите.

„Среќен сум што сте со синот, прекрасни сте и двајцата“, „Твојот син е твоја копија, ти си прекрасна“, пишуваа други.

Барселона го декласираше Реал

Потсетуваме, во Ел Класико кое се одигра во рамките на 11. коло во Ла Лига, Барселона на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ го декласира Реал Мадрид со 4:0. Со оваа победа избраниците на Ханси Флик им побегнаа на тимот на Карло Анчелоти на шест бода предност на врвот на табелата во шпанското првенство.

Сите четири гола Барселона ги постигна во вториот дел. Најпрво Роберт Левандовски ги шокираше играчите на Реал со два брзи гола, а ги докрајчија Ламине Јамал, кој стана најмладиот стрелец во историјата на Ел Класико и Рафин. За Реал од 63. минута играше и Лука Модриќ.

Извор: Б92

Најмалку 16 повредени откако автомобил удри во толпа во Мексико

Најмалку 16 лица се повредени кога автомобил вечерва удри во толпа пред катедрала во Мексико, соопштија локалните власти.

Едно лице украло пикап во близина на локалниот пазар и се упатило кон плоштадот пред катедралата во Гвадалахара во обид да избега.

Мануел Ромо, генералниот секретар на владата, за локалните медиуми изјави дека повредените имаат 14 години. Тој рече дека осомничениот е во притвор.

- За среќа, сите се стабилни и ги контактиравме сите семејства, рече Вероника Делгадило, градоначалничка на Гвадалахара./МИА

притисни ентер